Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Не запираат обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кон министерката за одбрана Славјанка Петровска, но и институцијата што таа ја предводи. Дел од обвинувањата беа демантирани и оценети како лага и невистина, за дел се истражува дали се основани, а за најмалку две обвинувања министерката Петровска правдата ќе ја бара на суд поради изнесена лага и клевета од страна на пратеникот Ковачки. Поранешниот кадар на Армијата, а сега пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во телевизиско соочување со министерката во ноември минатата година обвини дека таа крие луксузна хациенда со базен во Радишани, а имотот не бил…
ЏАБИР ДЕРАЛА За едно медицинско лице, најстрого забрането е да зборува за наодите на пациентите. Податоците за состојбата на пациентите, било да се работи за физички или психички прашања, било да се работи за редовни прегледи или за лекување, било да се во прашање прегледи што се поврзани со судски постапки – едноставно – не се за споделување ниту во крчма. Професионалноста и интегритетот на здравствените работници не се состои само во нивното знаење што да им препишат на своите пациенти, туку и на кој начин се грижат за нивната приватност и достоинство. Ова досега се однесува на цврстата обврска…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целта на Владимир Путин е да го избрише идентитетот на Украина како независна, суверена нација и да го апсорбира во Русија. „Оваа војна е напад не само врз Украина, туку и врз меѓународниот поредок заснован на правила што се обидуваат да го одбранат меѓународниот мир и стабилност и да поддржат, според Повелбата на Обединетите нации, „еднакви права на мажите и жените и големи и мали народи“, посочи Блинкен на виртуелна панел сесија на тема „Праведен и траен мир во Украина“, пред утрешното отворање на вториот Самит за демократија Тој потсети дека жртви на руската…
Еврејски ресторан во центарот на Атина бил целта на двајцата уапсени Пакистанци, членови на терористичка мрежа која планирала напади во Грција, објавија грчките медиуми и додаваат дека во разбивањето на мрежата помогнала и израелската разузнавачка служба Мосад. Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на полициски извори пишува дека уапсените Пакистанци на возраст од 27 и 29 години, подолго време го подготвувале нападот на ресторанот, кој го посетувале главно Израелци, го набљудувале просторот и проучувале три планови за нападот. Поконкретно, ги разгледувале опциите: нападот да се изврши со оружје, со експлозив или да се предизвика пожар, евентуално со гас во моментите…
САД се залагаат за формирање на специјален суд за руското „злосторство агресија“ против Украина, кое ќе биде „вкоренето во украинскиот правосуден систем“. „САД го поддржуваат формирањето на специјален суд за злосторството агресија врз Украина во форма на меѓународен суд кој ќе биде вкоренет во украинскиот правосуден систем и ќе вклучува меѓународни елементи“, изјави неименуван портпарол на американскиот Стејт департмент. Според него, Вашингтон за ова сака „голема меѓународна поддршка, особено од европските партнери“ и трибуналот да биде „во некоја земја во Европа“. Ова е првпат САД експлицитно да се залагаат за создавање на таков трибунал, а идејата ја поддржува и ЕУ, која ја спомена во ноември минатата година. Меѓународниот кривичен…
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, синоќа во Прешево изјави дека чувствува напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека според него „еден од најважните елементи на сето ова е фактот што Приштина треба да ја формира Заедницата на српски општини“, пренесе Бета „Секако дека има и други работи што Приштина треба да ги направи, но мислам дека сето тоа води кон подобра ситуација со Европската унија и всушност ова може да се гледа како договор меѓу Приштина и Брисел, рече Хил и додаде дека „ истото може да се каже и за српската страна“. Амбасадорот додаде дека верува…
Премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи велат дека приоритет во однос на Уставот е исполнување на обврската од преговарачката рамка усвоена од 27 земји-членки на Европската унија во делот на уставните амандмани за вклучување на други делови од народи кои живеат во Република Северна Македонија, како и дека нема никаков договор ниту е разговарано за каква било друга интервенција во Уставот. Ова прашање се отвори во јавноста откако министерот за правда Кренар Лога, во понеделникот на првиот брифинг со новинарите рече дека приоритет е Преамбулата во делот на вметнување на…
Средба со надлежните од Министерството за финансии и денеска побараа вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, на третиот ден од протестот што го одржаа пред Владата. Тие уште еднаш го искажаа незадоволството од своите месечни примања. Од протестот беше испратен апел министерот за финансии да го одобри Колективниот договор за вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, со кој сите вработени по принципот на Министерството за финансии, ќе добијат зголемена плата во износ од 30 проценти. Протест на вработени од министерство за култура „Три дена молк, во…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека нема никаков договор ниту е разговарано за каква било друга интервенција во Уставот, освен за впишување на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите етнички заедници кои тоа го бараат. Вицепремиерот во изјава за Дојче Веле, вели дека фокусот мора да е ставен на уставните измени кои произлегуваат од Преговарачката рамка со ЕУ. „Некои прашања може да се решат и со идни процеси на уставни промени“, посочува Маричиќ. Според Маричиќ, отворањето на нови прашања и други теми надвор од првичната цел за промена на Уставот донекаде биле и очекувани. „Не е првпат да слушнеме…
Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од МОН за полагањето на првиот екстерен испит
Генералното собрание на Сојузот на средношколци на вонредна седница вчеравечер го прифатил компромисот понуден од Министерството за образование и наука (МОН) во врска со едно од нивните барања за државната матура. На средбата со министерот Јетон Шаќири вчера во МОН, на претставниците на Сојузот им беше укажано дека поради утврдениот календар за настава не може да се одложи првиот екстерен испит (Мајчин јазик и литература) од 27 мај за 3 јуни, но им беше понуден компромис – намален обем на тестот и олеснување во бодувањето. Сојузот најави дека за понудата ќе решава нивното Генерално собрание. „Генералното собрание по долга дискусија…
Институциите на Европската унија, со поддршка на лидерите на ЕУ, во наредните денови ќе ги направат првите чекори кон имплементација на Охридскиот договор заедно со Косово и Србија, изјави за агенцијата БЕТА портпаролот во Европската комисија Петер Стано. Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Белград и Приштина се договорно обврзани да го спроведат Охридскиот договор и Анексот и јасно стави до знаење дека доколку не го сторат тоа, тогаш го напуштаат патот кон Европската унија. Стано потсети дека Борел изјавил дека ќе ги „советува двете страни во извршувањето на нивната работа“ во спроведувањето на Договорот за патот кон…
Првите британски тенкови „Челинџер“ пристигнаа во Украина за да помогнат во спротивставувањето на руската инвазија, соопшти синоќа украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Резников кажа дека во украинските единици веќе се распоредени „британски Челинџер, американските Страјкер и Пума и германските Мардери“. Министерот на својата Фејсбук страница објави фотографии од овие возила, без да прецизира кога точно пристигнале. Портпаролката на украинското министерство Ирина Золотар за француските медиуми потврди дека тенковите „Челинџер“ веќе се пристигнати во Украина, без да го прецизира нивниот точен број. Украинските војници ја завршија обуката во Обединетото Кралство за да научат како да управуваат со 14 тенкови „Челинџер 2“ што…