Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Албанското Министерство за финансии на утрешната аукција ќе понуди 6 милијарди леки (61,1 милиони долари/56,3 милиони евра) едногодишни и тримесечни државни обврзници. -Понудата вклучува државни обврзници во вредност од 5 милијарди лека кои доспеваат на 4 јули 2024 година и државни обврзници од 1 милијарда леки со рок на достасување до 5 октомври 2023 година, според календарот на идните аукции на државни хартии од вредност објавен од Централната банка, јавија албанските медиуми. На последната едногодишна аукција на државни обврзници одржана на 27 минатиот месец, Министерството за финансии продаде државни хартии од вредност во износ 7 милијарди лека. На последната аукција,…
Центар за гонење на злосторствата извршени за време на руската агресија во Украина треба да се отвори денеска во рамките на Агенцијата за кривично-правна соработка на Европската унија (Евроџаст). Агенцијата со седиште во Хаг се очекува да собере докази и да подготви насочени обвиненија против наводните сторители. Инволвираните правосудни органи не ја исклучуваат можноста за кривично гонење на руското раководство. Во работата на центарот се вклучени Украина, неколку земји од ЕУ, но и Меѓународниот кривичен суд. На отворањето се очекува да присуствува и висок претставник на американското правосудство. Во рамките на Агенцијата за кривично-правна соработка на ЕУ веќе е формирана…
Извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали, секогаш е подготвен да разговара со канцеларот Олаф Шолц за враќањето на трката за Големата награда на Германија. Доменикали рече дека враќањето на трките во Германија е важно со оглед на влезот на „Audi“ во Ф1 во 2026 година. „Не бараме 100 милиони евра за организирање на Гран при, но во исто време, ние не работиме добротворна работа. Организацијата на Гран при треба да има смисла за нас. Доколку канцеларот Шолц или релевантниот министер се отворени за дискусија, јас сум на располагање во секое време. Сакам да имам сигурна финансиска поддршка, а Германија…
Ситуацијата на северот на Косово е сè уште кревка, и покрај преземените чекори за намалување на тензиите, изјави специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, јави Мина. Лајчак на Фејсбук напиша дека последните два дена ги поминал во Брисел, каде што тој и неговиот тим тесно соработувале со меѓународните партнери за да ги координираат следните чекори за решавање на кризата во северно Косово. Тој додаде дека разговарал со членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и со шефот на Генералниот директорат за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Купман, за…
Педро Санчез ги изложи своите приоритети, кои вклучуваат поголема поддршка за Украина, еколошката транзиција и решавање на миграциското прашање во Европа. Шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се состанаа во неделата во Мадрид за да разговараат за приоритетите на шестмесечното шпанско претседавање со Советот на Европската унија. Приоритетите вклучуваат реиндустријализација на ЕУ и гарантирање на нејзината отворена стратешка автономија, постигнување напредок во еколошката транзиција и адаптација на животната средина, промовирање поголема социјална и економска правда и зајакнување на европското единство. Педро Санчез го прими Чарлс Мишел во палатата Ла Монклоа еден ден по неговото патување…
Папата Франциск изјави дека го налутило и згрозило палењето на светата книга Куран и дека го осудува и отфрла дозволувањето на таквиот чин како форма на слобода на говор. „Секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа“, кажа папата во интервју за весникот од Обединетите Арапски Емирати „Ал Итихад“, што денеска е објавено. „Јас сум лут и згрозен од тие постапки. Слободата на говорот никогаш не смее да се користи како алатка за презирање на другите, а дозволувањето на тоа е отфрлено и осудено“, кажа папата во интервјуто…
Поранешниот министер и пратеникот со долгогодишно парламентарно искуство Сократис Фамелос ќе биде привремениот шеф на пратеничката група на СИРИЗА, а во септември партијата ќе одбере нов лидер, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Политичкиот секретаријат на СИРИЗА вчера одржа маратонски состанок, на кој била донесена одлука Фамелос да ја предводи партијата и пратеничката група во периодот до избор на нов лидер, особено во пресрет на тридневната расправа во Парламентот од четврток до сабота за гласање доверба на Владата. Партиски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА брифирале дека пратеничката група денеска ќе одржи состанок за да ја ратификува…
Најстариот дневен весник во светот, виенски „Винер цајтунг“ денеска го објави своето последно печатено издание, по повеќе од три века постоење. Весникот првпат бил отпечатен на 8 август 1703 година под името „Винеришес дијариум“ (Виенски дневник) со цел да пренесе трезвени информации за веста, „без реторичка или поетска помпа“. На насловната страничка денеска осамна – „320 години, 12 претседатели, десет цареви, две републики, еден весник“. Винер Цајтунг е во сопственост на австриската влада, но весникот одржува независна уредувачка политика. Неодамна компанијата претрпе остар пад на заработката поради новиот закон, со кој се укина одредбата дека сите сојузни закони, владини прописи,…
Одлуката на Владата на Косово да ги прогласи организациите „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ за терористички не е донесена во координација со САД и другите меѓународни партнери, се наведува во одговорот на Стејт департментот до Глас на Америка. „Требаше да се координираат со најблиските меѓународни партнери, вклучувајќи ги и оние чија примарна одговорност е да се обезбеди стабилност на Косово. Уште еднаш го повикуваме Косово да се воздржи од еднострани потези во време кога работиме со сите страни за решавање на актуелната криза“, се наведува во одговорот до албанскиот сервис на Глас на Америка. Беше посочено и дека САД го…
ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Ми се чини дека со употреба на глагол како „идентитување“ би се расчистила маглата зошто повторувачите на „идентитет“ не само што не придонесуваат за напредок на системот, туку многу често го ентропираат кон распаѓање, дури и без да се прекршители или криминалци. Знам дека го нема глаголот „идентитува“ во македонскиот јазик, но што си помисливте кога го прочитавте? Прво, веројатно, дека е грешка. Само „идентификува“ има. Но, нели ве влече да помислите дека идентитува(ње) можеби значи нешто во врска со „имање идентитет“? Можеби се повредуваме и себеси, и колективите од кои сме дел, и општествата, можеби и цел…
Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Централниот регистар и Финансовата полиција треба да постапат во согласност со нивните надлежности во случајот со продажбата на деловната зграда „Соравија“, како што постапуваат за секој друг случај за кој што постои сомнеж, изјави денеска во Собранието премиерот Димитар Ковачевски. Тој одговарајќи на пратеничко прашање од Драган Ковачки од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со купувањето на деловната зграда „Соравија“ од страна на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој на 24 години, како што вели Ковачки, поседува четири компании, а со нула евра добил 39 проценти од фирмата, Ковачевски рече дека не…
Францускиот претседател Емануел Макрон го напушти Самитот на Европскиот совет во Брисел порано за да се врати во Париз и да одржи итен безбедносен состанок поради немирите во земјата. Макрон ја откажа планираната прес-конференција во Брисел и замина за Париз, јавија француските медиуми. Во текот на ноќта демонстрантите поставија барикади, палеа и фрлаа кон полицијата, која одговори со солзавец и водени топови. Во третата ноќ од немирите за убиството на тинејџер уапсени се над 600 лица, од кои повеќе од 300 само во Париз, соопшти МВР на Франција. Повредени се најмалку 200 полицајци.