Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити: Фракциите се европска вредност, Ахмети најмалку десет пати во минатото ме молеше да формираме фракција во ДУИ

0
By Ана Василевска on April 6, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Прес-конференција на пратеникот од редовите на ДУИ, Изет Меџити,
Прес-конференција на пратеникот од редовите на ДУИ, Изет Меџити,
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 6, 2023 15:21

Токму претседателот Ахмети најмалку десет пати во минатото ме молеше да формираме фракција внатре во ДУИ, но сега се појави потребата да има фракција во Демократската унија за интеграција и не знам од кои причини тој баш сега се изјасни дека нема да дозволи формирање на фракција, имајќи предвид дека секој ден промовираат европски фронт, фракциите се европска вредност на европски партии, а ако сакаат и понатаму да промовираат европски фронт, тогаш немаат право да бидат против европските вредности или против фракциите во ДУИ, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ДУИ, Изет Меџити, на прашањето околу оспорувањето на фракцијата од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

На новинарските прашања дали може да станува збор за поделба од партијата и одење со посебни листи на следните избори, Меџити децидно одговори дека нивната цел е да ја добијат битката внатре во ДУИ.

На прашањето дали постои страв од исклучување од партијата поради непочитување на статутот одговори градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, кој рече дека изворот на проблемот е во тоа што почнаа сомнежи дека узурпирани се органите на партијата од страна на министрите на ДУИ.

Ние не сметаме дека ние сме прекршители на статутот, напротив, до тоа е дојдено од страна на узурпаторите на органите на партијата и непочитување на статутот. Од правна гледна точка мислам дека некои други треба да носат одговорност за непочитување на статутот, а не ние, истакна Беџети.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу претходно на прес-конференцијата рече дека се обврзуваат да бидат гласот на сите Албанци.

– За жал, три години по ред алармираме дека не се почитуваат Статутот и програмата на ДУИ, што најдобро го докажува неформирањето на партиски тела за овие години. Денеска стоиме пред вас како фракција и се обврзуваме дека ќе бидеме гласот на потребите и барањата, не само на нашиот електорат, туку на сите Албанци и овој глас нема никој да го замолчи. За нас гласот на народот е сè, затоа што ова е гласот на разумот и ќе го покажеме на дело правилното, принципиелното и сеопфатното функционирање, изјави Ганиу.

Според него има двојни стандарди за време на дебатите и носењето на одлуките. Напомена дека нивниот  предлог за гласање недоверба на министрите бил одбиен. Според Ганиу, органите на ДУИ не функционираат според Статутот, а политичките одлуки се носат исклучиво од министрите на ДУИ.

Градоначалникот на Чаир посочи дека меѓу нив и ДУИ има разлики во ставовите околу спроведувањето на албанскиот јазик во пракса и изнесе неколку предлози за власта, меѓу кои и отстранување на 20 проценти од Уставот, регулирање на статусот на семејствата на борците на ОНА, обезбедување на услови за гласање на дијаспората по електронски пат, казината да бидат надвор од населени места, зголемување на минималната и просечната плата, како и зајакнување на општините

Али Ахмети ДУИ Изет Меџити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.