Author: Ана Василевска

Странските влади евакуираа дипломати, персонал и граѓани од Судан во неделата додека ривалските генерали се борат деветти ден. Два француски авиони полетаа во неделата од Картум до Џибути, превезувајќи околу 200 луѓе од различни земји, а повеќе беа планирани за понеделник. Италијанското воено воздухопловство Ц-130 што го напушти Картум со евакуирани лица, слета во неделата вечерта во воздухопловната база во Џибути, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Друг авион, со италијанскиот амбасадор и воениот персонал вклучен во евакуацијата, се очекуваше во Џибути подоцна во ноќта. Шпанија евакуираше од околу триесет нации и 70 други од европските или латиноамериканските земји во…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не го прифатил европскиот договор за Косово, но дека го поддржува концептот и спроведувањето на тој план „до одредени граници“. „Никогаш не сум прифатил никаков договор. Вие немате ниту една моја изјава дека ја прифаќам, туку дека го прифаќам концептот и дека сме подготвени да работиме на имплементација на договорот до одредени граници“, рече Вучиќ, одговарајќи прашања на новинарите по телевизиско обраќање до граѓаните. На прашањето на кого мислел кога рекол дека го измамиле за Косово, Вучиќ рече дека тоа се „европски и западни претставници“. „Ме излажаа. Од првиот ден мислев на западните…

Read More

Судот на честа при Лекарската комора на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од 7 години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето. Судот на честа, соопштија од Лекарската комора, утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на Лекарската комора, како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика. Докторот на медицина, посочуваат од Лекарската комора, својата професија…

Read More

Иницијативата „Отворен Балкан“ досега овозможи извозот или увозот на прехранбени производи меѓу земјите-членки да се намали до 50 отсто, директните трошоци за даноци и такси се намалени до 80 отсто, што резултираше со зголемување на трговската размена во регионот на Отворен Балкан за речиси 30 отсто, покажа денеска истражувањето на Американските стопански комори (AmCham) во Србија, Северна Македонија и Албанија. „Иницијативата Отворен Балкан претставува одлична можност за либерализација на капиталните текови, бидејќи ќе го направи регионот поатрактивен за нови инвестиции, како и за проширување на инвестициите“, рече претседателот на Амчам, Стефан Лазаревиќ, на конференцијата „Регионална економска соработка, Отворен Балкан: што…

Read More

Народниот правобранител Насер Зибери денеска пред пратениците го презентираше извештајот за работата за минатата година. Бројот на поднесените претставки од граѓаните до оваа институција е зголемен за речиси 20 отсто, во однос на претходната година. Граѓаните и натаму најмногу се жалеле на постапките за извршување, за вработување, за исплатата на плати и други надоместоци, за повреда на нивните права како потрошувачи, за проблемите кои ги имаат при наплатата на даноците, денационализацијата, за работата на полицијата, за повреда на правата во постапките од имотно-правните односи, во постапките поврзани со урбанизмот, домувањето, бараа заштита на нивните права пред единиците на локалната самоуправа…

Read More

Во објавата на нивната веб страна во која стои дека “Министерот Благој Бочварски потврдил дека почнал да тече рокот за плаќање на пенали кон Изведувачот”, најодговорно тврдиме дека се груби невистини и чиста манипулација на јавноста“, сооштуваат од Министерството за транспорт и врски. Од таму велат дека министерот Бочварски во својата изјава на која присуствуваа и други национални медиуми, токму на прашање на новинар на телевизија Телма, изјави: “Во однос на почетокот на градбата ние веќе информиравме дека 22 април е старт каде што изведувачот започнува со изработка на проекти, на урбанистички на основни проекти, со цел да започне и…

Read More

Локалните избори на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за четирите општини во кои се одржаа, а тоа е можно само со трајно враќање на косовските Срби во институциите, што Косово треба да го овозможи, соопшти денеска Европската Служба за надворешни прашања (ЕЕАС). Во писмената изјава по повод вчерашните избори за градоначалници на Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток и за собранија на општините Звечан и Лепосавиќ, портпаролот на ЕЕАС Петер Стано наведува дека „работата на формирање на Асоцијација /Заедница на општини со српско мнозинство треба да се заврши што е можно поскоро“. ЕУ признава дека вчерашните…

Read More

Климатските активисти од групата „Последна генерација“ денеска, како што најавија, се собраа на голем дел од улиците во Берлин, па сообраќајот во најголемите делови на градот беше блокиран. – Сообраќајот беше блокиран на околу 30 места во градот каде што активистите или се залепија на патиштата или се собираа во групи на улиците, се вели во соопштението на полицијата. Како што дополнително беше соопштено, над 500 припадници на полицијата излегле на терен и ќе се обидат да го одблокираат сообраќајот. Групата „Последна генерација“ минатата недела најави дека од понеделник „масовно ќе ги блокира“ улиците во Берлин. Помали акции беа спроведени веќе минатата недела. Целта на активистите за заштита на животната средина е да ја…

Read More

Законски решенија и дигитализација во јавната администрација и услугите за граѓаните најавува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. На брифинг со медиумите Алиу денеска соопшти дека е при крај подготовката на Стратегијата за реформа на јавната администрација, а со неа се опфатени повеќе закони што треба да се донесат и за кои веќе се почнати активности. Како што рече Алиу, со законот за плати во јавниот сектор треба да се најде системско решение за платите во овој сектор, а со законот за административни службеници во процесите ќе се применува мерит системот, но со јасни индикатори. Со законот за…

Read More

Телата на уште 26 осомничени членови на сектата беа пронајдени од полицијата во неделата во Кенија, на земјиште во сопственост на свештеник кој беше уапсен затоа што наводно им рекол на своите следбеници да постат до смрт за да „го запознаат Исус“. Најновото откритие го зголемува бројот на откриени трупови поврзани со движењето, на 47. „Денес ексхумиравме уште 26 тела и со тоа вкупниот број на тела од тоа место се искачи на 47“, изјави шефот на криминалистичката истрага во крајбрежниот град Малинди, источна Кенија, Чарлс Камау. Во саботата, полициски извори соопштија дека 21 тело биле ексхумирани во Кенија во…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е уверен во способноста на неговата земја да ја одбие руската инвазија и додаде дека Украина се подготвува за контраофанзива. Во интервју за „Ал Арабија“ украинскиот претседател призна дека ситуацијата е „предизвикувачка“, но дека неговата земја се зајакнува за борбата. „Не можам да ја опишам ситуацијата како добра, но ние се бориме. Посилни сме од пред една година“, рече Зеленски. Украинскиот претседател ја минимизираше важноста на објавените американски документи поврзани со контраофанзивата, а истовремено изрази уверување во нејзиниот успех, иако не наведе никакви детали. Зеленски зборуваше и за ситуацијата во градот Бахмут, каде што…

Read More

Европската идеја е гориво за прогресот на овој регион, но и лепакот за различните наративи кои живеат во оваа држава и ги држи заедно во една сплотена приказна, а прашањето на уставни измени поврзани со европскиот процес се суштинска и неповторлива шанса за да влеземе во последната фаза пред членство во Европската Унија, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. „Не сум сигурен дека ако ја пропуштиме оваа шанса нема да ги направиме истите уставни измени меѓутоа повторно после 10 или 15 години откако уште половина милион народ ќе отиде од државата и ќе се изгуби надежта за европска…

Read More