Author: Ана Василевска

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) ќе се инсталира  линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години. Како што соопшти Министерството за здравство, во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години. Ангажирана е професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор. По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат. Министерството за здравство информира дека и покрај овие активности на клиниката нема да се…

Read More

Владата ќе ја доврши реконструкцијата на Универзална сала, која веќе подолг период е оставена како руина поради тоа што Градот Скопје доцнеше со реализацијата на овој градежен зафат. На последната седница на Советот на град Скопје со гласовите на советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука овој култен објект да биде преземен од Министерството за култура. Градските советници донесоа одлука правото за реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала да се пренесе на Министерството за култура, а откако ќе биде завршен реконструктивниот зафат, објектот повторно ќе се врати во надлежност на Град Скопје. Министерството за култура сега треба да…

Read More

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска имаа средба со данската парламентарна делегација на Комисијата за европски прашања, во рамките на нивната работната посета на нашата земја. Воведно обраќање на средбата имаше заменик претседателката на Комисијата, Арта Билали Зендели, која истакна дека со Кралството Данска имаме добри пријателски односи, на сите полиња, при што се заблагодари на данската поддршка на процесот на проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, а во тој контекст и на нашата земја. Потсетувајќи дека Данскиот парламент беше прв, кој го ратификуваше нашиот Договор за стабилизација и асоцијација, како и Протоколот за пристапување…

Read More

Европската комисија денеска предложи дополнително продолжување на привремената заштита во ЕУ за украинските бегалци. Планирано е Украинците да продолжат да го користат правото на работа, здравствена заштита и образование до 3 март 2025 година. Ова ќе обезбеди сигурност и поддршка за повеќе од четири милиони луѓе, се забележува во соопштението на комисијата. Привремената заштита првично беше доделена на 4 март 2022 година со едногласна одлука на земјите од ЕУ и беше продолжена за една година.

Read More

„Нагласуваме дека средствата предвидени во буџетот за 2023 година ни се потребни веднаш и сега, а не во декември, уште помалку следната година.“, регираат 70-тина реномирани режисери и продуценти.  По вчерашниот демант на Министерството за култура кој се однесуваше на реакцијата на бројни продуценти и режисери за можноста да биде скратен буџетот за филмска дејност, денеска во уште поголем број филмаџиите дадоа одговор на демантот. „Благодарност до Министерството за култура за брзата реакција. Со овој обид за демант и официјално се потврдија нашите информации дека е предвидено кратење на средства од буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм. Министерството…

Read More

Украина наскоро ќе добие тенкови М1 Абрамс од САД, изјави денеска во Германија американскиот министер за одбрана, Лојд Остин. Вашингтон му ги вети тенковите на Киев на почетокот на годината, како дел од повеќе од 43 милијарди долари безбедносна помош, што ја ветија САД откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. „Задоволство ми е да објавам дека тенковите М1 Абрамс за кои претходно се обврзаа САД ќе влезат во Украина наскоро“, рече Остин на отворањето на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина.

Read More

Војската на Азербејџан ги зголемува своите сили во близина на Ерменија и ги обои своите возила со „воени ознаки“, со превртено „А“ и стилизирано „Ф“, слични на оние што ги користеше руската армија пред да ја нападне Украина. Разузнавачките информации со отворен код споделени на Телеграф од Центарот за информациска отпорност (CIR) се чини дека ги поткрепуваат ерменските тврдења дека Азербејџан се подготвува за војна. Покрај засилената активност во азербејџанските бази, ЦИР соопшти дека исто така забележала зголемување на летовите меѓу Азербејџан и воениот аеродром во Израел, еден од неговите сојузници, и спротивставување на воените маневри на Иран, кој е сојузник на…

Read More

Автомобилите и натаму остануваат доминантно превозно средство во сите земји на ЕУ во споредба со патувањата со возови, автобуси, авиони или бродови, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, објавени по повод „Европската недела на мобилност“, што секоја година се одбележува од 16 до 22 септември и има за цел да ја подигне свеста за одржлива урбана мобилност. Според податоците на Евростат, во 2021 година 79,7 отсто од целокупниот патнички превоз во ЕУ се вршел со автомобили, 7,3 проценти со авиони, 7,1 отсто со автобуси, трамваи или тролејбуси, 5,6 со возови и само 0,3 проценти за пловни објекти. Во…

Read More

Никола Тодоров, висок партиски фукнкционер и министер во неколку наврати во времето на Никола Груевски, во интервју за „Слободен пачат“ говори за напливот на екстремен национализам и од десни, но и од лево ориентирани политички партии. Кога на ова ќе се додаде и голиот популизам кој станува сѐ поприсутен кај сите партии, тогаш, смета Тодоров, државниот интерес е супституиран од партискиот и од личниот интерес. Во однос на европските интеграции Тодоров не смета дека Македонија е на крстосница. Тој е убеден дека ние одамна го имаме одбрано нашиот пат кон запад, сѐ друго е резултат на македонски инает. На секого…

Read More

Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена. -Многу повеќе од 50 производи се, околу 25 категории. На листата се речиси сите прехранбени производи, од пекарската, млечната, месната индустрија, а има и вид на наполитанки кои се продаваат во државава. Генерално  листата е преземена од Државниот завод за статистика согласно…

Read More

Во врска со можноста за одлагање, прераспределба и кратење на буџетските средства за Агенцијата за филм на РСМ, од таму соопштуваат дека како и секоја институција, така и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ги планира средствата за дејноста со која се занимава и ги подготвува за исплата проектите кои чекаат да почнат со продукција. „Во моментов најавени се два филма за снимање на локации во Македонија. Интернационалните екипи на земјите учесници кои се дел од овие проекти се веќе пристигнати во нашата држава. Финансиските средства кои се планирани за овие и останатите филмски проекти се потребни веднаш и…

Read More

Ситуацијата со човековите права во Русија значително се влоши по нејзината инвазија врз Украина во февруари минатата година, се наведува во извештајот на специјалната известувачка на ОН за човекови права, Маријана Кацарова. Кацарова тврди дека имало „системско задушување“ на граѓанското општество и дека руските власти извршиле масовни самоволни апсења на критичарите на војната. Уапсените се соочуваат со смртни закани поради „постојана употреба на тортура и малтретирање“, се наведува во извештајот на специјалната известувачка, пренесуваат британските медиуми. Ова е првпат Советот за човекови права на ОН, што постои 16 години, да има мандат да ги истражи постапките на една од петте…

Read More