Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
По повеќемесечни темелни подготовки, овој четврток, 25-ти април, “Црна Мачка Продукција“ ќе го означи почетокот на снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов “17“, дебитантското долгометражно остварување на Косара Митиќ. „17“ жанровски се дефинира како coming – of – age филм. Инспириран е од вистински настан и обработува тема посветена на младите во нивните критични тинејџерски години, кога тие се најранливи и под постојан притисок да се вклопат во средината и кога донесените одлуки може да остават длабока трага во нивните животи. Филмскиот проект “17“, „Црна Мачка Продукција“ го реализира во копродукциска соработка со „Арт&Покорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, со поддршка од „Агенција за Филм на Република Северна Македонија“, „Филмскиот Центар на Србија“ и „Словенечкиот Филмски Фонд“. Филмската екипа која е ангажирана на…
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ вечер гостува во Велес, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот.“ Од Националниот џез оркестар информираат дека на концертот „Џез Лектира“ се осврнуваат на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба…
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи. Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Техничкиот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека во тек се прелиминарни разговори со десничарското „Татковинско движење“ за формирање парламентарно мнозинство и рече дека тој ќе формира нова влада, а не опозицијата предводена од Социјалдемократската партија (СДП). Тој оцени дека СДП е губитник на изборите, а нивниот кандидат за премиер, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е прекршител на уставот. – Им гарантирам дека нема да стигнат до 76 пратеници (парламентарно мнозинство), изјави Пленковиќ по состанокот на раководството на партијата во Загреб. Тој повтори дека во тек се прелиминарни разговори со Татковинското движење (ДП) и дека…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) изутринава апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, умерен ветер и со снег на повисоките места. Кога се оди со возило на планините, препорачливо е да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот. – Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, ќе се извршат во повеќе наврати минирања на теренот, информираат од ЦУК. Изминатото деноноќие немало пожари на отворено, имало само урбани. – ЦУК…
Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник. „Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел. Конечниот пакет, што предвидува 95…
За убиството на полицаец во декември минатата година за време на одбојкарски натпревар во Атина, но и за други инциденти поврзани со спортско насилство, грчката полиција уапси 67 лица, кои утрово ќе бидат изведени пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Началникот на грчката полиција Димитриос Малиос рече дека во изминатите четири месеци, во строга тајност била спроведена опсежна истрага за „целосно расчистување на криминалниот хулигански напад“ во атинската населба што резултираше со смрт на полицаецот. – Произлегоа докази за криминална организација, составена од 158 членови, која, најмалку од 2019 година, извршила кривични и прекршочни дела и дејствувала…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека се исплатени дополнителните директни средства за обележани грла говеда постари од 12 месеци. Со исплатата им се префрлени 100 милиони денари на 4 033 одгледувачи на говеда. Висината на директните плаќања изнесува 2 600 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци. Со оваа подмерка се опфатени земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.
Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија. Халеви синоќа ги „одобри понатамошни чекори“, рече портпаролот на армијата Даниел Хагари. Израелскиот ТВ канал Кан јави дека дел од плановите е воена операција во градот Рафа на југот од енклавата долж границата со Египет. Најверојатно наскоро се очекува евакуација на цивилното население. Портпаролот на израелската армија вчера директно им се обрати на заложниците кои ги држи Хамас. – Ќе продолжиме да се бориме додека не дојдете дома, рече тој и додаде: Роднините на заложниците се во неподнослива ситуација…
Ќе успееме ли за помалку од четири години да направиме Скопје да блесне во сиот свој сјај и да го претставиме во најдобриот културен центар досега, како би можеле пред светот да се гордееме со титулата „Европска престолнина на културата“ во 2028? Тони Димков, уредник на „Културен печат“, за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028, во изјава за Фронтлајн вели: Да се анимираат граѓаните за свој волонтерски придонес! „Титулата ‘Европска престолнина на културата’ е чест, но и огромен предизвик за Скопје. До 2028 година има помалку од четири години, а како одминува времето дилемите дали Скопје ќе успее да одговори на…
За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и на Дојранското Езеро во споредба со вчера, а нивото на Преспанското Езеро е исто како вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостојот на двете езера е повисок од просечниот за април и тоа за два сантиметра кај Охридското, односно за 1,46 метри кај Дојранското Езеро. Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за 2,15 метри пониско од просечното и е еден сантиметар под апсолутно појавениот минимум од 841,91 метри надморска висина. Понизок од просечниот е и водостојот на речиси сите реки во…
Откако филмот како уметност ме ќари засекогаш, се појавија и видеорекордерите. Можноста да ми бидат достапни сите филмови на Федерико Фелини, Стенли Кјубрик, Бернардо Бертолучи и сите великани во филмската историја претставуваше откривање еден свет, кој заедно со литературата и музиката ми станаа императив за постоењето. Разговор со Ана Василевска што го водеше Тони Димков за книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ , е објавен во Слободен печат. Во Македонија не се снимаат многу филмови, но нема ниту многу филмолошки изданија што го следат развојот на кинематографијата, а таа празнина барем за момент ја покрива книгата „Дискретниот шарм на македонскиот…