Author: Ана Василевска

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Секоја војна има три аспекти на кои се потпираат војсководците – класично воените, пропагандните и на крајот – економските. Рускиот агресор, по брзото губење на здивот на надменоста, осозна дека и покрај сите напори, брзо ја изгуби и пропагандната војна. Прашањето што стана со обидите да ја исцрпи Европа преку прекинот на евтината енергија, исто така, има свој актуелен одговор уште зимава, која, нели, требаше да биде „фаталната дама“ која го убива својот довчерашен спонзор (купувач). И ова не го даде очекуваниот ефект за Москва. Барем во областа на пропагандата, Кремљ се обиде да го поправи резултатот, секако…

Read More

Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Петар Лубарда. Изложбата е заедничката соработка на министерствата за култура на Црна Гора и Република Северна Македонија, амбасадата на Црна Гора и Музејот на современа уметност – Скопје под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Куратори на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски. Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Во годината кога се одбележуваат 60 години од скопскиот земјотрес, на изложбата ќе биде претставен сликарскиот опус на Петар Лубарда, најзначајниот уметник и еден од најистакнатите сликари…

Read More

Нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград може да се направи преку заемно признавање, изјави косовскиот премиер Албин Курти на Вториот економски форум во Скопје. „Нормализација на односите може да се направи преку заемно признавање. Ова беше кажано од претседателот Бајден, секретарот Блинкен, канцеларот Шулц, дека заемното признавање е суштината и централната точка на целосната нормализацијата на односите, а ние се обидуваме и работиме напорно да го имаме како основ предлогот на ЕУ кој што ни беше претставен и на мене и на претседателот на Србија. Ние го прифативме текстот на тој предлог, му дадовме поддршка во двата главни града…

Read More

Финскиот Парламент денеска го усвои законот со кој на таа земја и се овозможува да стане членка на НАТО независно од Шведска, односно двете земји да не мора истовремено да станат членки на Алијансата. Усвојувањето на овој закон не значи дека Финска автоматски ќе влезе во НАТО кога Турција и Унгарија ќе го ратификуваат нејзиниот прием во оваа организација, но донесува краен рок до кој Финска ќе чека на соседната Шведска истовремено да влезат во НАТО, пишува „Гардијан“. Финска во мај минатата година поднесе барање за приклучување кон НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара е подготвена да…

Read More

Една работа можам да гарантирам: ќе ги дознаеме причините за оваа трагедија и ќе направиме се што е во наши раце за никогаш да не се повтори вакво нешто, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Темпи, од местото каде што најмалку 36 лица го загубија животот во железничката несреќа. Мицотакис истакна дека она што денес го живеат како држава е многу тешко и станува збор за неопислива трагедија. Паралелно, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу ја прекина официјалната посета на Молдавија, се враќа во Грција, поконкретно се упатува кон местото на трагедијата.

Read More

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, што значи дека функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа. „Содржината на овој член е дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен ги има сите права како останатите функционери меѓу другото и право на апанажа, вели портпаролката на Уставниот суд“, Христина Беловска. Овој член, според Судот нема уставна оправданост. „Судот го зема во предвид…

Read More

Амбасадорот на Северна Македонија во Обединетите нации во Њујорк Љубомир Фрчкоски, вели дека е важно што во извештаите на ОН постои македонско малцинство во Бугарија и оти бугарската позиција во однос на ова прашање нема влијание. Според Фрчкоски, тоа е прашање на факти, а не на политички изјави, дали постои или не одредено малцинство. „Тоа е прашање на факти кои се утврдуваат со меѓународни извештаи и фактографско пишување на меѓународни организации. А фактите се дека дел од извештатите на ОН евидентираат оти ова малцинство постои, дел од извештаите на Стејт департментот, дел од извештаите на групите за права на малцинствата…

Read More

Во рамките на прелиминарната истрага што е во тек за причините за синоќешната железничка несреќа кај Лариса, уапсено е едно лице, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за одговорниот на железничката станица во Лариса. Обвинителот од Лариса Стаматис Даскалопулос за АНА-МПА рекол дека се сослушува едно лице, покрената е постапка по службена должност и истакнал дека „се во рана фаза за комплетирање на случајот“.

Read More

Корупциски скандал: префрлање на вината врз граѓанското општество? Повеќе од триесет години по падот на Железната завеса, Европа се соочува со суровиот факт дека демократијата е слаба. Справувањето со демократското назадување се чини, е високо на агендата на ЕУ. Тоа беше централна тема за време на обраќањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за состојбата на Унијата. Минатата недела, Европската комисија започна консултации за претстојниот пакет за одбрана на демократијата. Но, ЕУ ги занемарува фактите кога станува збор за справување со основните причини за назадување на демократијата. Како што покажува одговорот на корупцискиот скандал на Европскиот парламент,…

Read More

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој присуствуваше на состаноците на лидерите на Србија и Косово и претставниците на ЕУ во Брисел, потврди дека лидерите се согласиле да продолжат напред во дијалогот во согласност со европскиот предлог“, но предупредува дека претстои „тешка работа на имплементација“ на тоа за што се договориле двете страни, пренесува Гласот на Америка. Американскиот дипломат на „онлајн брифингот за новинарите“ рече дека САД веруваат дека овојпат двете страни се сериозни во намерата да го спроведат договореното и повтори дека европскиот предлог не е за меѓусебно признавање, туку за нормализација на односите. Лидерите на…

Read More

Според досегашните информации на Министерство за надворешни работи во трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција, нема повредени или загинати македонски државјани. МНР, велат оттаму, останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција и информира дека на располагање се три броја на нашите дипломатски претставништва во Грција. -Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција, известуваме дека досега ниту до Министерство ниту до нашите дипломатско конзуларни претставништва не е стигната информација дека…

Read More

Пишува: Борјан Јовановски  Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска ќе ја претстви како што се вели  феминистичката ревизија на дипломатските тактики на земјата, вклучително и создавање на нова дипломатска функција „амбасадор на феминистичката надворешна политика“. Предлогот содржи 10  насоки, вклучително и нудење родово чувствителна хуманитарна помош во странство; обезбедување на жените и маргинализираните групи вклучени во економските процеси; разгледување на родовите прашања поврзани со  енергетската надворешна политика. „Ние водиме феминистичка надворешна политика бидејќи тоа е неопходно затоа што мажите и жените сè уште не се еднакви ширум светот“, напиша Баербок во извештајот. Министерството сака „мерливо да ја унапреди…

Read More