Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од обложувалниците предлагаат други решенија наместо дислокација на објектите за игра на среќа

0
By Ана Василевска on March 9, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 9, 2023 12:44

Сива економија, крах на една индустрија и играње игри на среќа на црно, ќе предизвикаат новите измени на Законот за игри на среќа и забавни игри на автомати, оценуваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Тие на денешната прес-конференција побараа отворена јавна дебата со цел да се донесе соодветно законско решение кое ќе овозможи соодветно функционирање на оваа дејност.

„Индустријата за игри на среќа вработува повеќе од 10.000 вработени директно, а индиректно преку 54 000 луѓе обезбедуваат приходи од работењето на оваа стопанска гранка. Негативите ефекти ќе се одразат најмногу врз вработените и врз приходите во буџетот на државата, кои според наша проценка се движат некаде преку 250 милиони евра на годишно ниво. Затоа уште еднаш ќе потенцираме дека за вакво законско решение е потребно да се отвори јавна расправа, односно дебата со сите институции кои се задолжени за носење на вакви закони како би се овозможило индустријата да ги изнесе сите факти“, изјави Васко Илијевски, претседател на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Во однос на предлогот за дислоцирање на спортските обложувалници тој рече дека постојат други решенија.

„Дистанцата е јасно дефинирана во членот 21 од Законот, каде што стои дека влез за малолетни лица е забранет. Јасно законодавецот предвидел кој може да учествува во игрите на среќа и сметаме дека тоа е доволна мерка која може да се подобри во насока доколку смета законодавецот да се зголеми казната, да се вклучи и другата страна на процесот доколку е затекнато на самото уплатно место, тука се мисли за малолетникот, родителот старателот, заштитата преку забраната на странските сајтови и она што како препорака го имавме работа на едукативни програми да помогнат на играчите да ја разберат услугата која ја нудат понудувачите на игрите“, посочува Илијевски.

Меѓутоа, од здружението „Антикоцкари“ не се согласни со ваквите ставови и велат дека казните не покажале никаков ефект, односно дека не се почитуваат забраните за влез во објектите.

 „Не знам зошто не им одговара дистанца, не се работи за затворање, треба да разјасниме некои работи и зошто на нив им смета оваа дислокација. Сме ги слушале тие приказни за едукации, дека постојат психолози, дека не се доозволува да се влегува на децата, но тоа нема никаков ефект, единствено решение е дислокација, вели Џемал Абдиу“, од движењето „Антикоцкари“.

Тој вели дека тоа го покажал и случај во добитник кој 15-годишник од Тетово.

„Треба да се дислоцираат на три километри или да се затвораат. Да се помират со овие измени, да не се врши притисок и да сфатат дека животот не е коцка парите не се центар на светот. Не се почитува влезот на малолетници и самите се свесни дека не се почитува тоа“, додава Абдиу.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии, во кој се предвидува просториите во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени од училиштата не помалку од 500 метри, беше утврден минатитот месец.

дислокација Закон за игри на среќа обложувалници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.