Author: Ана Василевска
Заштита на новинарите и активистите во Европската унија од неосновани и навредливи правни постапки е една од точките на дневниот ред на сесијата на Европскиот парламент што почнува денеска во Стразбур. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе дебатираат за новите правила за заштита на новинарите, медиумските организации, активистите, академиците, уметниците и истражувачите низ ЕУ од обиди да се замолчат преку неосновани и навредливи правни постапки. Гласањето за овие нови предлог-правила е предвидено за утре. Европратениците денеска ќе го разгледаат и Закон за реставрација на природата, предложен од Европската комисија, откако неговата предлог-верзија не беше…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска заминува за Соединетите Американски Држави, каде следните три дена ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Стејт Департментот. Маричиќ во Вашингтон ќе се сретне со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, Габриел Ескобар, со Робин Брукс, специјалниот советник за Европа на потпреседателката на САД, Камала Харис, Роб Ли, Директор на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот и амбасадорот Џим О’Брајан, Шеф на Одделот за координација на санкции при Стејт Департмент и именуван помошник Државен секретар за Европа и…
Огромно понижувањето за Евгениј Пригожин, Путин ја предаде контролата над медиумскиот бизнис на Вагнер на својата љубовница, гимнастичарката Алина Кабаева, како дел од големото преземање на корпорациите под контрола на шефот на парамилитантната организација, по неуспешниот пуч и егзилот на Пригожин во Белорусија. Како што пренесува Дејли Меил, гимнастичарката – „љубовница“ на Владимир Путин би можела да ја преземе функцијата од сопственикот на злосторничката парамилитантна група Вагнер, Евгениј Пригожин, како шеф на моќна медиумска компанија по неговиот неуспешен бунт против руското раководство, според извештаите. Алина Кабаева (40) е златна олимписка ритмичка гимнастичарка, за која се верува дека е мајка на најмалку…
И ова лето љубителите на електронска музика ќе имаат можност да уживаат на омилената плажа со најдоброто од електронската музика . Плажата Оревче која со години ја поддржува независната сцена, за претстојното лето нуди музичка програма која ги изненадува домашните посетители, но предизвикува гости и од други држави. Иако со задоцнето официјално отварање, поради доградба на нов денс подиум, оваа година менаџментот на плажата Оревче и нивните пријатели кои ја предводат македонската електронска сцена, се изборија да резервираат одлична музичка програма низ целото лето. Во програмата се вклучени светски и регионални реномирани артисти, чии настапи ќе бидат надополнети со истакнати македонски диџеи кои…
Премиерот Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со неговиот албански колега Еди Рама, на која во фокус на разговорот биле перспективите и придобивките од Берлинскиот процес, интеграциите во Европската Унија, како и важноста од натамошно зацврстување на билатералната соработка меѓу двете соседни земји, кои се членки на НАТО. Премиерите Ковачевски и Рама, соопштија од владината прес-служба, се согласиле дека евро-интегративните процеси на двете земји и важноста од недвосмислена посветеност е клучна во овие моменти на силни геополитички превирања, сè со цел земјите да станат полноправни ЕУ членки до 2030 година. По тет-а-тет средбата, премиерите на двете земји, одржале билатерална средба заедно…
Американскиот претседател Џо Бајден за време на денешниот разговор во Белата куќа со шведскиот премиер Улф Кристерсон го поддржа членството на Шведска во НАТО. На средбата со Кристерсон, Бајден им кажа на новинарите дека сака да ја потврди американската поддршка за членството на Шведска и додаде дека „со нетрпение го очекува“ нејзиниот прием, пишува Гласот на Америка. Кристерсон му се заблагодари на Бајден за поканата и додаде дека Шведска „многу ја цени“ поддршката на американскиот претседател и дека „мисли дека може да придонесе“ за приклучување кон воената алијанса. Во недела, Бајден ја започнува европската турнеја, за време на која ќе…
Според извештаите, Русија е во опасност да изгуби стратешка точка во близина на Бахмут што би можел да им дозволи на украинските сили да извршат напад врз градот. Кијив објави дека неговите сили биле во напад околу Клишчиивка, јужно од Бахмут, додека извештаите велат дека московските сили целосно се повлекле од селото, пренесува Телеграф. „Го напуштивме Клишчиивка“, рече Александар Сладков, ветеран руски воен дописник, вклучен во московските трупи, предупредувајќи дека блискиот Бахмут наскоро би можел да биде „под контрола на украинската артилерија“. Тој ги цитираше неговите извори меѓу руските војници во областа, кои велат дека на војниците им недостига муниција и…
Легализирање на истополовите бракови, како дел од стратегијата на Владата за време на вториот мандат, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Блумберг, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека „истополовите бракови ќе се случат во некој момент“ и тоа е дел од нивната стратегија. – Грчкото општество е многу поподготвено и позрело, истакна Мицотакис. Од СИРИЗА преку соопштение ја коментираа изјавата на грчкиот премиер и рекоа дека му посакуваат „добредојде на Мицотакис во современата европска реалност“ и потсетуваат дека тие пред една година доставиле соодветен предлог закон. Сега чекаме да видиме дали и кога Владата на…
Во Основниот кривичен суд денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е Драги Рашкоски. Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараше со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за поддршката на Шведска да се приклучи на НАТО. „Блинкен разговараше со Фидан за претстојниот самит на НАТО во Вилнус и ја охрабри Турција да ја поддржи Шведска“, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Тој ја истакнал важноста на единството на НАТО во „ваков критичен момент“. Соговорниците разговарале и за важноста од проширување на Црноморската иницијатива за жито. САД и Турција имаат долготрајни и длабоки билатерални одбранбени врски, а континуираната интероперабилност на Турција со НАТО останува приоритет.
Францускиот претседател Емануел Макрон тврди дека демонстрантите користат Snapchat, TikTok и Telegram за да снимаат насилни настани и да организираат нелегални собири. Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше за можноста за забрана на пристап до одредени функции на социјалните мрежи, на состанок со локалните градоначалници во градовите во кои беа забележани насилни протести. Макрон им кажа на околу 300 локални лидери дека „треба да размислиме за користењето на социјалните мрежи меѓу најмладите и за забраните што мора да ги воведеме“. „Кога работите ќе излезат од контрола, можеби треба да се ставите во позиција да ги регулирате или намалите“, додаде Макрон. Портпаролот…
Европската ракета „Аријана 5“ за последен пат полета од Француска Гвајана вчера, носејќи два воено-комуникациски сателити, но и оставајќи ги своите земји-основачки со вакуум во независниот пристап до вселената првпат по повеќе од четири десетлетија. Мисијата за поставување на францускиот сателит „Сиракуз 4-Б“ и германскиот „Хајнрих Херц (Х2Сат)“ во геостационарната орбита го означува крајот на програмата „Аријана 5“ по 27 години работа. Ова беше 117-та и последна мисија за тристепената, 53 метри висока ракета што ја напушти лансирната рампа на космодромот „Куру“ во 19 часот по локално време. Оперативната употреба на нејзиниот наследник – „Аријана 6“ е одложена до 2024…
