Author: Ана Василевска

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска соопшти дека телефонски разговарал со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за најновите случувања во дијалогот. Дендиас во објава на Твитер наведе дека го информирал Лајчак за неговата посета на Приштина. „Денеска имав телефонски разговор со специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, кого го информирав за мојата неодамнешна посета на Приштина. Актуелна дискусија за последните случувања во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, напиша Дендиас. Грчкиот министер за надворешни работи вчера престојуваше во Приштина, каде се сретна со претседателот на Косово, Вјоса Османи и премиерот Албин…

Read More

Со последната корекција, со растот на трошоците за живот и просечната плата, повторно расте минималната плата и овој пат таа се искачи на 20.175 денари. Покачувањето од 2.175 денари ќе значи дополнителен буџет за граѓаните за да се надомести изгубената куповна моќ поради растот на трошоците во време на криза. Поранешниот претседател на Владата, Зоран Заев во февруари 2020-тата година, презентирајќи ги економските мерки од партиската изборна програма најави просечна плата од 34 илјади денари и минималната плата од 18 илјади денари до крајот на мандатот на Владата во 2024 година. Тој сепак неколку месеци подоцна, во јуни, вети зголемување…

Read More

Преспа Форум за дијалог 2023 (ПФД2023) ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Струга. Годинашниот форум, како шѕо најавуваат организаторите, има посебно значење за државата и за регионот, имајќи предвид дека на 17 јуни се обележува  петгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу Северна Македонија и Грција. „ПФД2023 ќе се одржи во време обележано од невидената, непредизвикана и нехумана воена агресија што ја води Русија против Украина, но и за време на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, со што преземавме огромна одговорност и решителност целосно да се ангажираме во заштитата на…

Read More

Германската Бундесбанка денеска го собра својот кризен тим за да ги процени евентуалните последици од банкротот на американската банка на Силиконската долина (SVB) за локалниот пазар, иако во Европа не се предвидени итни дејствија. Акциите на банките во еврозоната денеска паднаа. Кризниот тим е создаден за време на финансиската криза во 2008 година и има задача да го информира советот на Бундесбанк и да прави препораки, но нема овластувања да донесува одлуки. Одлуките за еврозоната ги носат националните надзорни органи за помалите банки и Единствениот надзорен одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) за големите. Засега не се планира итен состанок…

Read More

Една жена е убиена, а шест лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, се повредени во синоќешната престрелка, што околу 22 часот, се случи во угостителски објект во Тирана, сопственост на Фатјон Мурати, познато име во светот на криминалот, јавија албанските медуми.  Убиената жена на возраст од 60 години, била вработена во ресторанот како шанкер, девојчето кое се здобило со повреди на раката од скршеното стакло од престрелката, е нејзина внука, која ја чекала баба си да и заврши работното време, а останатите повредени се на возраст од 42 до  55 години и се хоспитализирани.      Возило „БМВ“, во кое биле напаѓачите  било пронајдено…

Read More

Известувачката на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, изрази силна надеж дека ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија на 18 март во Охрид, каде што ќе се одржи следната средба на високо ниво во рамки на меѓусебниот дијалог. Фон Крамон на Твитер напиша дека овој договор би бил важен чекор за европската интеграција на двете земји. Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ се очекува да се сретнат на 18 март во Охрид за да го потпишат француско-германскиот или европскиот договор што го договорија на 27 февруари во Брисел.

Read More

Нема заштита за ниту еден и треба да бидеме на јасно дека заврши времето кога имаше заштита, за убиство на Мартин Нешковски, заштита за низа на убиства коишто се случуваа во тоа време и кога ова министерство за внатрешни работи беше нарекувано со едно друго име, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Фактите се тие, а пред фактите и боговите молчат, објави Спасовски на ФБ.

Read More

Десетици камиони натоварени со воени борбени возила ја преминуваат Бугарија на пат кон Украина. Ова го тврди бугарскиот медиум Обективно.бг во својот неделен извештај. Според медиумите, камионите доаѓаат од Грција, ја преминуваат Бугарија, а влегуваат во Романија. Оттаму се дистрибуираат во Украина, тврди Обективно.бг, пишува bulgarianmilitary.com. Бугарија стана транзитна земја од почетокот на војната во Украина. Не само Грција, туку и Турција ја користеше бугарската патна инфраструктура за испорака на вооружување. Меѓутоа, преминувањето на воена опрема не е секогаш за Украина. Има податоци дека НАТО ја користи бугарската инфраструктура за транспорт на воена опрема за претстојните или веќе завршени воени вежби во регионот.…

Read More

Во Косово денеска Републиканците ќе одржат конференција под мотото „Заедница – Тројански коњ „Србија“, косовската министерка Хаџиу поднела барање до правосудниот орган во Србија, двајца притворени косовски граѓани под обвинение за воени злосторства во 1999 година, да се префрлат во Косово. Косовскиот премиер Албин Курти на годишнината од убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, изјави дека е единствениот политичар кој не соработувал со Милошевиќ, и дека во Србија имало демократија само за време на неговата влада. Ова се дел од темите од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот. КОСОВО Инфокус: Републиканците на Косово денеска…

Read More

Во издание на Институтот за комуникациски студии, објавена е публикацијата „Фемицидот во македонските медиуми“, анализа реализирана од м-р Бојана Јовановска и м-р Јована Јовановска. Анализата на родово-базирани медиумски содржини „Фемицидот во македонските медиуми“ има цел да даде одговор како медиумското известување за случаите на фемицид, како најтешка форма на родово-базирано насилство, влијае на перпетуирањето на родовите стереотипи. Во оваа студија се анализирани три посебни случаи за фемицид во Македонија и фемицидот на Махса Амини во Иран од страна на полицијата. Медиумската анализа е изработена од Институттот за комуникациски студии во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за…

Read More

Едниот експонат е генериран од вештачка интелигенција – и лажен – дијалог помеѓу филозофот Славој Жижек и режисерот Вернер Херцог, двајца од најпочитуваните европски интелектуалци. Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал животот доколку вештачката интелигенција стане премногу моќна? Новата изложба насловена како „Музеј на неусогласеност“ е отворена за јавноста во Сан Франциско – срцето на технолошката револуција што чука – изгледа да го истражи токму тоа и содржи уметнички дела со вештачка интелигенција наменети да им помогнат на посетителите да размислуваат за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција. Експонатите во оваа привремена поставка го мешаат вознемирувачкото со стрипот, а…

Read More

Земјотрес со јачина од 4,7 степени е регистриран денеска во југоисточниот турски округ Малатија, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 4 часот и 34 минути, бил во градот Путурге. Бил на длабочина од 10 километри. Во 5 часот и 13 минути е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени. Нема информации за повредени лица или материјална штета. Малатија беше меѓу најтешко погодените области во Турција во разорните земјотреси од 6 февруари.

Read More