Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ За да биде иронијата видлива и безобразна, кога го најавија „сенародниот“ протест, го бранеа правото на слобода на изразување, но и пред и после протестот стана јасно дека огромен дел на поддржувачите на оваа иницијатива на МПЦ-ОА, на слободата на изразување ѝ ставија знак за еднквост со говорот на омраза со кој се деградира, омаловажува, навредува и се поттикнува нетолеранција, непријателство, па и закани за насилство кон другите и инакуразмислувачките. Како што претпоставив и најавив, протестот што МПЦ-ОА го организираше на 29 јуни не донесе ништо добро и беше само уште еден чекор во злоупотребата на разликите и…
Поранешната министерка за правда Рената Дескоска порача преку статус на Фејсбук Уставниот суд да го поништи новото упатство и да го укине спорниот дел од законот за матична евиденција -Одлуката на Уставен суд да почне постапка е добра вест, а законот е испочитуван бидејќи тој предвидува националност во матичните книги, а не во изводот. Изводот не мора да ги содржи сите податоци од матичната книга, објави Дескоска, откако Уставниот суд одлучи да го преиспитува новото Упатство за матични книги. Таа наведува дека етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на…
Дали албанскиот премиер Еди Рама во саботата навести дека е можен крај на иницијативата „Отворен Балкан“? Тој во интервју зборувал за „Отворениот Балкан“ во минато време, како да е веќе завршена мисија, пишуваат албанските медиуми. „Берлинскиот процес е нашата главна оска. Отворен Балкан беше иницијатива која се роди од потребата да се турка напред кон Берлинскиот процес и ја исполни мисијата за која е роден. Сега мораме да се втурнеме во Берлинскиот процес бидејќи ја имаме оваа можност, го имаме Берлинскиот процес во Тирана“, рекол албанскиот премиер. Српскиот претседател се огласил и истакнал дека веќе се дел од Берлинскиот процес.…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. – Почитувани пријатели од Соединетите Американски Држави, Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам Денот на независноста на САД, со желби за континуирани просперитет и благосостојба на пријателскиот американски народ. Оваа година нашите американски пријатели ја одбележуваат 247-та годишнина од усвојувањето на Декларацијата за независност од 4 Јули, 1776 година – денот кога храбрите американски татковци одлучија да ја земат судбината во свои раце и да работат кон изградба на земја која ќе им…
Појавата албански граѓани, но и странски државјани, кои се обидуваат да внесат поголеми износи пари во земјата, но и да изнесат, а да не ги пријавуваат, е едно од кривичните дела кое бележи раст последните години. Според статистиката на албанската полиција, во првите шест месеци од годинава граничната полиција запленила околу 1,5 милиони евра, најголем дел од овие случаи се откриени при влез на албанската територија. Од контролите е докажано дека премини каде што поминале најмногу непријавени пари е меѓународниот аеродром во Тирана и пристаништето Драч. Запленети се евра, долари, британски фунти и швајцарски франци. Само во март, на граничните…
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска информираше дека по објавениот Оглас за распределба на капитални дотации во областа на културата, од вкупно 13 пристигнати проекти од 11 општини, доделени се средства за девет проекти за чија реализација се распределени околу 40 милиони денари. Како што соопшти Министерството за култура, министерката посочила дека Маврово и Ростуше во с. Тресонче и Општина Кривогаштани ќе добијат мултифункционални културни центри, а ќе се санира и културниот центар во Валандово. -Инвестираме и во сценската инфраструктура на Крушево како важен културен, историски и туристички центар, како и во живописното Кратово, град кој е сѐ поатрактивна туристичка…
Руските вооружени сили имаат модрици, но во никој случај не се поразени во војната во Украина, изјави денеска претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер и најави најголема промена од Студената војна во воените планови на Алијансата, во случај Москва да се осмели да го прошири конфликтот. Тој додаде дека „никогаш не треба да ги потценуваме Русите и нивната способност да се закрепнат“. Бауер истакна дека новото планирање на НАТО се заснова на силата на руската војска пред рускиот претседател Владимир Путин да започне војна против Украина во февруари минатата година. Според него војната ја исцрпила руската пешадија, но…
Српската листа ја повика Владата на Србија да ги прогласи специјалните единици на косовската полиција на северот на Косово и „разузнавачките структури кои вршат хибридни операции насочени кон прогон на српскиот народ“ за терористички организации, јави дописникот на МИА од Белград. Во отвореното писмо до Владата на Србија, Српска листа предупреди дека „параполициските, специјалните и разузнавачките структури на режимот на Албин Курти ги загрозуваат мирот, безбедноста на српскиот народ, како и мирот на целиот Западен Балкан“. – Ви предлагаме, во согласност со вашите овластувања, итно да донесете соодветна одлука, со која сите специјални единици кои Курти незаконски ги чува на…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Ако добро ги исчитувам работите и појавите, авторитетот на Путин е сериозно разнишан. Опскурниот олигарх и паравоен командант Јевгениј Пригожин, со својата формација наречена „Вагнер“, стана најголемиот страв на Москва за повеќе од две децении неограничена власт на Путин. Притоа, тоа јасно ни говори за слабоста на режимот на Кремљ. Историјата е, барем во денешниот контекст, голема ироничарка за оние земји кои се „тројански коњи“ на Русија. Ние, фала му на Бога, не сме дел од таквите коњи, барем што се однесува до актуелната и доминантна политика во земјава. Ама тоа не значи дека такви „тројански коњи“ на…
Разговараше: Ана Василевска Владата на Џорџа Мелони, дава силна поддршка за европската интеграција на РС Македонија. Ова го тврди амбасадорот на Република Италија во РСМ, Андреа Силвестри во интервјуто за нашата редакција. Тој истакнува дека сега сме во фазата на скрининг која би требало да заврши отприлика во ноември. „Но, во тој момент, доколку Северна Македонија ги има усвоено уставните амандмани, ќе следи автоматско свикување, т.е. без никакви дополнителни услови од ниту една друга земја, на Втората меѓувладина конференција и отворање на првиот преговарачки кластер.“ Со Силвестри разговараме во пресрет на 30 годишнината од воспоставување на дипломатските односи со Италија.…
Противниците на планот за судски реформи во Израел денеска го блокираа пристапот до пристаништето Хаифа, по серијата демонстрации во земјата и во странство за време на викендот. Протестите се одржуваат денеска и покрај големата воена операција на израелската армија на окупираниот Западен Брег во која загинаа најмалку седум Палестинци, а 27 се ранети. Организаторите соопштија дека демонстрациите ќе кулминираат попладнево со блокирање на пристапот до меѓународниот аеродром Бен Гурион, крај Тел Авив. Стотици демонстранти ги спречуваат возилата да се приближат до најголемото израелско пристаниште Хаифа, каде што се распоредени силни полициски сили. Поставена е бодликава жица преку патот што води…
Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 169-та сесија во јуни оваа година го поддржа филмскиот проект на режисерката Тамара Котевска „Човек против јато“ со износ од 265.000 eвра. „Ова е втор македонски проект кој е поддржан оваа година од Еуримаж, а е во режија на Тамара Котевска. Копродукцијата е помеѓу македонските продуценти Аполо Креатив Солушнс и Астерикс продукција и копродуцентите Филмоскопија од Србија, Зеинофилм од Турција и Нуклеус филм од Хрватска, изјави Тања Ќурчинска Пепељугоска“, македонскиот национален претставник во Еуримаж. Таа напомена дека куриозитет е што беа пријавени 111 копродукциски проекти, бројка која не се памети во една иста сесија во…