Author: Ана Василевска

Германската влада размислува дали да воведе гранична контрола со Полска за да го запре приливот на баратели на азил, но затегнатите односи меѓу двете земји и актуелниот дипломатски спор може да ги искомплицира ваквите планови, пишува „Политико“. Канцеларијата на германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер вчера објави дека можеби е неопходно да се спроведуваат контроли на полската и чешката граница со цел да се потиснат „криминалните банди“ кои нелегално шверцуваат мигранти во земјата. Во првите осум месеци од 2023 година во Германија барања за азил поднеле околу 204.000 лица, што е 77 отсто повеќе отколку во истиот период минатата…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Историјата ќе запамети и ќе запише кае беа и што правеа лидерите и членовите на партијата кога заради нивните партиски интереси Македонија ќе остане на периферијата на Европа, изложена на ветрометината на хаосот што ќе го поттикнат силите на злото. Пасторалната пресметка меѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски на социјалните мрежи, вклучително и врхушката на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, премина во видео пресметка. Во ова расчистување на сметките спарингува и Александар Николоски, а и Милошоски иако овој прилично позадински, не многу истурено, што, впрочем, произлегува од неговиот карактер. Тоа зборува дека овој, најнов раскол во ВМРО-ДПМНЕ, е на самиот…

Read More

Паоло Карнера, кинематограферот на филмот „Носталгија“ кој е во официјалната селекција Камера 300 синоќа со новинарите на прес-конференција откри како течело снимањето во Неапол. Работел претходно на серијата „Гомора“ која исто така е снимена во овој град така што, како што истакна веќе му биле познати локациите. -Сакавме градот да го прикажеме преку очите на главниот лик, бидејќи тој се враќа во родното место по 40 години и одново го открива својот роден крај. Неапол е град на контрадикции, изобилува со голем број прекрасни палати од една страна, но и со екстремна сиромаштија, раскажа Карнера. Се задржа на сцената кога…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава. Таа на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец одговарајќи на новинарско прашање посочи дека стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и дека секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата. -Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на…

Read More

Законот за амнестија кој е во владина процедура се однесува за одредена категорија затвореници и осуденици, кои веќе се на издржување казни и не се однесуваат за случаи на СЈО, осудените од 27 април и парламентарни функционери против кои се води кривичен прогон, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на обвинувањата на лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов дека СДСМ И ДУИ подготвуваат амнестија во договор со ВМРО – ДПМНЕ за да обезбедат гласови за уставните измени. Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада, најави Ковачевски кој одговараше на прашања…

Read More

НЕНАД  ЈОВАНОВИЌ Националистите од сите бои, а посебно овие домашните, си го преземаат (лудачки и бесрамно!) апсолутното право дека тие се единствените господари и сопственици на „народот“: кога тие не се подмирени, тогаш и „народите“ војуваат, па дури и „симболички“; кога тие ќе направат „дил“, тоа значи дека „народите се помириле“. Толку се глупави во своите матафизички пораки, па затоа и во оваа земја е онака како што è, а би можело и уште полошо, не се секирајте, само дајте им шанса да се размавтаат. Кога го слушам кај што вели „Ќе ве растуриме сите“, гледам дека овој човек, оваа…

Read More

„Можам да наполнам гробишта со луѓе “, рече еднаш љубителот на оружје. Првото убиство го извршил на 18 години. Шефот на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро почина денеска во затвор на 61-годишна возраст. Месина Денаро се лекуваше од рак на дебелото црево додека беше во затвор. Сепак, тој неодамна беше префрлен во болница поради неговата влошена состојба. Роден на 26 април 1962 година во Кастелветрано, југо-западна Сицилија, Матео бил потопен во организиран криминал уште од рана возраст. Неговиот татко, Дон Чичо, беше водач на локалниот клан, многу сакан од „капо деи капи“ Салваторе Риина (1930-2017). Наречен Дијаболик, по криминалниот протагонист…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги осуди вчерашните случувања во Косово и повтори дека нема опасност по безбедносната состојба во земјава. – Во земјава не постои никаков основ за какво било стравување во однос на безбедносната ситуација, меѓутоа морам да изразам загриженост и осуда за она што се случи на Косово, бидејќи таму беше убиен полицаец, кој е дел од безбедносните структури.  Тоа беше акт на насилство којшто никому не му треба и сите се уверивме дека не носи ништо добро, освен немир не само во Косово, туку и во целиот регион, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на…

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА  Премиерата беше проследена со громоглесен аплауз а впечатоците одзвонуваа во публиката предизвикувајќи осцилиација на коментари за успешно филмско дело,  но и оние од „шокирани“ и подготвени за „морализирање“ на темата во која задира Столевски. Сите овие „бетонирани“ општествени нормативи, во текот на филмот доаѓаат до точка на кршење од која испливува најважната и суштествена смисла на човечкиот род-автентичната љубов и поддршката од семејството, кое може да се стекне и по пат на инстниктивно препознавање а не задолжително по биолошки пат. И како по некоја синхронизирана игра на случајноста, овој филм кој ја оправдува сентенцата дека седмата уметност…

Read More

Претседателката на Европското движење на Србите од Косово, Рада Трајковиќ, денеска изјави дека 30 лица упаднале во манастирот Бањска и на тој начин се обиделе да ја компромитираат СПЦ, која, „ништо не била прашана“, и дека меѓународната заедница посредувала за да ги извлече овие луѓе кон централна Србија, за да нема поголеми човечки загуби, јави дописникот на МИА од Белград. Трајковиќ за ТВ Нова С изјави дека „сите зборуваат и сите ги знаат информациите дека во манастирот имало 30 луѓе“, но дека не знае „зошто не се известува за тоа“. -Се е затворено и приспособено на политиката на луѓето на…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Извештаите, толкувањата и коментарите околу „малата војна“ во Бањска, Звечани, на експлозивниот север во Косово на 24 септември, се движат со брзина на светлината меѓу фактите и фантастичното. Без оглед на тоа какви заклучоци ќе извлечат политичарите и „публиката во арената“ – овој безбедносен инцидент е силен удар врз кревката балканска стабилност, дури и да остане само еден изолиран случај. За жал, ништо не упатува на тоа дека ќе остане само на тоа. Како и секогаш во вакви околности, прашањата се бројни, а само мал дел, а често ниту едно од нив не можат да бидат одговорени целосно…

Read More

„Случувањата на северот на Косово засега не можат да имаат некое посериозно влијание врз политичките и безбедносните текови во регионот. Мислам дека тензичната ситуација ќе се смири и дека двете страни знаат дека се во ќорсокак ако решиле да користат сила за да го решат спорот. Со други зборвои во дадениот момент и конетслација употребата на сила не е разумна“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Методи Хаџи Јанев – професор од Воената академија. – Александар Вучиќ знае дека не може сам со сила да го решава спорот бидејќи е инфероиорен во однос на КФОР. Од друга страна, ниту Албин Курти…

Read More