Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Европската идеја е гориво за прогресот на овој регион, да не ја пропуштиме шансата за стартување на последната фаза пред членство во ЕУ

0
By Ана Василевска on April 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Османи-Буено
Османи-Буено
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 14, 2023 17:08

Европската идеја е гориво за прогресот на овој регион, но и лепакот за различните наративи кои живеат во оваа држава и ги држи заедно во една сплотена приказна, а прашањето на уставни измени поврзани со европскиот процес се суштинска и неповторлива шанса за да влеземе во последната фаза пред членство во Европската Унија, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Не сум сигурен дека ако ја пропуштиме оваа шанса нема да ги направиме истите уставни измени меѓутоа повторно после 10 или 15 години откако уште половина милион народ ќе отиде од државата и ќе се изгуби надежта за европска перспектива со сите последици што ги има“, рече Османи во одговор на новинарско прашање по прес-конференцијата со шпанскиот колега Хосе Мануел Албарез Буено во Скопје.

Како што потенцира, сите последици ќе ги трпиме зашто некои политичари пресметале дека ќе добијат еден глас повеќе на избори.

„Тоа го видовме со прашањето со името, а дали ќе дозволиме и втор пат тоа е прашање за кое треба да одлучиме сите. Поради геополитичките околности предвидувам дека ќе се овозможи забрзана патека за Балканот поради договорот Србија – Косово. Тоа го потврдуваат сите – дека има сериозно разбирање за важноста Балканот да се консолидира. Ако ја пропуштиме шансата и влеземе во состојба на изолација ние нема да може да се вклучиме на таа брза патека, туку ќе чекаме да созрее идејата и после декада и повеќе да седнеме и да ги направиме истите уставни измени, но после изгубени многу години заради политичари на кои им е важно како ќе поминат на следните избори и воопшто не им е важен интересот на граѓаните и на државата, посочи Османи.

Истакна дека Бугарите можат да влезат во македонскиот Устав само како дел од бугарскиот народ и никако поинаку.

„Мислам дека се уште има можност и шанса опозициските партии да бидат дел од процесот на уставни измени затоа што овој момент е неповторлив. И пред 15 до 20 години некој велеше ова е неповторлива шанса кога имаше обиди да се направи договор за името со Грција. Навистина ова е шанса која е неповторлива затоа што изгубивме 20 години, изгубивме цели генерации и ја изгубивме шансата да бидеме во пакет со Словенија и Хрватска во Европската Унија зашто заедно почнавме. Ние неколку месеци пред Хрватска потпишавме Договор за стабилизација и асоцијација. Но, исто и тогаш политичари кои не размислуваа за идните генерации, туку за идните избори не доведоа до ситуација да имаме договор со Грција, меѓутоа возот да е отиден. Тоа ќе ни се случи и сега доколку не научиме од лекциите од минатото“, порача Османи.

Ако се чесни политичките партии кои имаат идеи и објективни предлози за промена на Уставот, нагласи, тие треба да бидат дел од процесот за уставни измени инаку ќе се сфати дека е игра со граѓаните.

„Сметам дека е важно дебатата за уставни измени да биде во комисијата, а не во јавноста, бидејќи се губи целта на таа дебата. Треба да предложат членови во комисијата за таму да ги претстават своите идеи. Ако има расположение кое ќе го помогне процесот на уставни измени поврзани со европската рамка добро, ако гледаме дека ќе се користат само како алиби за да се блокира процесот, лично како министер за надворешни работи мислам дека треба да сме внимателни“, посочи Османи.

Имам предлог, но не сакам да бидам дел од комисијата каде се даваат предлозите според него не е опција.

„Ако зборувате со граѓаните и им кажете имам одредена идеја по однос на уставните измени, но не сакам да учествувам во процесот кој е предвиден за уставните измени давате порака дека целта ви е да правите политика да се обидете да добиете партиски и политички поени, но немате намера или да ги спречите или, пак, да ги помогнете уставните измени. Напротив ваша цел е вашиот партиски интерес, следните избори. Токму тоа е точната дефиниција на таквиот пристап – имаме идеја, имаме желба, меѓутоа не сакаме да бидеме дел од процесот“, потенцира Османи

Бујар Османи ЕУ уставни измени Хосе Мануел Албарез Буено
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.