Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уелбек, „лошото момче на француската книжевност“: Забранете го порно филмот, договорот го потпишав пијан

0
By Ана Василевска on March 29, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 29, 2023 17:13

Пред неполни два месеци на интернет можеше да се види трејлер од овој практично порнографски филм во кој 67-годишна писателка, со голи гради, бакнува и прегрнува млада дама во кревет.

Иако за некого тоа би изгледало како заплет од некој од мрачните романи на францускиот автор Мишел Уелебек, сепак славниот писател доживува вистинска драма во реалниот живот. Имено, во еден порно филм, главниот лик е остарениот писател Уелбек.

Но, познатиот француски писател се засрамил од својот чин и се обидел со законски средства да го спречи светот да го види во порно.

Вистинската драма се одвивала вчера во холандскиот суд, бидејќи судијата го одбил барањето на големиот писател да го забрани еротското остварување во кое тој се игра самиот себе, пренесува Франс 24.

Станува збор за филмот „Кирац 27“ со потпис на холандскиот режисер Стефан Рујтенбек. Пред неполни два месеци на интернет можеше да се види трејлер од овој практично порнографски филм во кој 67-годишна писателка, со голи гради, бакнува и прегрнува млада дама во кревет.

Уелбек веднаш реагирал и  правдата ја барал на суд, односно сакал да се престане со понатамошната „експлоатација“ на филмот. Во тужбата тој се пожалил дека филмот му го нарушил угледот и дека потпишал нелегален договор бидејќи бил под дејство на алкохол.

Сепак, судијата во Амстердам не се согласи со ова и писателот го загуби случајот.

„Несфатливо е зошто Уелбек учествувал во снимањето на филмот, ако веќе сметал дека договорот е проблематичен“ – рекол судијата во пресудата, отфрлајќи го барањето на писателот и наложувајќи му да плати 1.393 евра.

Ова не е прв пат Уелбек да се обиде да ја запре дистрибуцијата на овој еротски филм по судови. Минатиот месец истиот пат го помина и во Франција.

Меѓутоа, за „лошото момче на француската книжевност“, како што често го нарекуваат Уелбек, контроверзноста не е ништо невообичаено. Иако делата на писателот, како што се „Проширување на бојното подрачје“, „Елементарни честички“, „Платформа“, „Карти и територии“, „Потчинување“ или „Серотонин“ се продаваат во милиони примероци, и иако минатата есен тој беше еден од фаворитите за лауреатот Нобеловата награда за литература (припадна на Ана Ерно, забелешка на уредникот), често е цел на наводна мизогинија и симпатии за десничарските движења.

И ако се прашувате како Мишел Уелебек завршил во еротски филм, пресудата на холандскиот суд делумно објаснува сè. Имено, за време на една вечера во Париз во ноември 2022 година, сопругата на Уелбек, Лисис, му рекла на режисерот Стефан Рујтенбек дека писателот би сакал да „направи порно за да ја растера сопствената темнина“. И режисерот се согласил да помогне. Снимањето набрзо започнало и режисерот го овековечил писателот во сексуален чин во Париз со студентката по филозофија Жани ван Рујен, со која Рујтенбек редовно соработува.

Францускиот писател веќе дојде во Амстердам со сопругата во декември минатата година за да го потпише договорот за филмот.

„Му реков дека познавам многу девојки во Амстердам кои од љубопитност би биле среќни да имаат секс со познатиот писател и дека ќе изнајмам хотелска соба ако добијам дозвола да снимам сè“ – изјави Руитенбек.

Од судските документи до кои имал пристап АФП, Уелбек тврди дека „договорот го оставил на милост и немилост на Рујтенбек“:

„Бев уморен, денот беше долг, а потребната количина вино веќе беше испиена. Па, немам намера да станам порно ѕвезда на оваа возраст“ – изјави Уелебек.

Набргу по снимањето, односите меѓу писателот и главниот актер и режисерот се влошија, а тие беа целосно прекинати откако трејлерот за филмот беше објавен на Интернет.

Во жалбата Уелбек наведе и дека минатиот месец во интервју за „Вајс“ режисерот рекол дека „писателот е добар во кревет“, што го окарактеризирал како срамно.

Иако судијата оцени дека „договорот е сè само не избалансиран“, со оглед на тоа што на режисерот му дава големи права, сепак тој не е незаконски, додавајќи:

Сите приложени докази не се доволни за да се заклучи дека свеста на писателот е изменета поради вртоглавица, алкохол или депресија.

Како што изјави, директорот е задоволен од исходот на судењето и додаде:

„Мојата намера отсекогаш била да направам портрет со интегритет. Се надевам дека Мишел ќе биде задоволен од крајниот резултат“.

Мишел Уелбек, се разбира, не ги дели истите чувства:

„Господинот Уелебек е разочаран од пресудата, и сериозно размислува да поднесе жалба до Апелациониот суд“- изјавила за агенцијата АФП адвокатката на писателот Жаклин Шап.

Подготви: А. В. 

Мишел Уелбек Тужба на суд Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.