Author: Ана Василевска

“Мислам дека подлабока позадина од неговиот страв од она што значи модернизација, опремување и напредок на македонската армија, нема. Јас лично немам дилема што се случува во ВМРО-ДПМНЕ и конкретно кај пратеникот Ковачки, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска“, по денешниот брифинг со медиуми.  „Жално е што доскорешен припадник на македонската армија кој сам одбрал да ја фрли униформата и да облече костум и да и служи на една политичка партија и да ја замени армијата, се служи со вакви невистини“., рече таа. Според Петровска, сѐ што досега изнесе во јавноста е тотална невистина. „Можеби јас имам разбирање за…

Read More

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за собирање податоци на корисниците и дека поради тоа привремено ја ограничила употребата на личните податоци на италијанските корисници. Агенцијата го обвини и ChatGPT, кој е финансиски поддржан од Мајкрософт, дека не ја проверува возраста на своите корисници, наведувајќи дека треба да биде наменет за луѓе над 13 години. Италијанската агенција наведе „отсуство на каква било правна основа што го оправдува масовното собирање и складирање на лични податоци со цел „обучување“ на алгоритмите кои се во основата на…

Read More

Долгочекуваниот втор албум на македонскиот продуцент на електронска музика – Кеско, ќе биде издаден на 7. април со концертна промоција во Младинскиот културен центар во Скопје. Албумот го покажува уникатниот начин на кој Кеско ги поврзува електронската, експерименталната, брекбит  и драм ен беис музиката. Голема инсипирација се великаните како The Prodigy, Chemical brothers, транс и техно музиката. Настапот ке биде во живо и ќе биде исполнет со талентиран тим на уметници од повеќе сфери. Поддршка со свој DJ сет има од DJ Flooder и младиот продуцент Kronom. Светлата и визуелниот дел од шоуто се препуштени на Мутер и артистот artist3dx…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Белград разговарале за приклучување на Србија на гасоводот што ќе се гради од Грција кон Северна Македонија. -Разговаравме и практично веќе е договорено дека гасоводот кој ќе се гради од Грција кон Северна Македонија на него ќе се приклучи и Србија. Ние во текот на минатата недела, со Министерството за економија, со компаниите од нашата држава задолжени за енергетика веќе одлучивме дека капацитетот на тој гасовод ќе биде на максимално ниво со оглед на тоа дека сакаме да обезбедиме капацитет Србија веднаш да може со интерконектор да се поврзе на…

Read More

ФалВо тек е широка акција на грчката полиција со учество на 200 полицајци во три градови за разбивање на криминална организација, која од и кон Грција пренела најмалку 2.200 лица и издала над 8.000 фалсификувани патни исправи. Од грчката полиција соопштија дека досега се уапсени 36 инволвирани лица во криминалната организација, а идентификувани и уапсени се над 80 странски државјани за кои биле извршени подготвителни активности за нивно заминување од Грција. Дополнително, откриени се и пет професионално опремени работилници за изработка на фалсификувани документи и лоцирани се десет станови за сместување на странските државјани кои биле подготвени за заминување. Акцијата на полицијата се води во различни делови на областа Атика, поширокиот…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на официјалната посета на Република Србија, како дел од владината делегација, денеска заедно со својот хомолог, министерот за внатрешни работи на Република Србија, Братислав Гашиќ, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница. Меморандумот, како што информираат од владината прес-служба, ќе го олесни движењето на лица и стоки преку државната граница, особено преку граничниот премин Табановце-Прешево, и ќе придонесе за намалување на гужвата на граничниот премин за време на туристичката сезона,…

Read More

Во почетните месеци на руската инвазија на Украина минатата година дојде до зголемување на цените на нафтата и природниот гас што донесе неочекувани добивки за Москва. Но сега, по една година од почетокот на војната, тие денови веќе се минато. Според анализата објавена во Вол стрит Журнал, како што војната навлегува во својата втора година и западните санкции се сè посилни, приходите на руската влада се смалуваат, а нејзината економија се префрли на траекторија на понизок раст, веројатно на долг рок. Гасот и нафтата, кои го сочинуваат најголемиот дел од извозот на земјата, изгубија големи клиенти. Владините финансии се затегнати. Рубљата…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ, на денешната средба во Белград го потврдиле долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Северна Македонија и Србија, кое, како што соопшти владината прес-служба, се отсликува преку постојаната взаемна поддршка за клучни прашања и предизвици кои ги засегаат двете земји.  „Билатералните односи меѓу двете земји се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво, економска соработка и трговска размена“, се посочува во соопштението од средбата.  Ковачевски и Вучиќ разговарале за регионалните иницијативи кои се можност за перспективи и уште поголемо унапредување на меѓусебната соработка. „Целта на Отворен Балкан и Берлинскиот процес е регионален развој…

Read More

Во текот на петдецениската кариера, Марина Абрамовиќ се здоби со признание низ целиот свет како водечки пионер на перформанс-уметноста. Таа е позната по тоа што постојано ги тестира границите на сопствената ментална и физичка издржливост во текот на нејзината работа – и интерактивно ја кани публика да ја следи во процесот . Српската уметница има огромно влијание врз светот на уметноста со спектакуларни дела, вклучувајќи го и Ритам 0 од 1974 година, кога Абрамовиќ ја покани публиката да комуницира со неа користејќи еден од 72-те предмети на масата пред неа на просторот за настани во Неапол. Додека луѓето почнаа скромно…

Read More

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, синоќа на Твитер напиша дека Европската унија (ЕУ) го осудува затворањето на американскиот новинар Еван Гершкович во Русија под обвинение за шпионажа. „Новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија и заслужуваат да бидат заштитени. Руските власти уште еднаш го покажуваат своето систематско непочитување на слободата на медиумите“, напиша Борел. Руската безбедносна служба (ФСБ) вчера соопштија дека е уапсен дописник на американскиот весник „Вол Стрит Журнал“ под сомнение за шпионажа во корист на Вашингтон. Според извештаите, ФСБ ги разоткрила „незаконските активности“ на Еван Гершкович, акредитиран дописник на американскиот весник, кој работел во…

Read More

Турскиот парламент во четвртокот ја ратификуваше апликацијата на Финска за влез во НАТО, отстранувајќи ја последната пречка на патот на долго одложуваниот пристап на оваа нордиска земја во западната воена алијанса. Сите 276 присутни пратеници гласаа едногласно за кандидатурата на Финска, неколку дена откако и унгарскиот парламент го одобри пристапот на Хелсинки. Понудата беше јавно поддржана од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред повеќе од една недела. Вознемирени од руската инвазија на Украина пред повеќе од една година, Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на неврзување и се пријавија да се приклучат на алијансата. Потребно е целосно едногласност…

Read More

Од друга страна, на интернет огласите, како и на сомнителните страници на социјалните мрежи, Оземпик се продава по луди цени – над 200 евра за кутија. Александра Суботиќ, позната по учеството во ријалити емисии како  „Парови“ и „Задруга“, на својот ТикТок профил објави скандалозно видео, во кое го рекламира лекот за дијабетес тип 2 Оземпик како „ Тајна за слабеење“. Во видеото Суботиќ наведува дека лекот го добила преку веб-страница, и дека ќе го користи за слабеење бидејќи Оземпик е „холивудската тајна за добар изглед“. Старлетата вели дека Оземпик го користела Ким Кардашијан за да влезе во фустанот на Мерлин…

Read More