Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
На 17.03.2023, порталот Република објави наслов „Слично како со спорот за името кога дојде СДСМ: Поранешната српска власт ги преместила преговорите за Косово од ОН во ЕУ“. Во текстот се тврди: „Слично направи и СДСМ кога дојде на власт во 2016 година. Преговорите за името со Грција ги премести од ОН во ЕУ каде Македонија беше во нерамноправна положба.“ Истата вест ја објави и порталот „PressingTV” на 18.03.2023 со наслов „Дали ова ви звучи познато: Поранешната српска власт ги преместила преговорите за Косово од ОН во ЕУ“. Но, невистина е дека СДСМ дошла на власт во 2016 година. СДСМ ја…
Десет лица се уапсени при акцијата на грчката полиција за празнење на ректоратот на атинскиот Универзитет што над две седмици беше под опсада, објавија грчките медиуми. Поради несреќата кај Темпи со 57 загинати, кон средината на март, студенти влегоа во објектот што се наоѓа во центарот на Атина и го држеа под опсада. Денешната акција на грчката полиција за празнење на ректоратот, според информациите во медиумите, поминала без никакви инциденти.
Германската полиција заплени 1,2 тони кокаин во кутии со банани во општината Грос Кројц во областа Потсдам-Мителмарк, објави „Тагесшпигел“. Ова е досега најголемата заплена на дрога во покраината Бранденбург, изјави портпаролот на полицијата, Марио Хајнеман. По дојава на еден од вработените, полицијата во вторникот попладне во голема акција ги опколила просториите на голем трговец со овошје, изјави портпаролот. По извршениот претрес, откриена е поголема количина на дрога. Утврдено е дека кокаинот со брод е пренесен од Јужна Америка во Германија, а од таму по копно до Грос Кројц. Минатиот јули во Брандербург беа запленети 660 килограми кокаин.
Околу 7.30 часот утрово во Солун пристигна товарниот воз на „Hellenic train“, кој синоќа тргна од Атина, со што по пауза од еден месец, поради несреќата кај Темпи, одново постепено почнаа да сообраќаат товарните возови на конкретната релација, објави грчката државна телевизија ЕРТ. Станува збор за воз со околу 20 вагони, што според ЕРТ, пренесувал цевки, а планирано било да бидат доставени уште пред еден месец. Според истите информации, сите процедури се вршат со мала брзина и со големо внимание, по несреќата кај Темпи на 28 февруари, во која животот го загубија 57 лица, а оттогаш железничкиот сообраќај во Грција…
Директорот на украинското Специјално обвинителство за борба против корупцијата Олександар Клименко изјави дека западните сојузници можат да помогнат во сузбивањето на корупцијата така што ќе ги екстрадираат лицата кои се под истрага. Тој додаде дека поголемиот број држави го одбиле барањето на Киев за екстрадиција на осомничени лица за корупција. „Во 90 отсто од нашите случаи, имаме еден или двајца, или тројца или повеќе субјекти кои се во странство, а процедурата за предавање на тие луѓе на Украина е комплицирана. Земјите во кои се наоѓаат осомничените се Австрија, Шпанија и Велика Британија“, истакна Клименко. Според него олеснувањето на екстрадицијата e „исклучително релевантно“ за напорите…
Неколку лица загинаа кога два американски воени хеликоптери се судрија во округот Триг, во близина на воздухопловната база Форт Кембел, во американската сојузна држава Кентаки. Двата хеликоптера „Блекхок“ (HH60 Blackhawks) се судириле во момент кога спроведувале рутинска вежба околу 22:00 часот по локално време, изјави директорката за односи со јавност на базата „Форт Кембел“, Брендалин Карпентер-Плејер за „Фокс Њуз Диџитал“. „Екипажот леташе со хеликоптерите „Блекхок“ за време на рутинска обука, кога се случи инцидентот. Засега не е познат статусот на членовите на екипажот. Командата во моментов е фокусирана на грижата за војниците и нивните семејства“, рече Карпентер-Плејер. На местото на…
Пред неполни два месеци на интернет можеше да се види трејлер од овој практично порнографски филм во кој 67-годишна писателка, со голи гради, бакнува и прегрнува млада дама во кревет. Иако за некого тоа би изгледало како заплет од некој од мрачните романи на францускиот автор Мишел Уелебек, сепак славниот писател доживува вистинска драма во реалниот живот. Имено, во еден порно филм, главниот лик е остарениот писател Уелбек. Но, познатиот француски писател се засрамил од својот чин и се обидел со законски средства да го спречи светот да го види во порно. Вистинската драма се одвивала вчера во холандскиот суд,…
Во Република Бугарија на 2 април 2023 година ќе се одржат предвремени парламентарни избори на кои според пропорционалниот систем на затворени листи ќе бидат избрани 240 пратеници во Народното собрание на Бугарија. Вкупниот број на избирачки единици е 31, од кои во зависност од големината на избирачката единица се избираат од четири до 16 претставници/заменици. Изборниот праг е 4%. Ова се петти избори во изминатите две години, бидејќи не успеа да се формира Влада врз основа на резултатите од претходните избори. Парламентот на Бугарија во 2016 година донесе закон за задолжително учество на избори, со цел да се зголеми легитимитетот…
Единствениот пат за да се постигне потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е да разговарате со луѓето од опозицијата, изјави претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес – конференција во Скопје со австристкиот претседател Александар Ван дер Белен. -Не би сакал да видам каков било друг пристап во постигнувањето на тие две третини и ако влеземе со искрена намера, да се разбереме, ве уверувам дека аргументите се на страната на нас, на оние вклучително и мене, кои веруваат дека самата содржина на тој уставен амандман, внесување на Бугарите во нашиот Устав е бенингна промена и на ниеден начин не ја загрозува македонската сувереност, независност…
Комуналните работници во Париз денеска го прекинуваат повеќенеделен штрајк, кој, меѓу другото, доведе до илјадници тони натрупано ѓубре на улиците. Екипи за чистење се распоредени да го собираат отпадот што се насобрал на улиците за време на протестот организиран против пензиската реформа. Францускиот синдикат CGT објави дека тринеделниот штрајк е завршен. Се проценува дека до денеска на улиците на Париз се собрале 10.000 тони ѓубре, што, како што е наведено, е точно колку вкупната тежина на Ајфеловата кула. За време на вчерашните протести низ Франција, десетици демонстранти беа уапсени и повторно избувнаа немири, иако значително помалку луѓе излегоа на улиците.…
Унгарија ќе го одложи приемот на Шведска во НАТО поради критиките од Стокхолм на сметка на политиката на премиерот Виктор Орбан, соопшти денеска унгарската Влада. Портпаролот на Владата, Золтан Ковач рече дека премостувањето на јазот бара напор од двете страни. Шведска и Финска побараа приклучување во воениот сојуз НАТО минатата година, по рускиот напад врз Украина, но процесот беше запрен од Унгарија и Турција. По неколку месеци одолговлекување од страна на владејачката партија Фидес на Орбан, унгарскиот Парламент завчера го одобри предлог-законот со кој се дозволува Финска да се приклучи на НАТО, но барањето на Шведска и натаму е на…
Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) го подготвува јубилејното петто издание на манифестацијата „Златна рамка“, што ќе се одржи од 20 до 23 април. ДФРМ соопшти дека е иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“, која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година, финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм. „Златна рамка“ е единствена можност на едно место да се погледнат сите остварувања на домашната кинематографија од една календарска година. Манифестацијата произлегува од потребата да се негува долгогодишната традиција на нашата кинематографија, која во континуитет произведува и врвни…