Author: Ана Василевска

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби се сретна со специјалниот пратеник за трговија на Обединетото Кралство за Западен Балкан Мартин Викерс, придружуван од британскиот амбасадор Метју Лосон. Груби и Викерс разговараа за билатералните односи, економско-трговската соработка, Британската бизнис асоцијација и поддршката за регионалната стабилност и безбедност како и проектите што се реализираат вклучително и железничката пруга Скопје – Драч, Клиничкиот центар како и целосна дигитализација на Владата и владините служби. -Односите меѓу двете држави беа оценети како стабилни, вклучително и економската и комерцијалната соработка, при што Груби истакна дека Обединетото Кралство…

Read More

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Сплит изјави дека е клучно да им се објасни на европските граѓани дека проширувањето на Европската унија е во нејзин интерес, особено имајќи го предвид поопасното и понепредвидливото геополитичко опкружување. -Руската војна против Украина докажа дека постои силна потреба Европа да се прилагоди на поопасна и понепредвидлива геополитичка средина, рече таа и посочи дека „дел од таа адаптација е и проширувањето на Унијата“. На студиските денови на Европската народна партија (ЕПП) во Сплит, фон дер Лајен истакна дека е многу важно на земјите-членки и на граѓаните да им се објасни дека,…

Read More

Акад. ДРАГИ  ЃОРГИЕВ Претставувањето на денешните современи народи како вечни и непроменливи категори и актери на историската сцена, како резултат на некаква мистична и ексклузивна етногенеза која се случила пред илјадници години, ја поставува наопаку целокупната историја и ги негира динамичноста, испреплетеноста и меѓузависноста на историските процеси и идеи. Институтот за национална историја оваа година слави 75 години од своето формирање и тоа е навистина редок јубилеј за една институција во држава чие постоење започнува само неколку години поранo. Се разбира, во текот на овие 75 години, пред Институтот, а со тоа и пред македонската историографија, секогаш постоеле и постојат…

Read More

Словенија одлучи да воведе полициски контролни пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, вклучително и на границата со Хрватска. Шенгенскиот режим останува на сила, а без никаква контрола и понатаму ќе може да се минуваат поранешните гранични премини, но на територијата на Словенија ќе има полициски контролни пунктови каде полицијата ќе проверува поединечни возила. Како што јавуваат словенечките медиуми, Словенија ќе воведе полициски пунктови поради илегалната миграција по примерот на Италија. Полицијата веднаш по граничните премини треба да постави контролни пунктови каде што ќе може безбедно да запира возила и тоа во реонот на полициската станица Ново…

Read More

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА). Кон крајот на август, најпрвин беа избрани 19 играни филмови, а сега во потесниот избор се додадени уште 21 филмски остварувања, па финалната селекција содржи 40 европски филмови од вкупно 31 европска држава. Од денес, па се до 7 ноември членовите на Европската Филмска Академија ќе имаат можност да гласаат за избраните филмови, по…

Read More

Поранешната амбасадорка на Украина во Скопје, Наталија Задорожњук, преку емотивна објава на Фејсбук на македонски и украински јазик, на новинарот Џабир Дерала и министерката за одбрана Славјанка Петровска им честита за одликувањата од украинскиот претседател Володимир Зеленски и им се  заблагодари за придонесот што го даваат за борбата на Украина. „Сакам да ја споделам мојата радост со вас, моите пријатели. Многу сум ѝ благодарна на судбината што во мојот живот имаше и има професионалци на високо ниво и прекрасни луѓе – Министерката за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска и познатиот новинар Џабир Дерала“, пишува поранешната амбасадорка Задорожњук. Лесно е…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама излезе со реакција откако Србија го прогласи  27 септември за ден на жалост, за смртта на терористите, кои во неделата наутро ја нападнаа косовската полиција и  беше убиен косовскиот полицаец Африм Буњаку, пишува албанскиот медиум Топ Чанел. Тој смета дека одлуката донесена од властите на српската држава е неоправдана и неприфатлива. Според Рама, ова е најлошиот сигнал што Србија може да го даде на регионот и на евроатлантската заедница. „Официјално прогласените денови на жалост во Белград за припадниците на вооружената група, кои беа убиени од безбедносните сили на Република Косово, откако таа група го одзеде животот на…

Read More

„Европскиот ден на јазиците е ден и на македонскиот јазик како еден од европските. Јазик преку кој во европската култура, наследство и традиција се вградени делата на нашата фолклорна традиција, но и на нашиот современ македонски израз. Со македонскиот јазик со Европа ги сооделивме и ги споделуваме делата на Конески, Шопов, Јаневски, Стефановски, Бужаровска и плејада други писатели и поети“, истакнува во својата порака по повод Европскиот ден на јазиците министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Министерката за култура дополнува дека „на македонски, како еден од европските јазици, се преведени Шекспир, Кафка, Сервантес, Бодлер, Гете и останатите европски класици и современи…

Read More

Гарантираната цена, освен кај прехранбените производи, од утре ќе важи и за безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Покрај оваа одлука, денеска Владата на седница донесе одлука и за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот. Со ова се очекува намалувањето на цените да биде од 10 до 30 проценти. Одлуката за намалување на цените, како што објави попладнево премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, денеска ќе биде објавена во „Службен весник“ и од утре стапува на сила. Ковачевски смета дека има доволно време да се направи корекција на цените. -Кога се работи за зголемување на цените, тие може…

Read More

Продолжува „сапуницата“ меѓу експремиерот Никола Груевски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, овој пат со епизодата „УСБ“. Откако во претходните денови, преписките се водеа најчесто преку објави на Фејсбук, синоќа поранешниот претседател на Владата се јави од Будимпешта преку вклучување во емисија за да ја објасни својата верзија на настаните. Тој го демантираше неговиот поранешен партиски соработник Александар Николоски и му замери дека делува со „удбашки методи“. Човекот кој побегна во Будимпешта е обвинет од својата матична партика дека преку стик меморија ја доставил содржината за измени на Кривичниот законик до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Собранието, Талат…

Read More

Лидерот на главната шпанска десничарска опозициска Народна партија, Алберто Нуњез Феихо денеска го започна говорот во Парламентот како дел од процедурата за добивање поддршка за формирање влада, откако ниту една партија не освои мнозинство на изборите одржани во Шпанија во јули. Народната партија на Феихо освои најмногу пратенички места на изборите во јули, но досега не успеа да собере доволно гласови за да освои парламентарно мнозинство, иако има поддршка од екстремно десничарската партија Вокс. Дебатата ќе започне денеска, додека гласањето потребно за Феихо да освои апсолутно мнозинство ќе се одржи утре. В петок ќе се одржи уште едно гласање, на…

Read More

Во Културно информативниот центар – Скопје, вечер ќе биде промовирана збирката раскази „Систем на сетилности“ од Елизабета Костадиновска Линднер во издание на АНТОЛОГ. Книгата ќе ја промовира Радмила Ванкоска, а извадоци од книгата ќе чита авторот. Костадиновска Линднер е двојазична авторка на македонски и на германски јазик, повеќејазична поетеса, интердисциплинарна уметница, мултимедијален изведувач на поетски и експериментални перфоманси. Уредник е на онлајн-списание и книжевни изданија, преведувач, куратор, уметнички директор и издавач. Живее и работи во Берлин од 2006 година. Родена во Скопје, каде дипломирала германски јазик и книжевност и славистика, а магистрирала во Регенсбург. Од германски на македонски јазик превела…

Read More