Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Натписот со името на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“, кој беше запишан и истакнат со бели букви, е пребојадисан со црна боја и е нечитлив. Од СВР-Битола информираат дека новонастанатата ситуација е пријавена и се постапува по пријавата. Како што е познато клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола беше отворен на 16 април минатата година, и со присуство на високи државни функционери од Република Бугарија. Неодамна со одлука на Министерството за правда е избришан од Централен регистер, затоа што употребата на името Иван Ванчо Михајлов претставува провокација за националните чувства на македонскиот народ.
Пристапувањето на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната ја прави Европската унија побезбедна и попросперитетна, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО разговараше со својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман. „Денеска важна дискусија со хрватскиот министер за надворешни работи. Го поздравуваме пристапот на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната, што промовира побезбедни граници на ЕУ и попросперитетна Европска унија“, напиша американскиот државен секретар на Твитер. Пред почетокот на разговорите, Блинкен изјави дека доминантни теми на средбата ќе бидат клучната улога на Хрватска во интеграцијата на…
Премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, е прогласен за виновен како првообвинет во случајот „Распиратори“, а првостепено е осуден на четири години затвор од судот во Сараево. За ова, покрај него, виновни се обвинетите Фикрет Хоџиќ, сопственикот на компанијата „Сребрена малина“, кој доби пет години и поранешниот директор на Федералната управа за цивилна заштита (ФУЦЗ), Фахрудин Солак, кој доби шест години затвор. Првостепената пресуда за овој случај ја донесе тричлен судски совет. Новалиќ, Солак, Хоџиќ беа ослободени од обвинението за здружување за кривично дело примање награда или други облици на корист и за перење пари и беа…
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, кој континуирано ги следи дезинформациите и пропагандата во медиумите и на социјалните мрежи, бележи дека се користат исти профили кои се постојано во акција – објавуваат статуси и линкови или коментираат со години наназад. Во нивните објави и коментари може да се најде сè: чисти лаги, манипулации, дезинформации, клевети, пропагандни пораки, теории на заговорот, говор на омразата по етнички, верски, расни, родови и политички основи… Онлајн насилниците нескриено изразуваат восхитување од воени злосторства и се впуштаат во бескрајно величање на криминалци и воени злосторници. Се служат со пцовки и крајно вулгарни изрази. Редовно упатуваат закани со…
Руската банка ВТБ, втора по големина во таа земја, денеска соопшти дека во 2022 година направила загуба од седум милијарди евра, што е последица на санкциите „без преседан“ што беа воведени поради руската офанзива во Украина. Посебно беше нагласено нејзиното исклучување од меѓународниот платен систем Свифт. „Во 2022 година, Групацијата ВТБ се соочи со невидени тешкотии и предизвици. Станавме прва цел на максималните можни санкции што доведоа до големи загуби“, вели Дмитри Пјанов, финансиски директор во соопштението. ВТБ наведе дека има загуба од 612,6 милијарди рубљи или околу седум милијарди евра по тековниот курс по 2021 година кога оствари нето…
Премиерот Димитар Ковачевски го одби предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој понуди да се сретнат на лидерска средба или ТВ-дуел. Според Ковачевски, лидерска средба не треба да има оти ставовите се познати. За ТВ-дебата – изречно одби. Додаде дека дебата за уставни измени не се води во медиуми, пренесува Макфакс. „Ние лидерска средба имавме во декември на моја иницијатива. Беа повикани сите претседатели на парламентарните политички партии, зборувавме за најважните стратешки прашања во државата. Второто главно прашање беше усогласувањето на уставните измени. На таа лидерска средба сите лидери на политички партии се сложија за носењето на уставните…
Макрон се бори да го одврати азискиот гигант од Русија: Европа не смее економски да се одвои од Кина
Емануел Макрон денска пристигна во Пекинг во обид да го спречи азискиот гигант „да се префрли во воениот камп“ за Украина. Францускиот претседател вели дека сака повторно да се поврзе со Кина, нагласувајќи ја важноста од обновениот човечки контакт и одржувањето на дијалогот за Украина. Очекувано попладне, тој ќе го започне патувањето со говор во кој ќе ги наведе „предизвиците и целите“ на неговото патување, кое доаѓа две недели откако Пекинг го обнови својот антизападен сојуз со рускиот претседател Владимир Путин. Последното патување на Макрон во Кина беше во 2019 година, пред Ковид пандемијата и драконските мерки за заклучување наметнати…
Криминални групи за шверц на дрога се повеќе се инфилтрираат во европските пристаништа поткупувајќи функционери и тајно внесуваат свои членови во објектите, соопшти денеска европската полициска служба Европол, јави ДПА. Бандите главно користеле контејнерски транспорт за шверц на кокаин во Европската унија. Тие сè повеќе ги користеле дигиталните безбедносни кодови што се наменети за заклучување на контејнерите. Со шифрите, криминалците лесно можат да ги отворат контејнерите и да ја отстранат дрогата скриена внатре. Според Европол, околу 90 милиони контејнери минуваат низ поморските пристаништа на ЕУ, а само дел од нив се проверуваат. Рекордна количина од речиси 200 тони кокаин е…
Со изведување писмени и материјални докази денеска почна главната расправа од процесот што пред охридскиот Основен суд се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Претставник на Обвинителството на денешното судско рочиште го прочита обвинителниот акт, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот Илија Спасески пред Судот се произнесе дека не е виновен. Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија Цобоски, по однос на обвинението даде кусо образложение во кое изјави дека одбраната не спори дека оштетениот критичната вечер бил повреден, но…
Арбитражниот суд донесе конечна одлука со која Албанија дефинитивно го загуби случајот против италијанскиот претприемач Франческо Бечети, во врска со обесштетувањето што тој го побара за затворањето на телевизијата „Агон чанел“ во 2015 година. Според одлуката, Албанија треба да му исплати 110 милиони евра, како и обврска од 145 илјади евра за повторното отворање на случајот. „Во пресудата од 29 март 2023, судот составен од американскиот државјанин Грант Ханесиан како претседател, Роберт Андерсон К.Ц. од Обединетото Кралство и Чарлс Понсет од Швајцарија наредил итно отфрлање на барањето на Албанија за ревизија на првичната одлука, јасно ставајќи до знаење дека барањето…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на земјава. По свечениот пречек двајцата премиери ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе има разговори меѓу двете делегации. Во делегацијата заедно со премиерот Андреј Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи, претставници од хрватскиот Сабор. Во состав на македонската делегација на средбата ќе бидат вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и…
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ претпладнево на Меѓународниот аеродром „Скопје“ го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој предводи државна делегација на Хрватска што денеска ќе престојува во посета на земјава. – Во време кога сме поставени пред нови процеси и предизвици вистинските пријатели се со нас да споделат искуство и да дадат поддршка на европската интеграција на Северна Македонија. Срдечно добредојде за хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ со кој ќе имаме можност да дискутираме за нашите планови, за нови проекти, за иднината на регионот, напиша вицепремиерот Маричиќ на својот Фејсбук профил. Пленковиќ за време на официјална посета на земјава ќе…