Author: Ана Василевска

Опозицијата го дефинираше нацрт-законот како „руски закон“, повлекувајќи паралели со употребата на слични мерки од Москва за сузбивање на независните медиуми и стигматизирање на активистите. Грузискиот парламент го одобри контроверзниот закон со кој се заоструваат проверките и се зголемуваат казните за организациите кои добиваат средства од странство. Од секоја компанија – вклучително и медиуми и невладини организации сега ќе се бара да се регистрира како „ги извршува интересите на странска сила“ доколку добие над 20 проценти од средствата од странство. Опозицијата го дефинираше нацрт-законот како „руски закон“, повлекувајќи паралели со употребата на слични мерки од Москва за сузбивање на независните…

Read More

Од местото на двојното убиство во скопско Стајковци се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција, соопшти државното Јавно обвинителство. ЈОРСМ информира дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршиле увид на самото место во семејна куќа во селото Стајковци каде, како што наведува, попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој бил починат. – Причините се утврдуваат. Сторителот е…

Read More

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир денеска го повика Израел повторно да воспостави населби во Појасот Газа и да ја „охрабри доброволната емиграција“ на Палестинците од енклавата. Тој тоа го порача во градот Сдерот на митингот за повторно израелско населување во Појасот Газа. „Тоа е морално! Тоа е рационално! Тоа е во ред! Тоа е вистина! Тоа е единствениот начин! И да, тоа е и хумано“, рече Отзма Јехудит од ултранационалистичката партија. Бен Гвир се осврна и на одобрувањето за дистрибуција на помош за палестинската енклава, која најблиските сојузници на Израел побараа да се прошири. „Се срамам што…

Read More

Двојно убиство се случило денеска во скопското село Стајковци, а осомничениот извршител со повреди е хоспитализиран,  потврди Министерството за внатрешни работи. Во СВР Скопје во 12:30 часот било пријавено дека во село Стајковци, на тераса и на скали во домот, со повреди на главата биле пронајдени В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57). Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај жената С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што починал во 14.00 часот. Осомничен е  Љ.К.(67), брат на В.К., кој, како што информира МВР, имал здравствени проблеми. Тој  бил пронајден со убодни рани…

Read More

Седумдесет и седмото издание на Канскиот филмски фестивал започнува во вторник, 14. мај. Еве сè што треба да знаете за филмовите што брануваат и претендираат  за Златната палма . Пред нас, уште еднаш, Канскиот филмски фестивал открива контроверзни автпрски наслови – што кажува многу со оглед на минатогодишниот ѕвезден избор. Ако го оставиме настрана бомбашкиот извештај на #MeToo кој се наѕира на свеченостите, како и штрајковите акции кои се закануваат да го исфрлат фестивалот (сигурно ќе биде напорно и стресно издание), го заокруживме она што најмногу го бараме како прогресивно од  седмата уметност. Ова се 10-те наслови кои се борат…

Read More

На германската Канцеларија за заштита на уставниот поредок и понатаму и е дозволено да ја води партијата Алтернатива за Германија (АфД) како организација осомничена за екстремистички активности, одлучи Вишиот управен суд во Мунстер. Според убедувањето на судскиот совет, постојат доволно докази дека партијата постапува против достоинството на одредени групи граѓани и против принципите на демократијата, се наведува во образложението на пресудата. Во образложението се истакнува и дека „добар дел од АфД“ се залага на граѓаните со мигрантско потекло да им даде законски понизок статус. Вишиот управен суд објасни и дека класифицирањето на АфД како можна екстремистичка организација не значи истовремено…

Read More

Изборите во Македонија се една од темите, за кои последниве неколку денови се известуваше интензивно и во бугарските медиуми. Доминираа ставови на политичари и аналитичари кои сметаат дека со овие резултати, политиката на Македонија ќе се доближи до онаа на Србија и Русија и дека ќе се засили анти-бугарската реторика. На денот на изборите, на БТВ беше акцентирана пораката: „Љубчо Георгиевски на БТВ: ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе се откаже од антибугарскиот говор“, со следната изјава на поранешниот македонски премиер: „ВМРО-ДПМНЕ, ама не само ВМРО-ДПМНЕ, доста долго, три години, својата политика ја темелат на таа анти-бугарска нијанса, односно, анти Францускиот предлог, анти…

Read More

До Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент пристигнати се 17 приговори кои се однесуваат на постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори, информира за МИА портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска. –  Приговори за постапка за гласање нема. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за парламентарните избори има поднесено од Коалицијата ВЛЕН – 9 и од Коалицијата „Твоја Македонија“ – 8, изјави за МИА портпаролката на ДИК. Роковите за доставување приговори до ДИК за остварување на избирачко право завршија во 19:00 часот, додека роковите за поднесување приговори за претседателски е до 22:30 часот и до 23:30 часот за…

Read More

Режисерот Вардан Тозија за филмот „М“ ја освои главната награда за најдобра режија во интернационална конкуренција на 20-тиот фестивал „Фантаспоа“ (Fantaspoa) кој се одржа во Порто Алегре во Бразил. Тозија за овој филм доби награда и на годинашниот фестивал во Хјустон, САД. Бразилскиот „Фантаспоа“  е најголем жанровски филмски фестивал во Јужна Америка и единствен од тој континент што е дел од престижната Мелиес – Европска филмска федерација на фантастични филмови, организација која ги обединува најзначајните 22 жанровски филмски фестивали во светот. -Силвија Каминер, членка на интернационалното жири на „Фантаспоа“, го опиша филмот „М“ како „прекрасна и прогонувачка приказна. Тозија внесува…

Read More

По двојните избори што на 8 мај се одржаа во нашата земја и на кои убедлива победа извојува десно ориентираната ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседателски кандидат Гордана Силјановска-Давкова, најдобриот пат што Северна Македонија треба да го следи е интеграција во ЕУ, изјави за МИА Даниел Сервер, експерт за Балканот. Сервер е професор на катедрата за напредни меѓународни студии при универзитетот Џон Хопкинс и е убеден дека новата влада нема да успее на следните избори ако, како што вели, не го реши прашањето со Бугарија и го забави процесот за членство во ЕУ. -Најдобриот правец за Македонија е Европската Унија. Не гледам…

Read More

Пратениците на Собранието на Србија денеска гласаа за измена на Законот за единствен избирачки список со кој се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса. Пратениците со мнозинство гласови го поддржаа Предлогот за одлука за избор на членови и заменици на одборот на Народното собрание на Србија и Предлогот за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на собраниската Комисија за стабилизација и придружување, јави Бета. Тие изгласаа и Предлог за одлука за изменување и дополнување на Одлуката за состав на постојани делегации на…

Read More

Според прелиминарните наоди и заклучоци на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), претседателските и парламентарни избори кои се случија на 8 мај поминаа во мирна и демократска атмосфера, се вели во заедничката изјава на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. Борел и Вархеји, во заедничката изјава, велат изборите биле конкурентни со почитување на основните слободи, но посочуваат дека изборниот процес и понатаму останува недоволно регулиран. – ЕУ и честита на претседателката Силјановска-Давкова за изборот и со нетрпение очекува да работи со новиот…

Read More