Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжува до денес. Во септември, секоја година,, настаните на ЕДКН, често наречени отворени денови на наследството, се одржуваат во земјите-членки на Европската културна конвенција, вратите се отворени за бројни споменици на културата и локалитети, овозможувајќи им на граѓаните на Европа да уживаат во бесплатни посети, да научат за нивното заедничко културно наследство, охрабрувајќи ги активно да се вклучат во заштитата и…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Рековме дека ВМРО-ДПМНЕ е војска. Рековме и тоа дека Мицкоски е генерал на таа војска. Сега, овде, нема да речеме, ама би требало да разбереме – нашите „патриотски“ интелектуалци толку многу им е драга близината на моќниците, посебно на оние „од десно“, и ако ова го разбереме, можеби би можеле да пофатиме и некоја подобра перспектива за иднината. Денес претпоставувам дека на сите тоа им е јасно. „Патриотскиот“ поет, „патриотскиот“ режисер, „патриотскиот“ писател и новинар, глумец и професор, денес е опседнат од желбата да својот „нежен“ интелектуален хабитус им го поклони на тврдата десничарска партија за сувопарна власт.…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска ги покани министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ на состанок во Кијив. Тоа ќе биде прва таква средба што ќе се одржи надвор од ЕУ. – Денеска ги повикувам министрите за надворешни работи на ЕУ во Кијив, на првиот состанок на сите 27 земји членки надвор од ЕУ. Иднината на Украина е во ЕУ, напиша Борел на Х. Тој претходно истакна дека од средбата не треба да се очекуваат одлуки, бидејќи се работи за неформален состанок, кои најчесто се посветени на подлабоки политички дискусии, а не…
Викендов, за прв пат во Скопје, се оддржa меѓународниот високо-технолошки самит „AI Tech Summit”. Темата на самитот беше истражувањето на моќта на вештачката интелигенција и новите технологии. Светски реномирани експерти за вештачка интелигенција од водечките светски комании како Microsoft, Google, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и други, беа дел од говорниците и панелисти на првото издание на „AI Tech Summit“ во Скопје.
Една недела по вооружениот напад на северот на Косово граничните премини кај Јариње и Брњак се уште се затворени, Велика Британија ќе испрати во Косово 200 дополнителни војници , на барање на НАТО. Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО РТВ21: Велика Британија испраќа 200 дополнителни војници во Косово „Обединетото Кралство најавува дека е посветено на одржување на мирот и безбедноста во регионот и поради оваа причина ќе испрати 200 војници во Косово по зголемувањето на тензиите во северниот дел на земјата. Активирањето следува по барањето…
Словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон, министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија Александар Шаленберг и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, во заедничка изјава наведуваат дека интегрирањето на Западен Балкан треба да биде геостратешки императив. Посочуваат дека сегашната геополитичка ситуација е можност и за ЕУ и за Западен Балкан да покажат поголема стратешки предвидливост, целосно да го вратат својот кредибилитет при проширувањето и да ја зајакнат меѓусебната доверба, од која некои беа изгубени со текот на годините. Во продолжение следува интегралната изјава на тројцата министри: 20 години ветување на ЕУ Во…
Министерот за правда Кренар Лога најави дека по дополнителни консултации повторно ќе го донесе Упатството за водење на матичните книги, кое Уставниот суд, вчера со мнозинство гласови го поништи, ценејќи дека одлуката е спротивна на Уставот. Во изјава за медиумите, по денешниот брифинг во Министерството за правда, Лога рече дека по вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на Упатството, верува „дека правната сигурност во државата е прекршена“. – Јас ја поздравив одлуката на Уставен суд донесена вчера и во релативно кратко време тие донесоа одлука која е спротивна со одлуката донесена од ист суд за ист Устав во 2004…
Иако ја препознаваме важноста да се разговара за реформите во Унијата и за иднината на ЕУ, сметаме дека тоа не треба да се користи како изговор за одложување на процесот на проширување на нашите партнери од Западен Балкан, со кои преговараме со години и децении. се наведува во писмото на австриската Влада упатено до високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и до министрите и државните секретари за надворешни работи и европски прашања на членките ЕУ. Повикувајќи се на декларацијата на „Пријателите на Западен Балкан“ од јуни 2023…
Вакви кино-мрежи веќе постојат во Европа, во регионот и во светот, еве сега и кај нас со ова здружување ќе се обидеме да ја вратиме изгубената публика и да создаваме нова кино-публика, но и едукацијата на филмска публика, рече Бистра Георгиева од Форум за разумни политики. Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ се потпиша меморандум меѓу седум киноприкажувачи во Македонија: Кинотека на Северна Македонија, Синема паркинг кино-Битола, 3Д Кино Битола, Центар за култура-Битола, Киноверзум Свети Николе, кино Фросина од Скопје, кино Милениум и Синеплекс, зедно со Агенцијата за филм и канцеларијата…
Битиќи: Заедничките политички интереси со САД отвораат нови потенцијали за економскиот раст и развој
Северна Македонија ја ужива целосната поддршка на САД за нејзините стратешки политики за полноправно членство на земјата во ЕУ, рече заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, за време на неговиот престој во САД, каде се сретна со високи претставници на Стејт департментот, Департментот за трговија и Департментот за финансии на САД и со претставници на Светската банка и ММФ. Битиќи посочи дека заеднички беше оценето дека европска интеграцијата не претставува само за усогласување со збир на политики, туку, како што рече, се работи и за прифаќање на иднина која ќе…
Низ цела Србија градоначалници и претседатели на општитните почнаа да поднесуваат оставки, што е во корелација со вчерашната изјава на претседателот Александар Вучиќ, дека „парламентарните, покраинските и белградските избори ќе се одржат заедно, како и во некои општини и оти тие може да се одржат на 17 декември“, јави дописникот на МИА од Белград. Како што неофицијално дознава „Политика“, иницијативата за оставки дошла од врвот на СНС, а причината се наводно претстојните избори, поради што најверојатно сите градоначалници и претседатели на општини во Србија од владејачката коалиција ќе поднесат оставки според истото сценарио. Досега, според неофицијалните информации на агенцијата Бета,…
Ана Василевска „Совршени денови“ е извесен камбек на Вендерсовиот познат опус на он д роуд филмови со внимателно избрани музики теми што „ве возат“ долго и ги меморирате во главата по изгледаните сцени. Новиот филм на филмскиот урбан маг, режисерот Вим Вендерс, насловен „Совршени денови“ беше дел од програмата на ИФФК „Браќа Манаки“, а фантастичниот кинематографер Франц Лустиг како гостин во Битола беше отворен за прашања од новинарите и за непосредна комуникација. Секако дека за Вендерс, кој е еден од култните режисери што има оставено неизбришлива трага во модерната филмска историја и претставува синеастички детерминатор на многу генерации на филмски…