Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Италија најави дека ќе се заложи за закон со кој се наметнуваат петцифрени казни за вандалите кои оштетуваат споменици или други културни локации, за да помогнат во плаќањето за поправките и расчистувањето. На состанокот на кабинетот во вторникот на 11-ти април, владата го одобри предлог-законот за кој се залагаше министерот за култура, кој ќе наметне казни од 10.000 евра до 60.000 евра. Десничарската влада на премиерот Џорџија Мелони има удобно мнозинство во Парламентот, па се очекува предлогот лесно да биде одобрен и усвоен во закон. Министерот за култура Џенаро Санџулијано рече дека неодамна владата ја чинело 40.000 евра за чистење…
Сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија не го поддржуваме, бидејќи се создаваат услови за едни на сметка на нарушени услови на други, истакна директорката на Филхармонија – Тина Иванова. Директорката заедно со претседателот на Синдикатот на Филхармонија – Владимир Лазаревски и претседателката на Управниот одбор – Зорица Каракутовска на денешната конференција одржана во Филхармонија потенцираа дека немале ниту информација, ниту пак биле консултирани за одлуката на Министерството. „Застанувам зад колективот зад единствениот став на сите вработени не само поради солидарноста, туку и поради реалната потреба, брендот на македонската култура да не биде предмет…
Велика Британија денеска соопшти дека воведува санкции за луѓе блиски до руските олигарси, вклучително и членовите на придружбата на Роман Абрамович и Алишер Усманов, кои ги обвинува дека им помагале да го скријат својот имот. Меѓу погодените од новите британски санкции се Деметрис Јоанидес и Христодулос Василијадес, двајца кипарски државјани. Според Лондон, првиот стои зад офшор структурите што ги користел Роман Абрамович за да скрие 760 милиони британски фунти (863 милиони евра) пред да биде санкциониран по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Британските санкции се насочени и против неколку структури на мрежата на Алишер Усманов, како и против членови на пошироките семејства на други…
„Ние можеме и сега да се откажеме и да речеме, знаете што, многу е тешко и неправедно, ама нема да ја исполниме нашата цел да станеме членка на ЕУ. Треба да имаме предвид дека Србија и Косово по овој напредок во дијалогот ќе добијат ветер во грб за напредување, Црна Гора ќе добие ветер во грб, Албанија секако бидејќи немаат крупни прашања пред себе. Суштинското прашање е дали сакаме да останеме во категорија со земјите кои преговараат или да одиме со Босна и Херцеговина и Косово“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24. То додаде…
Во Косово се уапсени 4 полицајци за непријавување и учество во ранувањето на лице од српска националност во Лепосавиќ, од амбасадата на САД во Приштина изразија загриженост за случувањата на северот, Српската листа реагираат на реакцијата на САД. Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот. КОСОВО Коха: Уапсени 4 полицајци суспендирани поради инцидентот на северот на Косово „Инспекторите на Полицискиот инспекторат на Косово уапсија четворица полицајци кои синоќа повредиле едно лице во Лепосавиќ. Од ПИК соопштуваат дека врз основа на досега обезбедените информации и докази суспендирани се четворица полициски…
Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера нагласи дека ги поддржува уставните измени, но напомена дека не е оптимист за договор меѓу политичките партии околу промените на Уставот. Министерството за правда вчера ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени предложени од парламентарните политички партии и од институциите. Свои претставници предложиле десет партии од власта и три институции, додека без свои претставници во групата ќе бидат опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса, ДС, СПМ и ГРОМ. Од Министерството за правда велат дека имињата на експертите, кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе бидат соопштени…
Сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека управувањето со оваа социјална мрежа е „прилично болно“ и „турбулентно“ и дека ќе ја продаде компанијата доколку дојде вистинската личност, пренесува Би-Би-Си. Маск, кој сè уште е на чело на производителот на автомобили „Тесла“ и ракетната компанија Спејс Икс (SpaceX), го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври, а неговото лично богатство се проценува на речиси 190 милијарди долари, што го прави вториот најбогат човек, според листата на милијардери на Форбс во светот. Тој денеска во интервју за Би-Би-Си, кое привлече повеќе од три милиони следбеници, на прашањето дали се кае што…
Исчезнувањето на ватиканската ученичка Емануела Орланди пред 40 години, што е една од најдолгогодишните мистерии во Италија, влезе во ново поглавје. Братот на исчезнатата ученичка се сретна со ватикански истражител овластен од папата Франциск да се обиде да го расветли случајот. Станува збор за 15-годишната ќерка на службеник на Ватикан, која не се вратила дома на 22 јуни 1983 година по час по музика во Рим. Главниот обвинител на Ватикан, Алесандро Диди, повторно ја отвори претходно неубедливата истрага на Ватикан во јануари, откако го наследи досието од неговиот пензиониран претходник. Постариот брат на Емануела, Пјетро и семејната адвокатка Лаура Сгро…
Очекувам ова Народно собрание, за разлика од претходните, да го поддржи европскиот курс поставен од преодната влада со усвојување на законите што ги изготви во рамките на Планот за закрепнување и одржливост, што ќе привлече значителни финансиски средства и ќе ги забрза реформите потребни за модернизација на земја, истакна претпладнево бугарскиот претседател Румен Радев на конститутивната седница на новото 49-то Народно собрание. Според Радев, на 49. Народно собрание му е доделена судбинска улога. „Сите очекуваме, час поскоро, да се донесе долго одложуваната одлука – не само за излез од политичката криза, туку и за одбрана на европската перспектива на земјата…
Пишува: Борјан Јовановски Тајните документи кои му „протекоа” на Пентагон во врска со руската агресија на Украина покажуваат дека Србија и не е така неутрална во однос на војната . Во еден од документите на Пентагон се вели „Србија одби да обезбеди обука за украинските сили, но се обврза да испрати…или веќе ја испрати леталната воена помош за Украина” Во документот кој го објавува Ројтерс исто така, се вели дека Србија има политичка волја и воена способност да и обезбеди оружје на Украина во иднина. Документот ја носи ознаката “Tајна” , со што се забранува негова дистрибуција на странски разузнавачки…
Од денеска е достапен нов македонски веб магазин trn.mk кој има за мисија да го пополни празниот простор со теми од културата, уметноста, младинските политики и активизам, но и промоција на зелени политики, технологија и наука. Тимот на Трн верува во важноста публиката да биде добро и целосно информирана. „Ние отвораме и ви испорачуваме низа содржини кои се информативни, возбудливи, човечни и кои ве предизвикуваат да се прашувате, да мислите и да сонувате. Содржини кои некогаш ќе ве поместат од вашата удобност за да ви ја доближат вистината, а друг пат ќе ви го поттикнат адреналинот и ќе ви го направат денот…
Британската приватна детска болница за ментално здравје Хантеркомб во Мејденхед, која има само 59 кревети, во изминатите четири години пријави над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба. Тоа е повеќе од половина сексуални истраги пријавени во 209 одделенија за ментално здравје на децата ширум Велика Британија. Од 2019 година британската Национална здравствена служба (НХС) испраќала повеќе од едно предупредување дневно, не е преземено ништо да се спречи ранливите пациенти да се испраќаат во одделението кое има 1.643 пријави за сексуални инциденти. Пријавените инциденти се од сексуално непримерно обраќање до сериозни сексуални напади и силувања. Откако Индипендент минатата година објави за вербално и физичко малтретирање во приватната здравствена институција, пациентите беа прераспределени…