Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Антикорупциска цел месец молчи за истрагата на финансиските трансакции за „Мајки“ на Милчо Манчевски
Пред повеќе од две години, Агенцијата за филм, со соопштение „Како Милчо Манчевски извлекува милионски суми за проекти“ каде што ги повикуваат институциите да ги истражат постапките и да се позанимаваат „со хонорарите на режисерот Милчо Манчевски“, ставајќи ја на располагање на институциите целокупната документација. Антикорупциската комисија на 3 февруари за време на јавната седница посочи дека се чека извештај од Државниот завод за ревизија за да одлучи дали има основ за продолжување на постапката за утврдување на можни злоупотреби на средствата од Агенцијата за филм. „Се работи на извештајот и очекуваме наскоро тој да ни биде доставен. Бидејќи има нови пријави…
Во јули 2022 година, жените имале 32,7 отсто од сите мандати во националните парламенти на Европската Унија, додека во светот просекот бил 26,4 отсто, покажуваат објавените податоци од статистичката агенција Еуростат, по повод Меѓународниот ден на жената. Во Европскиот парламент жените се исто така сè уште малцинство, но ги има пропорционално повеќе отколку во националните парламенти на земјите-членки на ЕУ. Од формирањето на тоа тело во 1952 година до првите непосредни избори во 1979 година пратенички мандати имале само 31 жена, иако тогаш бројот на пратеници бил многу помал. По првите непосредни избори процентот на жени беше 15,2 отсто, а…
Министерот за правда Кренар Лога започнал консултации со внатрешни и меѓународни фактори за можните модалитети на ветинг. Тој во интервју за „Програма 200“ во Алсат-М откри дека на средбата со евроамбасадорот во Скопје го искажал своето мислење дека на земјава не и треба разочарување на граѓаните како што се случи со поранешното Специјално јавно обвинителство. Доколку нема поддршка од ЕУ и од САД, министерот Лога рече дека не може да има процес на ветинг. „Со други зборови, на Македонија најмалку и треба поголемо разочарување од тоа што се случи. Ние сме во фаза на контакти и размена на мислења, тоа што…
Истражниот центар при Основното јавно обвинителство – Скопје е прилично екипиран и минатата година имавме околу 150 предмети кои што работат во него, изјави претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски. Во Истражниот центар сега работат пет истражители, и според Бубевски, во овој момент има потреба за уште тројца истражители кои треба да бидат регрутирани. „Специфична е работата на истражители во Обвинителство, така што, треба да ги избереме кадрите кои што може да одговараат токму на таа работа. Ќе отвориме веројатно некаков оглас за тоа и ќе ги избереме“, изјави Бубевски. Одговарајќи на новинарски прашања, по денешната посета…
Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со неговиот американски колега Џо Бајден за изгледите за „трајно враќање на мирот во Европа“, потврдувајќи ја поддршката за Украина во нејзиниот конфликт со Русија. Како што соопшти денеска Елисејската палата, во телефонски разговор двајцата лидери „повторија дека се решени да и ја дадат на Украина неопходната воена поддршка онолку колку што е потребно за да се победи руската агресија“. Шефот на француската држава ги спомна пред својот американски колега „перспективите за трајно враќање на мирот во Европа“ и двајцата „разговараа, особено за можните безбедносни гаранции што Украина може да ги добие во оваа рамка“, додаде прес-службата на Макрон, без да открие други детали.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на 107. седница информира дека Зоран Димитровски поднел оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа. Џафери потенцира дека Димитровски не сакал да го користи правото да ги образложи причините за оставка и со ова му престанува функцијата. Оставката на Димитровски следува по излегувањето на неговата партија Демократски сојуз од владината коалиција.
Еднаквата застапеност на жените во одлучувањето зависи и од тоа колку сме успешни и во борбата против насилството и дискриминацијата на која жените се континуирано подложени. Сметам дека направивме голем исчекор со усвојувањето на Истанбулската конвенција, но можеме и мораме да направиме уште многу повеќе за нејзина имплементација во структурите на системот за да се подобри заштитата и условите во кои живее секоја девојка и жена. Само сеопфатниот пристап ќе даде сеопфатни резултати, вели вицепремиерката за политики добро владеење Славица Грковска во интервју за ЦИВИЛ Медиа. Денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената. Од перспектива на жена и на вицепремиерка…
Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која се спроведува за носење на законот во Парламентот е спорна по неколку основи. Тие бараат од Предлог-законот да биде тргнато европското знаме и текстот целосно да биде повлечен за да се остави простор за широка дискусија во која бизнис секторот ќе може да ги аргументира…
Време е да создадеме општество во кое жените нема да треба постојано да вложуваат натчовечки напори за да го реализираат својот потенцијал, порачува меѓу другото претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод Меѓународниот ден на жените. „Денеска кога ја одбележуваме децениската борба за социјална, економска и политичка еднаквост на жените, да се потсетиме дека секоја жена има право на слободен избор за своето тело, семејство, образование, занимање, работа, кариера, развој, политичко дејствување и учество во јавниот живот“, се наведува во честитката. Според него, ниту едно општество не може да се развие доколку половина од населението е исклучено од тој развој. „Мораме да се…
Грузиската полиција приведе 66 лица во близина на парламентот во Тбилиси за време на митинг на кој се собраа противници на законот за „странски агенти“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Грузиските власти синоќа употребија солзавец и водени топови околу зградата на Парламентот за да ги растераат демонстрантите против предлог-законот кој наводно ја загрозува слободата на печатот. Текстот, усвоен на прво читање, бара од медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странски извори, да се регистрираат како „странски агенти“. Според Министерството за внатрешни работи, во нередите се повредени 50 полицајци, а дел од нив сè уште се на лекување во медицинските установи. „Новиот закон…
РИБАРО После вчерашното фудбалче во кабинетот на Груби во Владата, ДУИ за денеска најави пригоден бал со аргентинско танго помеѓу владините функционери од партијата, дознава АХА. Не гледам ништо неморално и неетично во тоа што игравме фудбалче во мојата канцеларија, рече вицепремиерот Артан Груби во врска со фотографиите и видеото кои ги објави вчера, како со уште пет министри од партијата играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата. „Мора да шириме позитивна енергија, почитување и љубов, посебно во овие тешки кризни времиња, Денеска продолжуваме со аргентинско танго“, вели Првиот вицепремиер. Тој истакна дека на балот во Владата се…
Родовата еднаквост сè уште е „300 години назад“: остро предупредување од Обединетите нации, бидејќи повторно се слави Меѓународниот ден на жената. Во понеделникот, за време на отворањето на седницата на Комисијата за статусот на жените, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така рече дека правата на жените се „злоупотребуваат, се загрозуваат и се прекршуваат низ целиот свет“. „Жените и девојките се избришани од јавниот живот“. Но, и покрај тоа што сугерираат шансите, сè уште има многу жени кои ја водат борбата за тоа во кое веруваат и се надеваат на подобар свет. Еве само неколку: Борба за правата на…