Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Украинската вицепремиерка Јулија Свириденко, утринава ќе им се придружи на амбасадорите на ЕУ на првиот дел од нивниот неделен состанок на Корепер. Состанокот, како што велат дипломатите, е неформална дискусија каде таа најверојатно ќе се заложи за построги санкции против Русија и повеќе набавки на оружје. Попладнето, амбасадорите ќе се состанат за да одлучат за 10-тиот пакет санкции за Русија, кој вчера беше блокиран од ….погодете кој? Па…, Унгарија! Новиот пакет санкции вклучува нови казни за финансискиот сектор, дополнителни трговски ограничувања и повеќе индивидуални санкции за помошниците на режимот на Владимир Путин. Но, најблискиот сојузник на Путин во…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска вторник пристигна во Украина, а по посетата на Буча и Ирпиње, места во близина на Киев каде се вршени злосторства врз цивили, таа попладне треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Мелони, откако се симна од возот со кој пристигна во Киев од Полска, рече дека и е „чест“ што е во посета на Украина. Украинските власти ја пречекаа со букет цвеќе. „Тука сум да ги разберам потребите на луѓето кои се борат за својата слобода. Секогаш е поинаку кога ги гледате работите со свои очи и мислам дека тоа им помага на…
Експанзијата на производството на канабисот (марихуаната) за медицински цели во Македонија последниве години, колку што ја детектира оваа дејност како естра-профитабилен бизнис, толку и покажува дека таа, повеќе од симболично, не е „без корен“. Производството на канабисот за медицински цели нè навраќа во не толку далечната историја кога македонското поднебје не само што било препознаено како одлична почва за насади со афионот, од кој се добиваат опиумот и морфиумот, туку имало и водечко место на светската мапа на производството на овие опијати. Кога се исчитуваат документите и хрониките поврзани со производството на афион, опиум и морфиум од разни архиви, тие се…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја нарече руската инвазија на Украина „стратешки неуспех“, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин вети дека „систематски“ ќе ја продолжи офанзивата што почна пред речиси една година. „Една година откако претседателот Путин ја нападна Украина. Јасно е дека неговата војна е стратешки неуспех во секој поглед“, рече Блинкен во Атина на крајот од петдневната посета на регионот. „Никој не ја сакаше оваа војна. Никој не ја сака оваа војна. Сите сакаат таа да заврши што е можно побрзо. Ако дозволиме ова да продолжи неказнето, тогаш ќе ја отвориме Пандорината кутија низ светот“, истакна Блинкен.
АНАИСНИН Долго чуваната тајна која исплива по 30 години од чистата душа на големиот Латас, значеше лична , но и катарза за партиското членството, особено за неговите идеолошко-политичко-бизнисменски креaции, т.н „негови деца“. Лавина емпатични реакции по признанието на „главниот пропагандист“ на вмровската Си-Ен-Ен дека бил принуден како малолетен да има секс со шамарана жена. Ова ја разголи и многугодишната енигма зошто телевизискиот канал во интервалите пред и после Латас, секогаш емитуваше турски серии, главно со „традиционална“ содржина каде што жените најнормално се тепани и расплакани од почит кон главата на семејството. Се обидувал да проговори за траумата, но немал доволно…
Новата подкаст платформа „Политиканти„ , која преку преку гласовно информирање на слушател(к)ите ќе им ги доближи најпопуларните теми на локално и глобално ниво започна со емитување. „Политиканти“ е аудио емисија во која се дискутираат и анализираат актуелни настани, политики и прашања поврзани со политиката и владата, често со интервјуа со експерти и политичари од различни перспективи и идеологии. Шоуто за геополитички разговори со гости од различни сфери, давајќи увид во она што е актуелно го водат Борјан Јовановски и Сашо Орданоски, медиумски професионалци кои целосната кариера ја посветиле на новинарството и правилното известување и пренесување на вести. Во првата епизода водителите говорат за скандалозното…
Албанските опозициски демократи доставија до парламентот предлог-измени и дополнувања на кривичниот законик, со кои се бараат казни од 1 до 5 години затвор за лицата кои физички нападнале новинари, сниматели или фоторепортери за време на извршувањето на нивната должност. Текстот на предлогот во законодавниот дом го достави пратеничката Ина Жупа, која изјави дека со поднесената иницијатива се бара „зголемување на казните за оние кои се закануваат, физички напаѓаат, омаловажуваат, уценуваат новинари и други медиумски работници“. Во изјава за медиумите Жупа нагласи дека казните се класифицирани како „напад на лице при вршење службена должност и се со иста строгост како и…
Повеќе од 3.000 работници во 61 компанија ширум Британија учествуваа во пробна четиридневна работна недела минатата година, а судејќи според првите резултати и реакции, повеќето од нив можеа трајно да ја задржат таа практика. Компании од пиварници до продавници за риби и чипсови и развоен софтвер до фирми за регрутирање, им дозволија на работниците да доаѓаат на работа четири дена, наместо пет, помеѓу јуни и декември 2022 година. Извештајот за проценка на влијанието, според Би-Би-Си, покажа дека тоа има „огромни придобивки“ особено за благосостојбата на вработените. „Феј Џонсон-Смит мислеше дека е премногу добро за да биде вистина кога нејзиниот шеф…
Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за него е вообичаен начин за стекнување прво сексуално искуство кај момчињата на 15 годишна возраст. Воедно ја осудуваме изјавата во медиумите на водителот на поткастот Стефан Лазаров кој не се огради од ваквата содржина, туку напротив го поддржа говорот на Латас. Емисијата, снимена со пренос…
На електронските адреси на повеќе институции и објекти, меѓу кои и во вилата на претседателот на државата и во Уставниот суд, утрово се пристигнати закани за поставени експлозивни направи. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во тек се антитерористички проверки. „Денеска (21.2.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен-куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот – Вила Водно, х. Мериот, х. Александар палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и…
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ја започнува дводневната посета на Полска. Бајден пристигна синоќа во Варшава, по ненадејната посета на Украина. Како што соопшти Белата куќа, Бајден во Варшава ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда. Тој ќе одржи говор една година од бруталната и неиспровоцирана инвазија на Русија врз Украина, за тоа како САД го собраа светот да ги поддржи Украинците во одбрана на слободата и демократијата и ќе го поддржува Киев се додека е потребно.
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. На настанот организиран по тој повод најавени се обраќања на директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на ректорот на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски. Во рамки на настанот ќе има дел посветен на Крсте Мисирков и на поезијата на Ацо Шопов.