Author: Ана Василевска

Откако беа задушени масовните антивладини протести во периодот од 2020 до 2021 година, десетици илјади Белоруси ја напуштија својата земја среде виорот на репресија и насилство дома. Студенти, активисти и политички противници на угнетувачкиот режим на претседателот Александар Лукашенко, избегаа во соседните Полска и Литванија. И таму останаа. Ако се вратат назад, многу од оние што се противат на „последниот диктатор“ на Европа ќе се соочат со апсење, затвор или уште полошо. „Тука сме затоа што немаме избор“, рече Алексеј Евтушик, белоруски активист. 37-годишникот избегал во Литванија пред две години, откако бил уапсен на демонстрации во неговата татковина. Тој вели…

Read More

Во трговијата на мало од денеска килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари. Причина за тоа е стапувањето во сила на одлуката на Владата за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и тоа на свежи…

Read More

Влезот на Финска во НАТО ја покажува потребата Алијансата да ги „ревидира сите стратегии“, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во обидот да лобира за идното членство на неговата земја, јави ДПА. Честитајќи и го приклучувањето на Финска, Кулеба рече дека решението за осигурување на безбедноста на Алијансата е „евентуалното членство на Украина во НАТО“. Говорејќи покрај генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Кулеба ја повика Алијансата да ја забрза испораката на артилерија, муниција и тешки возила за „успешна контраофанзива“ против Русија. Украинскиот министер за надворешни работи изрази благодарност до Столтенберг за организирањето на Комисијата НАТО-Украина, иако Унгарија…

Read More

Поранешниот пратеник од Златна Зора, Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна за формирање криминална организација, се обидува да најде начин да го заобиколи новиот закон што може да го блокира учеството на неговата партија на претстојните парламентарни избори во Грција и со друг партиски претседател да се најде на гласачките ливчиња, јави дописничката на МИА од Атина. Партијата на Касидиарис „Национална партија –Грци“, според истражувањата на јавното мислење во земјата, добива доволен рејтинг за да го помине неопходниот изборен праг од три отсто и да обезбеди место во Парламентот. Меѓутоа, неодамна, грчките пратеници изгласаа закон со кој се забранува, на…

Read More

НАСА ги објави имињата на астронаутите кои ќе летаат на Артемида II околу Месечината. Тоа ќе биде првиот лет на екипажот на НАСА составен од тројца Американци и еден Канаѓанец во длабоката вселена, отворајќи го патот за идните мисии на површината на Месечината. Екипаж на Артемида 2. Фото: James Blair Командант Г. Рид Вајсман, служеше како инженер за летање на Меѓународната вселенска станица за експедиција 41. За време на 165-дневната мисија, Вајсман и неговите колеги од екипажот поминаа стотици часови спроведувајќи вредни научни истражувања во области како што се човечката физиологија, медицината, физичките науки, Виктор Џеј Гловер, Џуниор беше избран за астронаут во…

Read More

Ел Нињо, глобален временски феномен, се чини дека ќе се врати ова лето. Терминот се однесува на невообичаено високи температури на површината во Тихиот Океан. Климатскиот настан може да има драстични ефекти од силни топлотни бранови до посилни бури. Еве како климатските научници предвидуваат дека Ел Нињо ќе влијае на глобалните температури, времето и морскиот живот. Што е Ел Нињо? Климатскиот феномен Ел Нињо е одговорен за зголемување на глобалните температури и влошување на екстремните временски настани. Тоа е предизвикано од температурите на океаните и ветровите во Тихиот океан кои осцилираат помеѓу затоплувањето на Ел Нињо и ладењето на Ла…

Read More

Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм и денеска, повторно како и претходно неколку дена, протестираа пред Владата. Преку мирен протест изразуваат незадоволство поради како што велат, нивните недостоинствени месечни примања. Како што наведуваат, во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на речиси 70 отсто од вработените се под просечната плата во државава, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата била и по 10.000 денари. На протестот беше нагласено дека вработените во овие три институции бараат покачување на платите…

Read More

Поранешниот премиер и лидер на демократите во Албанија, Сали Бериша го предизвика Еди Рама да комуницираат со подкаст, албанската коалиција „Заедно победуваме“ најави референдум за проектот „Пристаниште Драч“ доколку победат на избори… Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот АЛБАНИЈА Шќип: Бериша и Рама започнаа комуникација со подкаст „Слушнав дека и Еди Рама ќе има подкаст. Како и секогаш неколку чекори зад мене, но знаете дека имам посебна страст за технологијата и нејзините иновации. Бидејќи Рама кажа дека е подготвен да дебатира со својот политички противник, поканата што му ја упатувам…

Read More

Министерството за правда испрати писмени дописи со барање за номинација на претставници во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија. Дописи, како што информираат од Министерството за правда, се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти кои имаат познавања на уставната материја. Рокот за номинирање на претставник е најдоцна до 10 април годинава. „Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко…

Read More

Апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување, и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат Законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе допринесат во неселективната борба со организираниот криминал и брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за Европскиот напредок, реагираат од Основниот кривичен суд Скопје, по одлуката на Апелација за предметот „Организатори 27 Април“. Имајќи го во предвид соопштението на Апеалциониот суд Скопје во однос на одлуката за предметот во јавноста познат како „Организатори 27 – ми април“, Кривичниот суд…

Read More

Пишува: Борјан Јовановски Руските разузнавачки служби се во голема акција во обид да ги повратат позициите по минатогодишното координирано масовно протерување на руските разузнавачи кои работат под дипломатска маска во Европа. Во 2022 беа изолирани повеќе од 400 разузнавачи пријавени во повеќе европски држави како дипломати. Минатата недела финската служба за безбедност и разузнавање (СУПО) рече дека протерувањето на руските разузнавачи и одбивањето на визите за нивните замени, значително ги ослабнале разузнавачките операции на Москва во нордискиот регион. „Руската разузнавачка станица во Финска се намали на околу половина од нејзината поранешна големина минатата година“, рече директорот на SUPO, Анти Пелтари,…

Read More

„НАТО и сојузниците се подготвени да дадат техничка поддршка и посилна соработка за справување со дезинформациите на Северна Македонија“ изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на НАТО Министрите за надворешни работи. Тој додаде дека НАТО е секогаш тука да ги поддржи сојузниците, како што сега го прави тоа со поддршката на Северна Македонија за справување со различните видови на хибридни и сајбер закани. „Сакам да ја пофалам Владата на Северна Македонија за брзата и детална работа во развивањето на програмата за соработка што ја договоривме“ рече Столтенберг. Генералниот секретар на НАТО истакна дека при посетата…

Read More