Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 8, 2025 13:13

Белград: Македонецот Мартин Сипковски (21)  кој загина од експлозија што се случи на 1. октомври во стан на улица „Косовска“ во Белград имал кај себе околу 1,5 килограми експлозив „Пентрит“, што го разнесе изнајмениот стан, објавија белградски медиуми.
Неговиот идентитет беше утврден за време на обдукцијата и размената на податоци меѓу српската и македонската полиција по анаиза на ДНК.
Неофицијално станува збор за млад човек со дебело криминално досие.
Мартин Сипковски претходно им беше познат на органите на прогонот во Северна Македонија, а минатата година во македонските медиуми беше споменат како млад човек кој „го заменил ракописот со манекенство“, објави Блиц.

За него се пишуваше како прв Македонец кој потпишал договор со престижна модна агенција во Истанбул и студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопјe. Како што беше напишано во тоа време, тој го напуштил ракометот, кој го играл за „Вардар“, поради повреда.

Мартин Сипковски загинал поради непрофесионалното ракување со експлозивниот „Пентрит“, кој наводно бил наменет за ликвидација на членови на криминална организација од Нов Белград, а Филип В. (26) е уапсен под сомнение дека му го предал експлозивот на Сипковски, кому му го дал на чување.

Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се наоѓал Мартин, како и два други стана стана. Полицијата го уапсила Филип В. (26) кој продавал „пентрит“, но не сакал да каже како го добил или за кого бил наменет.

 

Белград експлозија загина Македонец Мартин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.