Author: Ана Василевска

Забрзан пристап на Молдавија во Европската Унија би можел да биде возможен, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки. „Верувам дека е можен забрзан пат“, изјави Моравјецки при посетата на Кишињев. Според него, „или тоа ќе биде навистина брз начин, или преговорите ќе се заглават во долги разговори“. Моравјецки изрази надеж дека Европската Унија широко ќе ги отвори вратите за Украина и Молдавија. Премиерот на Молдавија Дорин Речеан му се заблагодари на Моравјецки за поддршката од Полска. – Реформите што ги спроведуваме нè приближуваат до Европската Унија, рече тој. Според него, и покрај сите предизвици и кризи, Молдавија сфатила дека може…

Read More

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите. Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на жртвите и денеска нареди Мустафа да плати 170.000 евра за трите директни жртви, по 80.000, 60.000 и по 30.000 евра, додека петте индиректни жртви, против чии блиски членови на семејството е извршено делото, ќе добијат вкупно 37.000 евра, три семејства по 10.000 евра, едно 5.000,…

Read More

Процесот на уставни измени е внатрешно прашања на Република Северна Македонија, што е и обврска поврзана со пристапните преговори со Европската Унија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата посветена на годишниот извештај на работата на АД ЕСМ.  „За барањето на Бугарија во однос на нивното учество веќе се произнесе министерот за надворешни работи и јас целосно се согласувам со неговата изјава. Тоа е дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, што е обврска поврзана и со пристапните преговори со ЕУ“, рече Ковачевски. Премиерот нагласи дека станува збор на…

Read More

По пет месеци отсуство, во косовското Собрание се вратија пратениците од Српска листа, а Специјалното обвинителство на Република Косово отвори означи случајот „Жури“ во кој се инволвирани 6 лица за перење пари. Во продолжение е редакцискиот избор од денешните теми во албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. КОСОВО Коха: Пратениците од Српска листа се вратија во косовското собрание „Пратениците на Српската листа се вратија во Собранието на Косово, по пет месеци отсуство. Тие во четврток  (денеска)  седнаа во Собранието. Нивното враќање беше проследено со дебата меѓу пратениците.“, пренесе косовскиот дневник Коха. Бота Сот: Специјалното обвинителство  го означи случајот…

Read More

Токму претседателот Ахмети најмалку десет пати во минатото ме молеше да формираме фракција внатре во ДУИ, но сега се појави потребата да има фракција во Демократската унија за интеграција и не знам од кои причини тој баш сега се изјасни дека нема да дозволи формирање на фракција, имајќи предвид дека секој ден промовираат европски фронт, фракциите се европска вредност на европски партии, а ако сакаат и понатаму да промовираат европски фронт, тогаш немаат право да бидат против европските вредности или против фракциите во ДУИ, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ДУИ, Изет Меџити, на прашањето околу оспорувањето на…

Read More

Ова е време на борба на умерените со радикалите и колку порано умерените леви и десни лидерства и граѓанства се запознаат, се здружат и сојузат, толку поскоро и полесно ќе си го спасиме Балканот од искрите национализам коишто, на моменти, ја прекриваат дури и Преспа со непријатен чад и мирис. Умерените левичари и десничари имаат одговорност да повикаат на здружено делување, се вели во анализата на поранешниот премиер Зоран Заев за списанието „Предизвици“, на тема „отпорноста на демократиите“. Според Заев, демократијата не е еднаш засекогаш дадена и нема крајна дестинација или конечно достигнато рамниште. На демократијата, како што посочува, треба…

Read More

Амбасадорката на Европска Унија во Тирана, Кристијане Хоман, изјави дека ЕУ ќе додели 80 милиони директна финансиска помош за Албанија за справување со енергетската криза. „Конкретната бројка морам да признаам, не ја знам на памет, но токму сега имаме пакет од 80 милиони евра директна финансиска помош за Албанија што ќе биде распределена во следните два дена за енергетската криза и ова е можно да се помогне да се задржат цените за граѓаните, а исто така и за малите и високо ранливите бизниси. Значи ова е поддршка за самата Влада“, истакна Хоман гостувајќи во емисија на „Топ чанел“. Таа најави…

Read More

Полицијата затропа на вратата во седиштето на најголемата партија во Европа. Десничарскиот блок на народните партии ЕНП. Беше извршен претрес поради наводна корупциска шема поврзана со европските избори во 2020 година. Штабот на централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП), сместен на улицата ду Комерс во срцето на областа на ЕУ во Брисел, виде како белгиската и германската полиција неочекувано влегоа во 9 часот наутро во вторникот (4-ти април). Мешовит германско белгиски полициски тим барал докази дека поранешниот член на администрацијата  на оваа полтичка групација , Марио Фојгт, зел поткуп во замена за доделување договор за ЕНП со германска интернет фирма  која…

Read More

Државната изборна комисија денеска ги објави конечните резултати од претседателските избори во Црна Гора, според кои Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето Европа сега, извојува убедлива победа, со поддршка од 58,9 отсто од гласачите.Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), претседателот во заминување Мило Ѓукановиќ освои 41,1 отсто од гласовите, односно 66.823 гласа помалку од Милатовиќ. Во неделата се одржа вториот круг од претседателските избори, а Ѓукановиќ го прифати поразот и му честиташе на противкандидатот Милатовиќ. По поразот на претседателските избори, лидерот на ДПС реши да се повлече од функцијата лидер на партијата, која, со кратки прекини, ја извршуваше од 1997…

Read More

Вложувањата во осигурување живот надминаа 2,27 милијарди денари (37 милиони евра). Овој сегмент на осигурителниот пазар лани пораснал за 14 отсто во споредба со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Заклучно со крајот на 2022 година во земјава животно осигурување имале 305 322 лица што е за речиси 45 000 лица односно 17 отсто повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период бројот на активни договори надминал 171. 000 и е зголемен за 7 отсто. Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во…

Read More

Кина денеска испрати воени бродови во водите околу Тајван , по средбата меѓу тајванскиот претседател Цаи Инг-вен и претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти. Пекинг вети „одлучен“ одговор на разговорите на високо ниво во Калифорнија, додека лидерот на самоуправниот остров ја поздрави „непоколебливата поддршка“ на Вашингтон. Кина го смета Тајван за отцепена провинција и вети дека повторно ќе го обедини островот со копното. Не ја отфрли можноста за употреба на воена сила за да се постигне оваа цел, иако тврди дека фаворизира „повторно мирно  обединување“. САД претходно ветија дека ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија.…

Read More

Министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников денеска ќе биде во посета на Атина, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос, говорејќи вчера во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Панајотопулос рече дека претпоставува дека за посетата може да има многу дискусии, многу шпекулации, многу анализи околу тоа зошто доаѓа, што ќе побара, дека можеби Грција ќе испрати воени авиони итн. Меѓутоа, истакна дека ставот на Атина уште од првиот момент е „јасен и недвосмислен“: го даваат она што можат да го дадат и не даваат ништо што и најмалку би ги ослабело нивните сопствени одбранбени способности. „Грција…

Read More