Author: Ана Василевска

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија – одговори премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар за оваа идеја на партијата Алтернатива.     „Вчера имавме и реакција како политичка партија, се работи за несериозна идеја. Односите во нашата држава се решени со Охридски рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии – и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија. Врз основа на тој Охридски рамковен договор, Северна Македонија денес претставува пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници во државата и врз…

Read More

Бројот на загинати мигранти при превртување на мал дрвен брод во близина на јужниот италијански брег се искачи на 61, меѓу кои 12 деца. Преживеале 81 лице и се очекува бројот на настрадани да се зголеми, јавија италијанските медиуми. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси изјави дека со бродот патувале меѓу 150 и 200 бегалци, меѓу кои 12 деца, а според проценката на службеникот на италијанскиот Црвен крст, Игнасио Мањионе, преживеале многу малку деца. објави SkyTG24“. Службеничката на областа Кротоне, Мануела Кура, изјави дека е пронајдено ново тело во морето. Бродот што превезувал мигранти во Европа удрил во карпите…

Read More

Научниците велат дека делфините кои се заплеткуваат во риболовната опрема е главната причина за смртта. Активистите за заштита на животните велат дека времето за  делфините кај западниот брег на Франција истекува и ја повикуваат владата да го забрани риболовот во областите каде што животните се загрозени. Последниов месец на плажите на Атлантскиот Океан се појавија рекорден број мртви делфини, но активистите веруваат дека ова е само мал дел од повредените и убиените од рибарските чамци. Научниците од опсерваторијата за морските цицачи и птици Пелагис, од  Универзитетот во Ла Рошел, снимиле 370 мртви делфини пронајдени долж Гасконскиот Залив помеѓу 1 декември…

Read More

Преговорите меѓу Турција, Шведска и Финска за влез на двете нордиски земји во НАТО ќе продолжат на 9 март, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Состанокот ќе се одржи на 9 март“, рече Чавушоглу на прес-конференција во Анкара. Кон крајот на јануари Турција ги прекина преговорите со тие две земји и го одложи трипартитниот состанок предвиден за февруари, по неколку демонстрации против Турција и исламот во Стокхолм. Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО во мај минатата година, откако во февруари започна руската агресија врз Украина. Нивниот влез во Алијансата го блокира Турција, а се…

Read More

Грчкото обвинителство покрена службена постапка против пратеникот од СИРИЗА и поранешниот алтернативен министер за здравство Павлос Полакис поради објава на Фејсбук во која напаѓа, меѓудругите, и судии, објави весникот „Катимерини“. Објавата на Полакис во која, според весникот, директно им се заканува на 15 новинари, 13 судии, четворица директори на банки и на претседателот на Управата за јавни приходи, предизвикала политички реакции во Грција. Од СИРИЗА го отстраниле од позицијата одговорен за транспарентност во партијата, коментирале дека со однесувањето, самиот се поставува вон кандидатската листа за претстојните избори, а партиските органи дополнително ќе одлучат за покренување дисциплинска постапка.

Read More

Турција, претпладнево, во 10 часот, беше потресена од нов силен земјотрес, што, според ЕМСЦ (EMSC), имаше магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, на 11 километри јужно од градот Малатија. Засега нема информации за штети и повредени. Земјотресот бил почувствуван и во околните провинции. Бројот на загинатите како последица на разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на месецот се зголеми до 44.374.

Read More

Шведската активистка за проблемите со климата, Грета Тунберг, и десетици други активисти утринава го блокираа влезот на Министерството за енергетика на Норвешка, протестирајќи против ветерните турбини изградени на земјиште што традиционално го користи домородното население Сами. Норвешкиот Врховен суд пред две години пресуди дека двете турбини на ветер, гледано од перспектива на меѓународните конвенции, ги прекршиле правата на народот Сами, но турбините продолжија да работат во следните 16 месеци. „Тука сум да ја поддржам борбата за човекови права, како и правата на домородните луѓе, изјави Тунберг за британските медиуми“, додека седеше пред главниот влез на министерството со другите демонстранти. Таа…

Read More

Британскиот премиер Риши Сунак и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе разговараат за договорот за Протоколот за Северна Ирска. Канцеларијата на Сунак и Европската комисија потврдија во заедничката изјава дека двајцата лидери ќе се сретнат во Велика Британија за да разговараат за „голем број сложени предизвици“ во врска со договорот за Брегзит. Најавата за состанокот дојде по зголемените шпекулации дека договорот меѓу двете страни наскоро може да биде објавен, а беа поттикнати од изјавата на вицепремиерот Доминик Рааб дека Велика Британија и ЕУ се „на дофат“ на договор. „Денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Read More

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи е во дводневна посета на САД каде утре ќе има презентација пред Хелсиншката комисија во Вашингтон на тема „Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“. Како што соопшти, МНР, во рамки на својата агенда, денеска тој ќе има средба и со Дерек Шоле, советник во Стејт департментот на државниот секретар Ентони Блинкен во администрацијата на претседателот на САД Џозеф Бајден. Исто така, предвидена е средба и со помошник администраторот на УСАИД за Европа и Евроазија, Ерин МекКи.

Read More

Словенечката култна група „Лајбах“ за еден месец ќе одржи концерт во Украина. Со тоа ќе бидат првата странска група која настапува во Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година. Овој индустриски рок бенд ќе одржи „многу посебен концерт“ на 31 март во Бел Етаџ мјузик хол во Киев, се вели во соопштението. Концертот ќе се вика „Евровизија“, што е референца за музичкиот поп натпревар на кој Украина победи во 2022 година, но кој годинава, бидејќи има војна во Украина, ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија. „Додека остатокот од Европа се подготвува да ја прослави…

Read More

ДРАГАН МИШЕВ Откако Путин укина еден од неговите „мајски декрети“ од 2012 година, со кој делумно се потврдуваше суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Приднестровје, сепаратистички регион што се граничи со Украина, каде што Русија има свои трупи, се чини дека обрачот околу најмалата република произлезена од бившите советски републики, се повеќе се стега. Ова ги подгрева наводите од анализата на ЦивилМедиа од почетокот на јануари, „Status quo, позиционирање за преговори и проширување на конфликтот како можно сценарио за текот на војната во Украина во 2023 година“,  каде се вели дека постојат стравувања поради индициите според кои Путин ќе…

Read More

„Сакам да се заблагодарам до сите инволвирани во решавањето на предизвиците од сабјер нападот и тука пред се мислам на ИТ тимот, на инженерите, кои деноноќно и посветено работеа и успеаја да ги вратат функциите на системот во рекордно време. Велам рекордно бидејќи статистички, на многу поразвиени земји, просечно им требале дваесетина дена за да ги вратат функционалностите“ изјави директорката на ФЗО, Магдалена Грашковска Филиповска на брифинг со новинарите. Таа кажа дека најважно е што според сите анализи на ИТ ескпертите, нема одлевање на податоците на граѓаните. „Граѓаните да се спокојни, податоците не беа украдени, тоа се шпекулации, податоците се безбедни…

Read More