Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Грузискиот Парламент денеска го отфрли предлог законот за „странски агенти“ што предизвика политичка криза и се закануваше да ја спречи кавкаската држава да изгради поблиски врски со Европа. На собраниската седница, 35 пратеници, од вкупно 36 што гласаа, на второ читање го отфрлија текстот што беше прифатен на првото читање во понеделникот, што доведе до бран протести и низа осуди од Западот. Грузиската владејачка партија Грузиски сон вчера соопшти дека се откажува од нацрт-законот за „странски агенти“ по насилните протести против, како што велат противниците, авторитарниот пресврт инспириран од Русија што ги загрозува надежите на земјата за влез во Европската унија. И покрај најавата, илјадници луѓе…
„Македонија има сериозни проблеми, коренот на овие проблеми лежи во нејзиното долгогодишно уништување од режимот на ВМРО ДПМНЕ, овие проблеми не можат да се решат преку ноќ.“ Жестоките долгогодишни напади врз новинарот, колумнист и писател Марко Видојковиќ резултираа со негов прогон. Смртните закани по неговиот и по животот на семејството го одведоа во егзил, дотолку што местото на неговото живеење мора да остане тајна од безбедносни причини. Во интервјуто за НоваТВ, говори за актулниот политички режим на Александар Вучиќ, за деконтаминацијата и последиците од ваквите режими, за состојбите од Триглав до Југ. Вели дека во овој миг борбата со лагите…
Главна точка на дневниот ред на седница на албанската Централна изборна комисија (ЦИК) ќе бидат барањата за регистрација на двете групи на Демократската партија, судењето на поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу, за случајот „Грдец“, не се одржа поради негово отсуство, а според најновиот извештај на Фридом Хаус, во Албанија најголем проблем е корупцијата и организираниот криминал. Ова се дел од изборот на темите на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот. РТШ: ЦИК денеска ги регистрира партиите, се одлучува која ПД ќе биде регистрирана, на Алибеај или на Бериша „Државниот комесар за избори Илирјан Челибаши се очекува…
Брајан Ено, познат британски музичар, продуцент и визуелен уметник кој во минатото работеше со „Токинг хедс“, „Ју-ту“ и Дејвид Боуви, е следниот добитник на „Златен лав“ за животно дело со особен придонес во областа на музиката, соопштија организаторите на реномираниот Филмски фестивал во Венеција. „Одделот за музика на венециското ‘Биенале’ одлучи да го награди Ено за истражувањето на квалитетот и убавината на дигиталниот звук, за неговото проширување, како и за концептот на акустичниот простор како компонирачки инструмент“, се вели во соопштението. Брајан Ено (74) ја стекна славата уште во 70-тите, прво како основач на поп-бендот „Рокси“, а познат е и…
„Идејата на давањето субвенции за компаниите не беше да овозможиме да се зголеми нивниот профит, тоа нема да биде дозволено. Замрзнувањето на цените не значи дека компаниите не генерираат профит, но тој е помал“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој додаде дека дури и во замрзнатата цена на лебот има пресметан профит за компаниите, но тој можеби не е толку висок колку што тие очекуваат. „Во кризен период сите губат нешто, но добиаат тоа што граѓаните ќе се задоволни и помалку ќе ја почувствуваат кризата“ рече Битиќи. Вицепремиерот рече дека субвенционираната цена на електричната енергија за прехранбениот сектор…
Сива економија, крах на една индустрија и играње игри на среќа на црно, ќе предизвикаат новите измени на Законот за игри на среќа и забавни игри на автомати, оценуваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). Тие на денешната прес-конференција побараа отворена јавна дебата со цел да се донесе соодветно законско решение кое ќе овозможи соодветно функционирање на оваа дејност. „Индустријата за игри на среќа вработува повеќе од 10.000 вработени директно, а индиректно преку 54 000 луѓе обезбедуваат приходи од работењето на оваа стопанска гранка. Негативите ефекти ќе се одразат најмногу врз вработените и врз приходите во буџетот на…
Особено задоволство ми е кога ветеното се реализира и има резултат. Во криза се важни пријателите, а ЕУ докажа дека има слух за нашите барања – да ни помогне кога беше најдобро, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на настанот по повод презентацијата на грантот од ЕУ за земјава, вреден 80 милиони евра. Како што напомена Ковачевски, грантот е веќе достапен и овие средства се поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка за малите и средните претрпијатија, за одржување на нивниот бизнис, како и за инвестиции на државата во енергетската транзиција, во обновливите извори и во…
Сицилијанската мафија изгуби многу криминална моќ. Во денешно време тие повеќе не доминираат со трговијата со дрога, а со тоа изгубија и многу пари. Матео Месина Денаро, „последниот кум“ треба да се појави пред судот во Аквила во четврток, каде што ќе поднесе жалба на доживотната затворска казна за убиството на мафијашкиот обвинител во 1992 година. Неговото апсење, триесет години по неговата пресуда, покрена неколку прашања. Иако со децении беше на листата на „најбарани“ во Италија, на крајот полицијата навистина не мораше да оди далеку за да го пронајде. Тој бил фатен во неговата родна Сицилија, уапсен пред медицинска установа,…
Пратениците во грузискиот Парламент го повлекоа предлог-законот за „странски агенти“ по неколкудневните протести против него, соопшти денеска владејачката партија Грузиски сон. Како што пренесе ДПА, соопштението доаѓа откако парламентот во јужнокавкаската република во вторникот на прво читање го одобри планираниот закон наречен „За транспарентност на странското влијание“. Предлогот, кој официјално има за цел откривање на приливот на пари од странство, предизвика дводневни масовни демонстрации во главниот град Тбилиси, бидејќи критичарите стравуваат дека тоа е начин владата да ја запре опозицијата. „Гледаме дека предлог-законот доведе до несогласувања во општеството. Со оглед на сето ова, одлучивме да го повлечеме предлог-законот што го…
По железничката несреќа кај Темпи минатата седмица со 57 загинати, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одржал средба со претставници на Европската комисија надлежни за железничкиот сообраќај, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, членовите на европската делегација на Мицотакис му ги претставиле нивните размислувања, кои ќе бидат формулирани во конкретни предлози за подобрување на работата на железничката мрежа, за безбедноста на транспортот, надградба на инфраструктурата и најдобро можно искористување на европските фондови за инвестиции во грчките железници. Грчкиот премиер истакнал дека Грција, во рамките на целосно транспарентната истрага за трагедијата во Темпи, целосно ќе ја искористи експертизата и искуството на…
Група составена од претставници на повеќе институции и чинители на воспитно-образовниот процес работи на подготовка на првата нацрт-верзија на новиот Закон за учебници во основното и средното, соопшти Министерството за образование и наука. МОН во соопштение наведува дека ова е негова иницијатива и на Педагошката служба со единствена цел да се унапреди квалитетот на содржината на учебници, да се намали веројатноста од појава на грешки од различна природа во содржината и да се поедностави процесот на набавка и навремена испорака до училиштата. „Потребата од ново законско решение во интерес на образовниот систем и квалитетот на воспитно-образовниот процес во државата е…
Претседателскиот кандидат на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, за изборите во Црна Гора, на предизборен форум во Даниловград изјави дека Мило Ѓукановиќ мора демократски да биде сменет од претседателската функција и додаде дека е сигурен оти граѓаните ќе гласаат како што гласаа на 30 август 2020 година и во октомври на локалните избори низ цела Црна Гора. „Собранието беше ослободено од поранешниот режим во 2020 година, ослободена е и владата, а остана уште едно упориште, кое се вика претседател на Црна Гора. Бараме да бидеме многу подобра и почесна влада од онаа што ја имаше Ѓукановиќ, тоа е нашата основна идеја“,…