Author: Ана Василевска

„Блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж – најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа.“, стои во писмото на филмаџиите потпишано од педесетина реномирани режисери и продуценти. „Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.“ „Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на…

Read More

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека „премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти“, со тоа што рекол дека не сака ни да започне со изработка на статутот за Заедницата на српски општини (ЗСО), јасно се изјаснил, така што секој може да види дека тој е оној кој не сака никакви преговори, дијалог и компромиси, јави дописникот на МИА од Белград. Петковиќ реагирајќи на денешните изјави на косовскиот премиер за неуспехот на последниот дијалог во Брисел, на прес-конференција рече дека сè што прави Курти, прави за да го прикрие фактот…

Read More

ПЕТРИТ САРАЧИНИ Прво, за најостра осуда е обидот за убиство од жител на Арачиново врз негови двајца сограѓани кај ТЦ. Бисер. Но, тоа не значи дека сите арачиновци се исти, или дека сите Албанци се насилници и убијци! Второ, за најостра осуда е начинот на кој за овој настан извести Канал 5 на Фејсбук (но не само оваа телевизија туку и други медиуми). “Повторно „албанофобија“ од страна на ОЈО? Им ветија на арачиновци школо за пилоти, па сега ОЈО се чуди зошто возат брзо…“ – пишуваше во постот на Канал 5, кој по реакциите беше избришан од Фејсбук страницата Вакви…

Read More

Во изјавата за Фајненшл Тајмс, лидерот на лабуристите Кир Стармер откри дека сака поблиски трговски односи со ЕУ, тврдејќи дека тоа е негова одговорност за идните генерации. „Ќе се обидеме да постигнеме многу подобар договор за Обединетото Кралство“, рече лидерот на лабуристите Сер Киер Стармер. Шефот на британската опозиција изјави дека неговата партија ќе бара значителна ревизија на договорот за Брегзит доколку биде избрана на следните општи избори. Во изјавата за Фајненшл Тајмс, лидерот на лабуристите Кир Стармер откри дека сака поблиски трговски односи со ЕУ, тврдејќи дека тоа е негова одговорност за идните генерации. „Речиси сите признаваат дека договорот…

Read More

Во  Даутпашиниот амам вечер беше отворено 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје каде  беа претставени седум врвни писатели од Балканот, од кои дел од нив се добро познати за македонските читатели. Како што информираат издавачите, на денешната програма се неколку настани: во 13.30 часот гостите на програмата „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи, додека, пак  вечерва  од 20 часот, во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како (де)конструкција на стварноста“, каде ќе учествуваат гостите писатели, а модератор е Владимир Јанковски. Програмата „Скопје фелоушип“ оваа година…

Read More

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за Блумберг призна дека причините поради кои Берлин треба да ја поддржи Украина не им се јасни на многу Германци. – Многу луѓе во САД го поставуваат прашањето: „Украина е доста далеку од нас, зошто ни е важно?“ Ова не важи само во САД, туку и кај нас во Германија. На Европа повеќе од кога било и е потребна поддршката од американските „пријатели и колеги“, рече шефицата на германската дипломатија. Според неа, неопходно е да му се покаже на светот дека сојузниците ќе стојат покрај Украина „колку што е потребно“. Претходно,…

Read More

Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје денешната седница на Управниот одбор, по претходна координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студентите. -Враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години. Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура, се посочува во соопштението на Државниот студетски дом “Скопје“. Како што…

Read More

„Ќе воведеме корекции во нашата работа врз основа на научените лекции во Северна Македонија. Научивме поуки од нашите одлуки, како и од одлуките и постапките на оние со кои сме работеле до сега. Но, тие корекции нема да се засноваат на коментари на Фејсбук, туку на реалноста на теренот, искрен и директен дијалог со нашата заедница, на нашите стратешки цели како и на развојот на состојбите во домашната и меѓународната политика“,  вели Жељко Јовановиќ во интервју за ЕУ Ромапрес. Тој додава дека градоначалникот на Шуто Оризари, кој во моментов е еден од политичките претставници на Ромите во Северна Македонија има…

Read More

Меѓународните експерти посочуваат дека најверојатно САД ќе мораат да се вклучат во бриселскиот договор, поради немањето напредок во дијалогот, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија продолжува мега операцијата „Темпули“ ( Храм), во која досега се запленети 10 килограми осомничена наркотична супстанца канабис сатива, 3,7 килограми кокаин, 150 дози хероин, 1 огнено оружје, пиштол, 12 возила, 78 мобилни телефони, 12 електронски ваги, 3 моторцикли, 30,00 евра. биле запленети 6.000 фунти, 4.500.000 леки и 12 регистарски таблички, пренесуваат албанските медиуми. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. КОСОВО…

Read More

Време е конечно да се изгласаат законите кои се чекаат со години, а се од големо значење за реформите во јавната администрација, порачува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во интервју за Порталб. -Закон за висока раководна служба, закон за агенција за дигитализација, закон за административни службеници, закон за вработени во јавен сектор, закон за медиуми. Ова се дел од законите кои мора да бидат усвоени во наредниот период, во рамки на реформите во јавната администрација и дигитализацијата на услугите, а со тоа да се подобри оценката 3 што ја доби Република Северна Македонија во скрининг извештајот од…

Read More

ТОНИ  ПОПОВСКИ Кога ЕУ излегува од бинарната дебата „Дали прво внатрешна реформа па проширување“ со заедничка изјава дека МОЖЕМЕ И МОРАМЕ ДА ГИ НАПРАВИМЕ И ДВЕТЕ, дел од нашите политички и „експертски“ првенци го конзервираат бинарното за домашни потреби, не обзирајќи се воопшто дека влегуваат во апсурдна контрадикција со тековни и меѓусебно синхронизирани процеси во ЕУ. Секако доколку истовремено не се негува политички дискурс кој е добро синхронизиран со нараснатото незадоволство, евроскептицизам, но и можноста со поддршка на јавноста да се ствари политички или персонален реваншизам, покрај други мотиви, меѓу кои најсилен е тој за моќ и влијание. Изминатата седмица…

Read More

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави синоќа дека примил повеќе совети после претседателските избори во 2020 година и дека одлуката да го оспорува резултатот била негова. -Тоа беше моја одлука, но слушав некои луѓе, изјави Трамп во интервјуто за Ен-би-си. За оспорувањето на изборите и за неговите тврдења дека постоел заговор тој да изгуби подигнато е федерално обвинение против Трамп од специјалениот обвинител Џек Смит. Во едно од обвиненијата се вели дека Трамп знаел дека неговите тврдења за изборите се лажни откако бил совеуван од многу непосредни советници дека тој изгубил, но сепак ги ширел тврдењата за да изгледа…

Read More