Author: Ана Василевска

Американскиот претседател Џо Бајден ќе го посети Израел во среда за да слушне за неговите планови за копнена офанзива против милитантите на Хамас во Газа. Бајден, исто така, ќе разговара за тоа како Израел ќе ги спроведе своите операции на начин што ќе ги „минимизира цивилните жртви“, велат официјални лица во САД Претседателските патувања обично траат со месеци за да се подготват – и само ретко посетуваат земја во војна за да се обидат да го обликуваат однесувањето на конфликтот. Пред сè, тоа ќе биде огромна демонстрација на она што американскиот државен секретар Антони Блинкен го нарече солидарност на Америка…

Read More

Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите, од кои најголем дел на јужната граница со Грција, односно годинава бележиме тренд на намалување за речиси 50 отсто на обидите за илегални преминувања во однос на минатата година, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник „Neue OZ“. Спасовски, како што соопшти МВР, на прашањето за моменталната состојба со илегалната миграција, одговори дека денес бројките се многу помали, но Северна Македонија останува важна земја на транзит кон земјите-членки на ЕУ. – Моменталната состојба на нашите граници не е споредлива со ситуацијата во 2015/16 година. Во…

Read More

Веројатната новата влада сигурно ќе означи промена од популистичката и националистичката политика на ПиС, во која беа забележани осум години проблематични односи со Брисел, како и области на уназадување кога станува збор за независноста на судството и слободата на медиумите. Многу е веројатно дека ќе има промена на власта во Полска по гласањето во неделата на кое беше забележан најголем одѕив во постсоветската историја на земјата. Владејачката партија Право и правда (ПиС) можеби излезе на врвот кога станува збор за добиените гласови, но Граѓанската коалиција, предводена од поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, се чини дека ќе има вкупно…

Read More

Мажот осомничен за синоќешното убиство на двајца шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и пронајдено е автоматското оружје со кое е извршен нападот, соопшти претпладнево белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден. – Имаме добра вест дека го најдовме лицето, изјави Верлинден за радиото ВРТ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, локални медиуми објавија дека напаѓачот им подлегнал на здобиените повреди на пат кон болница, но засега нема официјакна потврда на оваа информација. Градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, пак, за телевизијата БФМ изјави дека „се чини оти осомничениот навистина е неутрализиран“. Според медиумските информации, осомничениот, 45-годишниот…

Read More

Реафирмирана силната поддршка од Германија за реализација на следниот чекор на зацртаниот пат кон пристапувањето во ЕУ – носењето на значајните одлуки кои ги имаме пред нас, била истакната на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц синоќа во рамки на неговото учество на Самитот на лидери на Берлински процес, што се одржува во Тирана, Албанија. Како што соопшти владината прес – служба, на средбата што се одржа по завршувањето на вчерашните работни сесии на Самитот, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ се разговараше за европската перспектива на Северна Македонија…

Read More

Фактот што толку многу луѓе во светот немаат храна е срам за човештвото, рече папата Франциско на Светскиот ден на храната што се одбележува денеска, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. -Фактот што толку многу луѓе немаат пристап до храна, вода и други основни потреби е навреда на нивното од Бога дадено достоинство, навреда што треба да го срами целото човештво и да ја мобилизира глобалната заедница на #Светскиот ден на храната (#WirldFoodDay), изјави папата на социјалната мрежа Х.

Read More

Украина повика Русија да биде исклучена од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), предупредувајќи дека организацијата ќе се соочи со „бавна смрт“ доколку Москва остане членка, ОБСЕ е основан за да ги намали тензиите меѓу Истокот и Западот за време на Студената војна и им помага на своите членови да се координираат за прашања како човековите права и контролата на оружјето. „Се што прави Русија во ОБСЕ во денешно време ја убива оваа организација“, рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на прес-конференција на која присуствуваше и претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна…

Read More

Претседателот на Совет на Европа, Шарл Мишел, во обраќањето на Самитот на Берлискиот процес, што с еодржува во Тирана, поконкретно се задржа неговиот прелог даден на самитот во Блед околу проширувањето на ЕУ во следните две децении. Тојк кажа дека е дојдено време ова ветување да се одржи и ги увери лидерите дека нема да чекаат толку долго и дека нема да бидат разочарани. -Проширувањето е инвестиција во мирот и просперитетот и на ЕУ и на нашите идни членки. Оваа можност ја промовира нашата соработка со земјите од Западен Балкан. Вашето патување започна пред 20 години, но сепак беше бавно,…

Read More

Поранешната украинска амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњук во објава на Фејсбук искажа задоволство од средба со Џабир Дерала во Украина. „Зад сцената на посетата на Украина на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи. Задоволство ми беше да се сретнам со големиот пријател на Украина, професионалец, прекрасна личност, Џабир Дерала. Џабир Дерала неодамна беше награден со Државна награда за заслуги на Украина“, пишува Задорожњук. Дерала утрово, на пат до Кијив имаше ексклузивно интервју со Бујар Османи во кое министерот и претседавач на ОБСЕ, истакна дека Украина останува во фокусот на вниманието и нагласи „Украина беше топ приоритет на…

Read More

Британскиот весник „Гардијан“ го отпушти својот карикатурист Стив Бел по повеќе од 40 години работа поради „антисемитска карикатура“ на Бенјамин Нетанјаху. Бел изјавил дека весникот „Гардијан“ го отпуштил поради карикатура за која е оценета дека е антисемитска, пренесува Н1. „Ми беше кажано дека повеќе не се подготвени да ја објавуваат мојата работа по карикатурата на Бенјамин Нетанјаху“, изјави Бел за британските медиуми. На карикатурата се гледа како Нетанјаху носи боксерски ракавици и држи скалпел над својот голи стомак додека прави засек во форма на Газа, со натпис: „Жители на Газа, излезете веднаш“.

Read More

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска остварил средба со претставници на Атлантскиот совет, непартиски тинк-тенк за надворешна политика со седиште во Вашингтон, која преку нејзиниот Европски центар, е посветена на одржување на Западен Балкан цврсто усогласен на евроатланскиот пат. На средбата на вицепремиерот Битиќи со Лиса Хомел, помошник-директор на Атлантскиот совет за Европа и Рејчел Ризо, дел од проектот „Дигитален Западен Балкан“, се дискутирало за потенцијалот на дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан, како и за моменталниот статус на дигитализацијата во Република Северна…

Read More

Поранешниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет ги оцени како неуспешни напорите на меѓународната заедница да ја привлече Србија кон Западот, додека го критикува, според него, погрешното однесување кон Косово. Во интервју за „Еурактив“ (Euractiv.com), кое го пренесуваат медиумите во Приштина, Коснет изјави дека Србија е „очигледно влезена длабоко во прегратките на Русија и Кина“. – Мислам дека Србија е очигледно влезена длабоко во прегратките на Русија и Кина. Значи, какви и да се напорите што меѓународниците ги преземаа сите овие години за да го повлечат Белград кон Запад, сè уште не покажаа никакви резултати, рече Коснет.…

Read More