Author: Ана Василевска

Претседателот на Чешката Република во заминување, Милош Земан, денеска во Прага предупреди дека само неутралните земји можат да бидат потенцијални посредници во преговорите за завршување на војната во Украина, а „Кина нема да може да го стори тоа доколку ја поддржи Русија“.„Сметам дека во некои случаи неутралноста на државата може да биде од корист. Токму денеска реков дека неутралноста на Австрија во одредени околности може да и овозможи на таа земја да игра улога на посредник во случајот со Украина и Русија. Пред еден месец разговарав со кинескиот претседател и исто така се согласивме дека Кина доколку не ја поддржи…

Read More

Ученици од неколку училишта во различни делови на Грција одбраа на свој начин, преку пораки „испишани“ со помош на нивните ранци, да изразат поддршка, но и протест за железничката несреќа со најмалку 46 жртви. Во пораките на учениците преовладува фразата „Пиши кога ќе стигнеш“ која по трагедијата е актуелна на социјалните мрежи во Грција по железничката несреќа, но со нивните ранци испишаа и „Јави се кога ќе стигнеш“; „Темпи“, „Бес“ и порачаа „Да не се повтори криминалот“. Фотографиите од пораки од дворовите на средни и основни училишта во Атина, Месолонги, Пилио итн. се споделуваат на социјалните мрежи.

Read More

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска го обвини Западот дека „бесрамно ја поткопува“ иницијативата за извоз на жито преку Црното Море, а американскиот државен секретар Антони Блинкен ја повика Русија да го обнови договорот, што истекува овој месец. Русија постојано го критикуваше пристапот на Западот кон договорот, што беше постигнат минатиот јули со посредство на Турција и ОН, тврдејќи дека земјите кои воведоа санкции кон Москва не прават доволно за да ги намалат ограничувањата на рускиот извоз, особено на вештачките ѓубрива. „Западот бесрамно ја поткопува добро познатата хуманитарна иницијатива на генералниот секретар на ОН, рече Лавров на состанокот на…

Read More

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)  донесе одлука со која предложи  нова максимална и минимална тарифа за цената на водата  во Скопје и доколку се прифати максималната, водата ќе поскапи за 29,5 денари на месечно ниво, а ако се прифати минималната цената би останала речиси иста. Одлуката, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе биде доставена до Водовод -Скопје чиј Управниот одбор ќе донесе заклучок за којшто ќе треба да гласа Советот на Град Скопје. Целата постапка за одлучување треба да биде завршена во рок од 150 дена. „Постоечката цена за домаќинствата изнесува 31,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа…

Read More

Северна Македонија минува низ големи промени во инфраструктурата во енергетскиот сектор. Се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија. Системот на дистрибуција на природен гас е во развој на нови интерконекции со соседните земји. Дистрибутивна гасоводна мрежа ќе се прошири во сите најголеми општини. Мрежите за дистрибуција на гас ќе бидат дизајнирани за најголемите општини и системите за централно греење и ладење се планирани за погусто населените области на нашите општини. Како резултат на овие инвестиции и промени во енергетската инфраструктура, државата има зголемена потреба од паметни мерачи, софтвер управуван од вештачка…

Read More

Укината апанажа или „многу врева за ништо“?! Не сакам да бидам „расипувач на забави“, но сметам дека треба да си го поставиме прашањето дали ефектот на вчерашната одлука на Уставниот суд ќе биде укинување на #апанажата во случаи на разрешување и оставка, напиша на Фејсбук професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска во врска со одлуката на Уставниот суд кој го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, што значи дека функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа. Дескоска го цитира членот 19 од…

Read More

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Еве ме како пет дена рефреширам официјален мејл на Фронтлајн, официјален веб сајт и Фејсбук страници на ЗНМ, ССНМ… барам реакција, или што и да е, за заканите од Христијан Мицкоски, за клеветите кон нашиот и кон неколку други портали за пренесена вест, ама сак’н, нема такво слово. Пред, неколку денови лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, изврши брутален напад врз слободата на известување на неколку интернет портали. Се закани Мицкоски со тужби, на неговиот фејсбук профил (на Фронтлајн и преку адвокат) затоа што сме пренесле вест за неговите наводни скриени милионски во евра имоти. И во Парламентот имотот на Мицкоски…

Read More

Опозицијата во албанското собрание денеска ќе има маратонска седница на која бараат физичко присуство на премиерот Рама, за да дебатираат за аферата „Мекгонигал“, а лидерот на демократите Сали Бериша најави дека протестите ќе продолжат на 3 март и покрај судската одлука. Според  американскиот амбасадор во Косово, Ховениер, признавањето на Косово  е еден од условите за членство на Србија во ЕУ. Ова се дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од главните теми во албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС. Топ Чанел: Опозицијата денеска дебатира со Рама во Собранието за случајот Мекгонигал „Пратеничката група на СП ќе…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја повика Кина да не и испраќа оружје на Русија како помош во војната против Украина, туку наместо тоа да ја притисне Москва да ги повлече своите војници од оваа земја, пренесоа британските медиуми. Според Шолц, разочарувачки е тоа што Кина се воздржува од осуда на руската инвазија. Сепак, федералниот канцелар ги поздрави напорите на Пекинг за намалување на нуклеарните тензии. „Мојата порака до Пекинг е јасна: искористете го вашето влијание во Москва за да повикате на повлекување на руските трупи“, рече Шолц во говорот во германскиот Парламент. „И не му испорачувајте никакво оружје на…

Read More

Пишува: Борјан Јовановски Иратсе Гарсија, шеф  на пратеничката група на социјалистите и социјалдемократите во Европскиот парламент ги повика прогресивците од двете страни на Атлантикот да се обединат за да се борат против она што таа го нарекува „ултраконзервативен популистички нанос“ меѓу традиционално десничарските групи: републиканците во САД, под водство  на Доналд Трамп и Европската народна партија во Европа, за која рече дека флертува со крајната десница под водство на Манфред Вебер. ЕПП, рече Гарсија, се повеќе се изместува од традиционалниот курс и тие во пристапите се поблиску до екстремната десница , на пример за миграцијата, со повиците за ѕидови, што…

Read More

Вчера бил најголем број на училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава, одговори министерот Јетон Шаќири во врска со поплаки од ученици дека не можеле да  се вклучат на платформата. „Вчера беше првиот ден по првите препораките што ги добија училиштата само во Скопје. Повеќе од 90 отсто од проблемите се само во Скопје. По тие препораки вчера беше првиот ден кога ги видовме проблемите во изведување на онлајн-наставата и проблемите што произлегоа за родителите. Некои од училиштата не очекуваа и…

Read More

Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, според официјалните податоци од Противпожарната служба. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа продолжува и денеска, а во моментов активностите се насочени кон вагонот- ресторан, кој поради јачината на судирот бил згмечен од првиот вагон. „Се отстранува патничкиот вагон што е врз него, а потоа ќе се отстрани компресираниот вагон-ресторан што е во форма на буквата „Г“. Од…

Read More