Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филхаромонија го поздравува формирањето на „Оркестарот за џез музика“, но излегува на протести ако не се промени одлуката за нивно сместување кај нив

0
By Ана Василевска on April 12, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 12, 2023 14:34

Сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија не го поддржуваме, бидејќи се создаваат услови за едни на сметка на нарушени услови на други, истакна директорката на Филхармонија – Тина Иванова.

Директорката заедно со претседателот на Синдикатот на Филхармонија – Владимир Лазаревски и претседателката на Управниот одбор – Зорица Каракутовска на денешната конференција одржана во Филхармонија потенцираа дека немале ниту информација, ниту пак биле консултирани за одлуката на Министерството.

„Застанувам зад колективот зад единствениот став на сите вработени не само поради солидарноста, туку и поради реалната потреба, брендот на македонската култура да не биде предмет на експерименти. Оваа филхармониска генерација направивме уникатна и високо квалитетна програма така и ќе продолжиме, но овие уметници се научени да работат во различни околности, затоа што ние сме со потврден квалитет и ќе работиме под секакви околности. Но, неприродно е да се создаваат услови за едни, на сметка на нарушени услови за други, така се задира во успешноста и на едните и на другите. И пак, никаде во светот во објект со планска намена за Филхармонија не функционира џез ансамбл“, посочи Ивановска.

На конференцијата беше истакнато дека ја поздравуваат, односно поддржуваат одлуката за фомирање на оркестарот, но дека се непријатно изненадени од нетранспарентноста на Владата.

Лазаревски и Каракутовска ја демантираа информацијата дека здружението за џез музичари настапувало и творело во зградата на Филхармонија седум години.

„Беше искажана и невситина дека здружението за џез музичари настапувало и творело во зградата на Филхармонија седум години, тоа е невистина самата концертна сала функционира пет и пол години не може тие да се седум години кога уште не беше изградена салата“, изјави Лазаревски.

Додаде дека зградата е проектирана и замислена како објект за еден симфониски оркестар.

„Секоја просторија е планирана и измерена со цел ние сите вработените да можеме да ги исполниме нашите редовни обврски. Тоа значи дека во објектот има точен број на соби каде музичарите ги поминуваат работните часови групни и индивидуални, секоја соба е предвидена со специјални акустични мерења за секоја група и инструмент, во објектот имаме и четири гардероби кои се исполнети до последно место, и делот со администрацијата е исполнет и нототеката кубури со простор како и студиото. Реално не е возможно да функционираат два оркестра со годишна програма од Министерството за култура“, појасни Лазаревски.

Најавија јавни протести доколку не се промени одлуката веќе од наредната владина седница.

Претходно министерката за култура изјави дека станува збор за привремено сместување и дека не отстапува од одлуката.

ЗЏМ министерство за култура Оркестар за џез Тина Иванова Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.