Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски го одби Мицкоски за лидерска: За уставни измени дебата не се води на телевизија

0
By Ана Василевска on April 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 5, 2023 13:16

Премиерот Димитар Ковачевски го одби предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој понуди да се сретнат на лидерска средба или ТВ-дуел. Според Ковачевски, лидерска средба не треба да има оти ставовите се познати. За ТВ-дебата – изречно одби. Додаде дека дебата за уставни измени не се води во медиуми, пренесува Макфакс.

„Ние лидерска средба имавме во декември на моја иницијатива. Беа повикани сите претседатели на парламентарните политички партии, зборувавме за најважните стратешки прашања во државата. Второто главно прашање беше усогласувањето на уставните измени. На таа лидерска средба сите лидери на политички партии се сложија за носењето на уставните измени, освен еден, кој молчеше, и двајца, кои не дојдоа. Затоа сметам дека нема потреба од лидерска средба, ставовите се познати“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека тоа не е институционален формат за носење решенија, туку формат каде што се слушаат политички ставови.

„Во однос на тоа да се води дебата за уставните измени – таа дебата е структурирана, повторувам уште еднаш. За уставни измени, дебата не се води на телевизија, не се води кога се пуштаат канализациски цевки во одредени општини, туку експертска работна група работи на тоа. Врз основа на уставно право и она што е пропишано – се дефинираат амандмани за јавна расправа. Потоа процесот се сели на јавна расправа во општеството и влегува во собраниска процедура, каде што јас верувам дека имаме демократски, визионерски и стратешки капацитет како држава да ги спроведеме одлуките и да ги отвориме кластерите“, додаде Ковачевски.

 

Димитар Ковачевски лидерска средба уставни измени Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.