Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица, јавија денеска локалните медиуми. Засега нема официјалнио податоци за бројот на жртвите. Најмалку шест лица загинаа, а речиси 300 се повредени во двата земјотреса на југоистокот на Турција, објави денеска турскиот весник „Хуриет“. Според тој весник, повредени се најмалку 294 лица, од кои 18 се во тешка состојба. Турската управа за итни случаи и природни катастрофи соопшти дека земјотреси со интензитет од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодиле синоќа провинцијата Хатај и биле проследени со најмалку 32 последователни потреси. Потресите се почувствувани и во Сирија, Кипар,…
Шведскиот премиер Улф Кристерсон ја поздрави изјавата на турскиот министер за надворешни работи Мевлуд Чавушоглу за „скоро продолжување на преговорите“ меѓу Турција, Шведска и Финска за прием во НАТО. „Се разбира, ја поздравувам најавата на Турција дека сака продолжување на разговорите во врска со трилатералните договори што Шведска ги има со Турција и Финска“, рече шведскиот премиер на прес-конференција. Турскиот министер претходно денеска на средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека е потребно Шведска и Финска да преземат поконкретни потези за Турција да го одобри нивното барање за влез во НАТО. Тој изјави дека сите членки на Алијансата…
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, затворен повеќе од две години, оцени дека воениот пораз на Кремљ е „неизбежен“ во Украина, во пресрет на годишнината од големата руска офанзива против таа земја. „Конечниот воен пораз (во Украина) сè уште може да биде одложен по цена на животите на стотици илјади мобилизирани (руски резервисти неодамна повикани од Москва), но на крајот тој е неизбежен“, напиша Навални во пораката објавена. денеска од неговиот тим преку социјалните мрежи. „Комбинацијата на агресивно војување, корупција, општата неспособност на генералите, слабата економија и херојството и големата мотивација на одбранбените сили може само да се заврши со пораз“,…
Во најголемото албанско пристаниште, Драч запленет е танкер кој превезувал 22.500 тони шверцувана нафта. Танкерот пловел под либиско знаме, но според првичните сознанија од истрагата тој е по потекло од Русија. Полиција објави дека нејзините структури со цел сузбивање на шверцот со нафта, која пристигнува главно од Либија, но и други земји, обезбедила информации дека танкер кој пловел под либиско знаме транспортирал многу голема количина нафта. „Врз основа на овие информации, во полициската акција „Ембарго“, на пет милји оддалеченост од морскиот брег, кај Драч, блокиран е танкерот „Grace Felix“ со либиско знаме, кој превезувал 22.500 тони нафта, со фалсификувана документација,…
„Смешната помисла дека нема да те видам никогаш повеќе“ од Роса Монтеро е новата книга во издание на „Каста дива едиторијал“. Преводот од шпански е на Ненад Велковски. Монтеро е една од најпознатите современи шпански авторки. Пишува ексклузивно за весникот „Ел Паис“, во кој има своја колумна. Добитничка е на бројни награди за својот новинарски и книжевен труд, а нејзините дела се преведени на повеќе од дваесет јазици. „Умешно користејќи ја биографијата на Марија Кири, Монтеро нѐ пренесува во светот на својата тага по починатиот сопруг низ една призма на современа жена чија љубов кон мажот не значи губење на…
Босна и Херцеговина до крајот на првата половина од годинава треба да го лансира својот прв сателит во орбитата. Станува збор за сателит кој е подарок од Индиската вселенска агенција за Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа (SESA), која освен БиХ ги вклучува и Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Хрватска. „Тие ни го дадоа тој сателит по повод 75-годишнината од независноста на Индија. Тогаш планираат да лансираат 75 сателити, поточно три ракети со по 25 сателити, меѓу кои ќе биде и нашиот“, вели Анес Хаџиомеровиќ од Центарот за едукација, роботика, иновации и технологија (ЦЕРИТ) во Мостар. Ракетата што ќе го…
Во извршени претреси во Казнено-поправната установа Идризово Скопје во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа, пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, информираа денеска од МВР, спровеле координирана полициска акција во „Идризово“, во насока на превентивно делување, како…
Бугарија и Црна Гора категорично ја осудуваат руската агресија во Украина, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев на заедничката прес-конференција во Претседателството со шефот на државата на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кој на покана на Радев престојува во официјална посета. „Оваа брутална војна доведе до немерливи жртви, страдања и уништувања, ја поддржуваме Украина на нејзиниот легитимен пат и во нејзината борба за суверенитет, независност и територијален интегритет“, додаде тој. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден…
Ана ВАСИЛЕВСКА Легендарната реплика од „Среќна нова 49-та“ , „Земи цевку и работи!“ е идеална аналогија на примитивната изјава на Латас во интервјуто кај некој јутјубер Лазаров, која комплетно ја скандализираше јавноста. Со таква леснотија и веројатно концепт дека ќе излезе супермаскуларен, шармантен олдфешн фраер, тој за своето прво сексуално искуство раскажа дека го сторил по „налог“. Во фиќото имало жена на која „сите и се ределе“ па и тој морал: „Ми рекоа, влагај и работи, и ја шо да праам“. За сексуалната не знам, но целата негова новинарска кариера подоцна се одвива на истиов начин. По налог, и со…
„Начинот на кој нашата “културна“ јавност “дискутира“ по секој конкурс, особено на социјалните мрежи (со должна почит кон исклучоците), се сведува на пазарско препукување полно со жолч, самоправедност и самовеличие.“ „Спонтан е нагонот на актуелната градска власт да го збрише ова јадро на младинска, општествена, креативна и уметничка слобода. Да се уништи се што е пристојно во градов и земјава и да се стави под коруптивна контрола. Да нема бранување, особено не позитивно. Да скапеме во мизеријата на криминалниот поредок.“ „Постојат групи сјајни луѓе кои буквално од воздух материјализираат ресурси и енергија сето тоа да се случува. Имаше моменти кога…
(Политико) Ако дури и Германците се растревожени за опасностите во светот денес, ова е можеби моментот кога сите треба навистина да почнеме да се грижиме. Ако ја пресечете маглата од банални прокламации што произлегоа од главната сцена на Минхенската безбедносна конференција за западната солидарност и заедничката цел овој викенд, не можете, а да не ја забележите вознемиреноста и загриженоста под површината. И покрај тоа што западните лидери си честитаа за нивната великодушност кон Украина, на вооружените сили на земјата им снемува муниција, опрема, па дури и луѓе. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ја отвори конференцијата од Киев во петокот, го…
Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.„До овој момент „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин“, соопштија денеска од ФЗОРСМ.Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други…