Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Единствена казна затвор од три години и еден месец и парична казна од пет илјади евра за сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, објави денеска Основниот кривичен суд Скопје. Судот објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста. За секое од делата „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и за „злоупотреба на лични податоци“, Судот му одреди…
Официјализирање на бракот за сите парови, без разлика на полот и правото да имаат деца, доколку СИРИЗА дојде на власт, најави лидерот на партијата Алексис Ципрас во неговата видео порака за време на настанот организиран од ЛГБТ+ групата во партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас рече дека за актуелниот грчки премиер „иако се декларира како либерален, сè уште не е дојдено времето за клучните прашања и клучните барања на ЛГБТ движењето“ и упати уверување дека со СИРИЗА на власт ова ќе се промени. -Победата на СИРИЗА- Прогресивна алијанса на изборите на 21 мај ќе го отвори патот за прогресивно…
Едно лице загина, а околу 30 патници се тешко повредени, откако утрово во Холандија воз делумно излета од шините. Несреќата се случила околу 03:25 часот во градот Вооршотен, во близина на Хаг. Компанијата за железничка мрежа „Про Реил“ соопшти дека несреќата е поврзана со присуството на градежен кран виден во близина. Во тек е детална истрага. Џон Вопен, извршен директор на Pro Rail, ја нарече несреќата „црн ден за холандските железници“. Телевизиските снимки покажаа дека еден од луѓето користи импровизирани мостови за да премине преку каналот што поминува покрај шините за да стигне до погодениот воз во темнината. Во вагоните…
Европски Со највисоки државни почести претпладнево во Брдо кај Крањ е пречекан премиерот Димитар Ковачевски од неговиот словенечки колега Роберт Голоб со што започна неговата официјална посета на Словенија. Двајцата премиери во моментов имаат тет-а-тет средба на која во фокусот на разговорите е билатералната соработка меѓу двете држави, евроинтеграцијата на Северна Македонија, актуелните регионални и меѓународни прашања меѓу кои и војната во Украина и сојузништвото и обединетоста околу ова прашање, јави известувачот на МИА. Ковачевски и Голоб ќе потпишат и заедничка декларација за зајакната соработка меѓу двете држави што се оценува како уште една јасна потврда на долгогодишното и цврсто…
Дебитантскот филмски проект „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски доби поддршка од паневропскиот филмски фонд Еуримаж, на 168-та сесија што се одржа во март годинава. „Диџеј Ахмет“ е избран во конкуренција со 76 европски проекти и е поддржан со 160.000 евра. Како мнозински копродуцент, од нашата држава, продукцијата ја потпишуваат „Синема футура“, „Сектор филм“ и „Протим видео продукција“, а проектот ќе се работи во копродукција со „Алтер висион“ од Чешка и „Бекрум продакшн“ и „Баш челик“ од Србија. Како што е најавено, турскиот ТВ-канал ТРТ, исто така, е заинтересиран и веќе најави финансиско учество во овој проект. „Во мојот…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на 5 април ќе ја посети Полска, изјави денеска советникот на полскиот претседател за надворешни работи Марсин Пржидач. „Посетата ќе се одржи на покана на претседателот (Анджеј) Дуда. Ќе има долги, опсежни разговори, не само за безбедносната ситуација, туку и за економската и политичката поддршка“, изјави Пржидач. Тој додаде дека „тоа ќе биде официјална посета“. Зеленски последен пат се сретна со својот полски колега Дуда во декември 2022 година, кога се враќаше од САД. Голем број Украинци побегнаа од својата земја по руската инвазија минатата година, а голем дел побараа засолниште во Полска.
Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и општествени промени. На 6 април (четврток), во 20 часот ќе биде отворено 14.Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings) во Музејот на современата уметност – Скопје. Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски. На изложбата ќе земат учество 38 млади уметници од земјава и од странство: Џем А (Германија), Ујхази Адриен (Унгарија, Србија), Шофу Вонг (Австралија), Милена Галици (Италија, Белгија), Габриеле Гандини (Италија),…
Пред Специјалниот суд за извршени воени злосторства на припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска почнува судењето на поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и уште тројца соучесници. Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, го обвини Тачи во ноември 2020 година за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура, присилно исчезнување и други злосторства извршени. На првиот ден од судењето воведниот говор ќе го одржат обвинителите. Потоа, во текот на неделата, воведниот говор ќе го има правниот застапник на повеќе од 140 жртви, на кои судот им одобри…
Класични музичари, рок бендови, стенд-ап комичари и актери оваа сабота настапуваат за да соберат средства за нови тапани за Дино Рамо, лице со атипичен развој кое одлично тропа на тапани, но му се потребни нови за да продолжи да го прави тоа што најмногу го сака. Почнувајќи од 11 часот, организаторите се надеваат дека кутијата за донации ќе се наполни до последниот настап во 20 часот , а и самиот Дино ќе одржи џем сесија на тапани во 16 часот. Програма: 11: 00 – 13:00 – Детски маскенбал, 14:00 – Гудачко трио: Билјана, Љубица, Александра 14:30 – Stringendo 15:00 -…
Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција по средбата во Белград со премиерката Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарско прашање за отварање на Културно-информатовните центри на двете држави во Белград и Скопје, изјави дека Законот за ратификација на отворање на културно информативните центри во Скопје и Белград ги поминал сите собраниски процедури и да треба да се изгласа на пленарна седница во нашето Собрание, јави дописникот на МИА од Белград. „Од тоа веднаш следува работна средба на Министерството за култура на која што ќе се одлучува за решавање на просторното прашање каде ќе бидат сместени. Ние веќе ова го имаме вклучено во нашата…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од руските напаѓачи за време на привремената окупација на овој град, кој се наоѓа во Кијивската област. Како што објави прес-службата на претседателот, церемонијата се одржала во близина на црквата на Светиот апостол Андреј Првоповиканиот и Сите Светци во Буча. На церемонијата присуствуваа: претседателката на Република Молдавија Маја Санду, премиерот на Република Словачка Едуард Хегер, премиерот на Словенија Роберт Голоб, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, како и претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук, премиерот Министерот на Украина Денис Шмихал, шеф…
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја повика Русија да го ослободи новинарот на „Волстрит џурнал“, уапсен под обвинение за шпионажа и кој се наоѓа во притвор во Москва во очекување на судењето. „Ослободете го новинарот“, рече Бајден додека одговараше на прашања од новинари во Белата куќа. Весникот „Волстрит џурнал“ повика рускиот амбасадор во Вашингтон да биде прогласен за персона нон грата откако новинар на весникот беше приведен во Русија под сомнение за шпионажа. „Протерувањето на рускиот амбасадор во САД, како и на руските новинари кои работат таму, би било најмалата работа. Моментот избран за апсење изгледа како провокација пресметана да…