Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блинкен: Целта на Путин е да го избрише идентитетот на Украина како независна, суверена нација и да ја апсорбира во Русија

0
By Ана Василевска on March 29, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Ентони Блинкен
Ентони Блинкен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 29, 2023 09:26

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целта на Владимир Путин е да го избрише идентитетот на Украина како независна, суверена нација и да го апсорбира во Русија.

„Оваа војна е напад не само врз Украина, туку и врз меѓународниот поредок заснован на правила што се обидуваат да го одбранат меѓународниот мир и стабилност и да поддржат, според Повелбата на Обединетите нации, „еднакви права на мажите и жените и големи и мали народи“, посочи Блинкен на виртуелна панел сесија на тема „Праведен и траен мир во Украина“, пред утрешното отворање на вториот Самит за демократија

Тој потсети дека жртви на руската агресија не се само Украинците, туку и луѓе ширум светот, се вели во соопштението на Стејт департментот.

„За мирот да биде праведен, тој мора да ги поддржува принципите во срцето на Повелбата на ОН – суверенитет, територијален интегритет, независност. А за мирот да биде траен, мора да обезбеди дека Русија не може да се одмори и да ги оспособи своите трупи, а потоа повторно да покрене војна во времето кое за неа е поповолно“, рече американскиот државен секретар и додаде дека не се работи само за иднината на Украина, туку и за иднината на меѓународниот поредок.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека Русија има за цел да го уништи светскиот поредок врз основа на меѓународното право и Повелбата на ОН.

„Украинскиот народ ќе прифати мир само доколку гарантира целосен прекин на руската агресија, целосно повлекување на руските трупи од украинска територија и обновување на територијалниот интегритет на нашата земја во меѓународно признатите граници“, рече украинскиот министер, истакнувајќи дека мировниот план беше признат и одобрен од Генералното собрание на Обединетите нации.

Како што додаде, Русија прибегнува кон нуклеарни уцени и закани, како и закани за еколошката и енергетската стабилност и безбедноста на храната, а агресијата е проследена со грозоморни злосторства, при што се верува дека во Мариупол биле убиени десетици илјади цивили.

Војна во Украина Ентони Блинкен ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.