Author: Ана Василевска

Реферат за историскиот и книжевниот Гоце Делчев на јубилејното десетто издание на меѓународниот научен собир „Његошеви денови“ во Црна Гора. „За разлика од другите национални книжевности кои имаат негативни иксуства заради присуството на култот на водачот во книжевните текстови, македонската современа книжевност има позитивно искуство. Затоа што Македонија, македонската историја и македонската книжевност и култура го имаат Гоце Делчев. Водачот чие име со пиетет го пееме и во државната химна и во навивачките песни во кои ја искажуваме гордоста што сме негови потомци. А заради култот кон него што е дел од нашата традиција, македонските писатели имаат потреба историските факти…

Read More

Дури 86 проценти од граѓаните на ЕУ ги поддржуваат иницијативите на европско ниво преземени во текот на минатата година за да се ограничи непосредното влијание на зголемувањето на цените на енергијата врз потрошувачите и компаниите, покажуваат резултатите од истражувањето на Флеш Евробарометар објавени денеска. Според анкетата, 86 отсто од испитаниците го поддржуваат одржливото користење на природните ресурси, 82 проценти иницијативите за заедничко купување гас од земјите членки на ЕУ, 81 отсто се за градење партнерски односи на ЕУ со другите глобални актери како Велика Британија, САД, Јапонија и Австралија, а 80 проценти се за намалување на „прекумерната комерцијална зависност“ од…

Read More

Секогаш некој нешто ќе смисли, ние го сакаме македонскиот народ, ја почитуваме државата Северна Македонија, ништо не бараме и да го чуваме нашето пријателство, одговори српскиот претседател на новинарско прашање за неговиот став околу бугарската блокада на Северна Македонија на евроинтегративниот пат, јави дописникот на МИА од Белград. Тој додаде дека има нешто важно што сака да го каже, во Скопје, но и на преставниците во Белград. -Важно е за нас ние од регионот да бидеме блиски едни со други, да си ги развиваме односите, да си ги скратуваме процедурите меѓу нас, да обезбедиме слободен проток на луѓе, стоки, услуги…

Read More

Стратешкиот договор со САД и членството во НАТО се гарант за стабилноста на државата и за регионот во целина, вели претседателот Стево Пендаровски во ексклузивното интервју за „Фронтлајн“ во соработка со ЦИВИЛ Медиа. Зборувајќи за актуелната политичка состојба во земјата, Пендаровски нагласува дека наративот што за неопходните уставни измени го користи опозицијата е директно спротивeн на македонските стратешки, национални и државни интереси. Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога европската преговарачка рамка ќе ја наречеш „бугарски диктат“, вели Пендаровски во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа. За измените на Кривичниот Законик, Пендаровски вели дека станува збор за…

Read More

Европската Унија остро го осудува одржувањето на руските нелегитимни т.н. „избори“ во Автономната Република Крим и градот Севастопол и во делови од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во Украина, кои Русија привремено ги окупираше, се вели во денешната реакција на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за регионалните и локалните избори што од  8 до 10 септември беа организирани во Русија и на териториите на Украина под руска контрола. – Решително го отфрламе овој натамошен залуден обид на Русија да ја легитимира или нормализира својата нелегална воена контрола и обидот за анексија на делови…

Read More

„Нападите од 11/09 донесоа нова ера во светската политика и тектонски промени во односите на моќ и разбирањето на заканите по светскиот мир и безбедност, во кој се до тогаш, немаше место за недржавни субјекти“, посочува Доц. д-р. Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот Визион –Гостивар во однос на влијанието на нападите на 11 септември, 2001 година во САД, во изјава за ЦИВИЛ Медиа. „Кога Соединетите Американски Држави прогласија глобална војна против тероризмот по нападите на 11 септември, Френсис Фукујама коментираше дека „тероризмот е само орудие на крајот; Во овој поглед, војната против тероризмот нема повеќе смисла отколку…

Read More

На 11 септември (денеска) се навршуваат 22 години од терористичкиот напад врз Светскиот трговски центар и Пентагон, САД, настан за кој 60%-38% од анкетираните во анкетата на USA TODAY/Suffolk University изјавија дека засекогаш ги промени животите на Американците, пренесуваат светските медиуми. Утрото на 11 септември, летот 175 на Јунајтед ерлајнс и летот 11 на Американ Ерлајнс тргнаа од Бостон на пат за Калифорнија, пред киднаперите да ги урнат во северните и јужните кули на Светскиот трговски центар во Њујорк. Летот 77 на Американ Ерлајнс го погоди Пентагон, додека патниците се обидоа да го престигнат летот 93 на Јунајтед Ерлајнс од киднаперите…

Read More

Денеска е важен ден за нашите министерства и за нашата соработка, бидејќи за прв пат потпишавме Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу сојузничките Северна Македонија и Португалија, и со тоа покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, затоа што имаме заедничка, единствена цел, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на денешната прес-конференција по потпишувањето на договоротсо министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас, којашто е во прва официјална посета на земјава. Петровска додаде дека за заедничко добро и развој на двете вооружени сили, ќе се посветат на интензивна соработка и консултации во доменот на безбедносната политика, мировните…

Read More

Министерот за поморство на Грција Милитиадис Варвициотис си поднесе оставка по смртта на 36-годишниот Андонис Кариотис, кој беше турнат во море на атинското пристаниште, додека се обидуваше да се качи на траектот за Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Варвициотис преку Х ги објасни причините за одлуката и соопшти дека неговата оставка ја доставил до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Меѓу другото вели дека некои негови изјави во изминатиот период биле погрешно толкувани, дека не ги скрил одговорностите што ги има бродската компанија, но и дека во неговата политичка кариера научил да презема одговорност и да не се крие во…

Read More

Европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите се во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони што почна претпладнево во Скопје. На состанокот, покрај домаќинот Стево Пендаровски, учествуваат и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во улога на ко-домаќини, како и српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи, албанскиот претседател Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на БиХ Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ. Пред официјалниот почеток на состанокот, Пендаровски оствари билатерални средби со косовската претседателка Османи и со претседателот…

Read More

Професорката по политички науки Ана Чупеска, е една од оние жени кои гласно и јасно го кажуваат својот став и мислење, без оглед на реакциите (a и заканите) кои тоа ги предизвикува. Во разговорот, оваа млада интелектуалка, освен како непоколеблива прогресивна мислителка, ја запознавме и како современа млада жена, со свои соништа, желби и секојдневни рутини. Трн: Кога беше најсреќна? Ана: Да се зборува за сопственото чусвство на среќа е една од попредизвикувачикте теми. Никако не би можела да издвојам конкретна ситуација, иако,  секско дека сум почувствувала и екстатично среќни моменти, како и среќни моменти со понизок интезитет низ 42ве…

Read More

Србија, како и секогаш, останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба, разбирање и почит, што го покажа преку бројни иницијативи кои отвораат големи можности за силна соработка меѓу земјите во регионот, во корист на сите кои живеат во Западен Балкан, порача српскиот претседател Александар Вучиќ пред средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград. -Благодарен сум на претседателот на Република Словенија @natasa.pirc.musar, на претседателот на Република Хрватска @z_milanovic и на претседателот на Република Северна Македонија, @stevopendarovski за топлото добредојде и на тоа што се домаќини на оваа важна средба,…

Read More