Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
„Со имплементација на Законот за социјално претприемништво, кој е во завршна фаза, социјалното претприемништво ќе биде системски регулирано, со јасно дефинирани процедури и критериуми за основање социјални претпријатија, со изградени соодветни финансиски инструменти“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на Форумот за социјално претприемништво во Скопје. Тој додаде дека преку поттикнување на поволна средина за развој на социјалните претпријатија, ЕУ станува активен чинител и наш партнер, кој, меѓу другото, го финансираше и Проектот за развој на социјалните претпријатија, каде беше Центарот за поддршка и развој на социјалните претпријатија. воспоставено и признаено како атрактивно место каде што социјалните претприемачи можат…
Пандемијата предизвикана од Ковид-19 во голема мера ја забави борбата против сиромаштијата кај најмладите, а 333 милиони деца сè уште живеат во услови на екстремна сиромаштија, се вели во извештајот на УНИЦЕФ и Светската банка. Агенцијата на ОН предупредува дека секое шесто дете во светот живее со помалку од 2,15 долари на ден и наведува дека 30 милиони деца би излегле од сиромаштија да не била пандемијата. -Тешките кризи како резултат на „Ковид-19“, војните, климатските промени и економските шокови го запреа напредокот и оставија милиони деца во екстремна сиромаштија. Свет во кој 333 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија, лишени…
Европа мора да одговори на повикот на историјата, која не повикува да работиме на комплетирање на нашата Унија и во свет каде што некои се обидуваат да ги одвојат земјите една по една, не можеме да си дозволиме да ги оставиме нашите сограѓани Европејци на страна, па затоа стратешки и безбедносни интереси на Европа е да ја комплетираме нашата Унија, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своето годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“ на пред Европскиот парламент во Стразбур. – Треба да поставиме визија за успешно проширување. Унија комплетна со над 500 милиони луѓе кои…
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, преку Твитер објава се заблагодари на Северна Македонија што се приклучи кон Коалицијата на држави кои работат на алгоритмот за создавање на Специјалниот трибунал за злосторството на руската агресија против Украина. “567. Создавањето на Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина е важно за изведување пред лицето на правдата на лидерите на кремљ. Ѝ благодариме на Северна Македонија што се приклучи кон Коалицијата на држави кои работат на алгоритмот за создавање на Специјалниот трибунал!”, напиша Дир на Твитер. Драган Мишев Извор: Цивил Медиа
Вицепремиерката Славица Грковска очекува од ДКСК да утврди дали имало тргување со влијание и дека ќе се бара одговорност за ненавремените контроли во случајот со задоцнетиот рок за враќање пари од донаторот „Еуровиа“. – Јас очекувам од ДКСК да продолжи и понатаму во насока на нивните надлежности и да утврди од кои причини еден месец пред тендерот, парите се вратени, кој треба да ја направи контролата, бидејќи има рок во законот кога треба да се вратат парите. Да се утврди, дали како што ДКСК најави, имало тргување со влијание, што е надлежност на ДКСК. Очекувам дека тоа ќе продолжи и…
Урсула фон дер Лајен денеска во својот годишен говор пред Европскиот парламент ги бранеше резултатите што ги постигна на чело на Европската комисија, велејќи дека работела на промовирање и ќе продолжи да брани чесна транзиција кон зелена енергија, силна геополитичка унија и фер конкуренција со светот, објавија британските медиуми. Фон дер Лајен, која се очекува да се кандидира за втор мандат следната година како шеф на извршната власт на ЕУ, рече дека таа и нејзиниот тим исполниле повеќе од 90 отсто од ветувањата што ги дала кога го презеде раководството на Европската комисија во 2019 година. -Погледнете каде е Европа…
Најмалку 177 застапници за заштита на животната средина се убиени ширум светот во 2022 година, се наведува во денеска објавениот извештај на невладината организација „Глобал витнес“ (Global Witness). Најопасна земја за заштитниците е Колумбија, каде минатата година беа убиени 60 „бранители на животната средина“, а потоа следуваа Бразил и Мексико. Дури 88 проценти од сите убиени застапници за заштита на животната средина во 2022 година биле во Јужна Америка се наведува во годишниот извештај на лондонската групација. Од 18 земји каде групата документирала случаи, 11 се во Јужна Америка. Во извештајот се наведува дека, иако е тешко да се „идентификуваат…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Политиките на државата за Охрид и Охридското Езеро се на тест пред експертите на УНЕСКО кои со своите оценки проценуваат дали државата воспоставила систем за заштита и дали може да гарантира трајно зачувување на интегритетот и автентичноста на доброто како главни атрибути на исклучителната универзална вредност. Во Ријад, Саудиска Арабија, на 45-та сесија на Комитетот за светското кулурно наследство, се очекува да биде соопштено мислењето на УНЕСКО за статусот на Природното и културното наследство на Охридскиот регион, откако на почетокот на година Северна Македонија и Албанија го предадоа извештајот за преземените активности во насока на превенција и заштита…
За време на нејзиниот говор, Фон дер Лајен направи паралела помеѓу она што се случи во минатото со европската соларна индустрија и она што може да се случи во иднина со европската автомобилска индустрија, која и двете се соочуваат со голема конкуренција од нивните кинески колеги. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави истрага против субвенционирање на евтините електрични автомобили кои доаѓаат од Кина. Секторот на електрични возила е „клучна индустрија за чиста економија, со огромен потенцијал за Европа. Но, глобалните пазари сега се преплавени со поевтини кинески електрични автомобили. И нивната цена е вештачки ниска со огромни…
И градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон го прогласи септември за месец на македонско-американското наследство, откако неодамна и гувернерката на Мичиген Гречен Витмер повика македонската култура да се слави во оваа сојузна држава во текот на септември, јави Гласот на Америка. – Чикаго е дом на горда и динамична македонско-американска заедница која го зацврсти градот во делот на уметноста и музиката, бизнисот и финансиите, правото и владата, образованието, социјалните услуги, науката и медицината, вели градоначалникот Џонсон во известувањето. Тој истакнува дека македонско-американската заедница овој месец одбележува 32 години од независноста на македонската држава, повикувајќи ги „сите жители да се приклучат во…
Во годината кога ИНТЕРПОЛ го прославува својот 100-ти роденден, Еуроњус во интервју со генералниот секретар Јирген Сток разоткрива како глобалната полициска организација се прилагодува, реагира и ја одржува стражата во светот во кој има различни облици на организиран криминал кои постојано се развиваат. Впрочем, како еволуираше улогата на ИНТЕРПОЛ во борбата против организираниот криминал? Каква е соработката со руските колеги, како се справуваат со сајбер криминалот и улогата на вештачката интелигенција, колку се злоупотребува доставата на оружје во Украина, колкав успех има во разоткривање на каналите на сексуалната злоупотреба? Откако меѓународниот организиран криминал стана глобален проблем, тој сè повеќе се…
Парламентарната дипломатија е уште една силна алатка за која верувам дека може да се покаже како клучна за решавање на комплексните проблеми како што се отворените прашања и конфликтите со оглед на можноста за дијалог меѓу пратениците и изнаоѓање на потенцијални решенија, оцени претседателот на Собранието Талат Џафери во воведното обраќање на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ што денеска и утре се одржува во Собранието. Парламентарната дипломатија, посочи, нуди единствена можност за градење на мостови меѓу земјите и пратениците кои имаат различно потекло, култури и традиции со ултимативна цел на создавање на синергии во однос на стратешките…