Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Екстремно левичарската партија Сумар, членка на шпанската коалициска влада, денеска покрена петиција со која бара Израел да биде исклучен од финалето на Евровизија в сабота поради војната во Газа. „Потпиши СЕГА да го избркаш Израел од Евровизија, не дозволувај да настапи во саботното финале! Прочитајте ја онлајн петицијата која до пладне собра 7.000 потписи. На чело со министерката за труд Јоланда Дијаз, број три во владата, од Сумар нагласија дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ) изгубила „значаен дел од редовната публика на шоуто“ затоа што дозволила Израел да учествува додека „неговата армија го истребува палестинскиот народ и ја уништува неговата земја.…
Водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок и ако продолжи да расте можни се излевања по нејзиниот слив, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заради тоа, како што велат од ЦУК, од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река. Воедно од ЦУК ги потсетуваат граѓаните да не престојувааат на отворен простор и под осамени дрвја при грмежи и молњи, односно при силни електрични празнења. Според денешната хидролошка информација од УХМР и очекуваната тенденција за реките и езерата, нивото на водостоите е во покачување.
Шпанските универзитети изразија подготвеност да ги прекинат врските со која било израелска образовна институција што не изразила „јасна посветеност на мирот“ додека беснее војната во Газа. Студентските протести се интензивираа ширум Западна Европа во изминативе недели со демонстранти кои бараат прекин на крвопролевањето во Газа и прекин на врските со Израел, со знак како и демонстрациите што ги зафатија американските кампуси. Во соопштението, Одборот на универзитети (CRUE) го осуди насилството и ги поддржа протестите што неодамна се појавија во шпанските кампуси. Барајќи итен прекин на акциите на Израел во Газа, тие ветија „да ги разгледаат врските и доколку е потребно,…
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва во рамки на 102. седница ги објави првичните и официјални резултати од 100 отсто преброените гласови од претседателските и парламентарните избори. Кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова освила 561.001 глас, а актуелниот претседател и кандидат на коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски 251.881 глас. Според првичните резултати објавени вечерва од ДИК, Коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ има освоено најмногу пратенички мандати – 58, потоа следуваат Коалицијата Европски фронт со освоени 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина СДСМ 18 мандати, Коалиција ВЛЕН – 13, Левица – 6, Движење ЗНАМ за наша Македонија…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август. Зеленски на 6 мај достави до Парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“. Украинскиот Парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.
„Во случајот со Унгарија, ние зборуваме за најкорумпираната земја-членка на ЕУ. Исто како и со Русија, унгарскиот режим склучи некаков рамковен договор за „стратешка корупција“ . Со Русите, знајте дека ова е … прескап гас“, рече Канц. Примарната цел на тридневната посета на Кси Џинпинг на Унгарија може да биде да се осигура дека Унгарија може да и помогне на Кина да добие пазарен удел во ЕУ, бидејќи Пекинг и Будимпешта се подготвуваат да потпишат вкупно 16 билатерални договори. Кинескиот претседател пристигна во Будимпешта доцна синоќа, на третата и последна станица од неговата европска посета. За време на неговиот…
Во издание на издавачката куќа „Бегемот“ излезе од печат заедничка книга со книжевно-теориски студии, осврти и есеи на Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, насловена „Градоначалникот на Хипнополис“. Се работи за книга диптих, целосно посветена на творештвото на академик Влада Урошевиќ. Во освртот за книгата, писателот Владимир Јанковски нагласува дека авторите нудат свое автентично читање на прозното и поетското творештво на Урошевиќ преку една двојна перспектива. -Имено, текстовите во книгата, од една страна, разјаснуваат некои од клучните аспекти на поетиката на Урошевиќ, а од друга страна, тоа е еден вид теориски дијалог за творештвото на авторот и меѓу Капушевска-Дракулевска и Мартиновски.…
Владата на Косово демантира дека веста за престанок на мандатот на американскиот емисар за Западен Балкан, Габриел Ескобар потекнува од неа, јави дописникот на МИА од Приштина. Одговорот на косовската влада, даден за радиото Глас на Америка, уследи откако самиот Ескобар денеска изјави дека одредени дезинформации за него се појавиле набргу откако тој комуницирал со Владата на Косово, за да разговара за неговиот премин на друга задача во американскиот Стејт департментот по завршувањето на неговиот актуелен мандат. -Немаме никаков контакт со дотичниот новинар, со кој не делиме став за неговите тврдења за емисарот Ескобар, се вели во владиниот одговор, откако…
Во шведскиот град Малме, каде што оваа година се одржува Евровизија, беше организиран протест против учеството на израелскиот претставник Еден Голан, а полицијата процени дека се собрале меѓу шест и осум илјади луѓе. Насобраните го извикуваат пропалестинското мото „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“. Локалните медиуми јавуваат дека толпата ги вклучува сите генерации, вклучувајќи ги и родителите со деца. Шведските власти ја зајакнаа безбедноста и се подготвуваат за можни немири во текот на викендот. Видливо е присуството на полицајци како патролираат по улиците на Малме и, од скутери на вода, низ градските канали,…
Полска почна да поставува уште поголем број метални бариери долж границата со Белорусија за да ја спречи илегалната миграција и планира да ја зајакне границата со Русија, соопшти денеска полското Министерство за одбрана. Полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камис, рече дека зголеменото присуство на полските и сојузничките воени сили во регионите во близина на границата, исто така, помага за заострување на контролата на источните граници на НАТО и на Европската Унија. Во интервју за приватното полско радио „Зет“, тој се заложи Полска да изгради линија од одбранбени бункери и ровови долж таа граница, како и по должината на границата со…
Како поддржувач на перспективата на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, Белгија одлучи да поддржи проект предложен од Центарот за европски безбедносни студии (ЦЕСС) за да се олеснат дискусиите меѓу сите политички чинители во земјата заради постигнување консензус околу одлуките што се потребни за да се заокружи почетната фаза од пристапните преговори за членство во ЕУ, изјави за МИА портпаролот на белгиското Министерство за надворешни работи, Давид Јорденс, – Овој проект има за цел да поттикне култура на компромис меѓу политичките партии и да се овозможат решенија, а со тоа и да се придонесе кон локализација на прашањето, изјави…
Златната топка која му беше доделена на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година, ќе се најде на аукција во Франција во јуни, објави денеска аукциската куќа Агутес. Ова е првата Златна топка што ќе се продава на аукција, а нејзината вредност допрва треба да се утврди. Аукциската куќа очекува да достигне милионски износ на денот на продажбата на 6 јуни. Марадона, кој почина во 2020 година, ја освои наградата откако ја предводеше Аргентина до триумф на Светското првенство во Мексико, постигнувајќи пет голови на турнирот, на кој играше на сите натпревари…