Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Драч запленети 22.500 тони шверцувана нафта од Русија

0
By Ана Василевска on February 20, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2023 16:26

Во најголемото албанско пристаниште, Драч запленет е танкер кој превезувал 22.500 тони шверцувана нафта. Танкерот пловел под либиско знаме, но според првичните сознанија од истрагата тој е по потекло од Русија.

Полиција објави дека нејзините структури со цел сузбивање на шверцот со нафта, која пристигнува главно од Либија, но и други земји, обезбедила информации дека танкер кој пловел под либиско знаме транспортирал многу голема количина нафта.

„Врз основа на овие информации, во полициската акција „Ембарго“, на пет милји оддалеченост од морскиот брег, кај Драч, блокиран е танкерот „Grace Felix“ со либиско знаме, кој превезувал 22.500 тони нафта, со фалсификувана документација, која требало да биде прошверцувана во Албанија. Исто така, од првите истражни дејствија наведуваат дека овој товар на нафта е земен од земји со ембарго за нафта, поточно од Русија“, стои во полициското соопштение.

Бродот тргнал од Азербејџан, а потоа бил натоварен со нафта во пристаништето Каламата, Грција, од друг брод.

„По преземените дејствија, по основани сомнежи дека оваа количина нафта потекнува од земјите под ембарго и е шверцувана, бидејќи немало соодветна документација“, истата е запленета а 22-члениот екипаж е приведен.

Истражната група, под раководство на Обвинителството, продолжува со длабинските увиди, со цел што поцелосно документирање на оваа незаконска активност и идентификација на физички или правни лица инволвирани во оваа нелегална активност, наведува полицијата.

Ова е најголема количина на шверцувана нафта запленета во Драч, по онаа во средината на септември кога беа запленети 2.275 тони нафта шверцувана од Либија.

Драч нафта Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.