Author: Ана Василевска

Со 62 гласа „за“, без ниту еден против и воздржани, пратениците во Собранието ги усвоија ратификациите на законите од Отворен Балкан. Со ова се овозможува отстранување на работните дозволи и слободен пазар на труд за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија. „Честитки за сите, ова голем ден за македонската и регионалната економија.“, порача Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи. Како што е предвидено, рече Забрчанец, во текстот „Регионалниот пазар на трудот како придобивка на Отворен Балкан ќе донесе и раст на платите“, Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбег, одржува прес конференција во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, кој ќе се одржи на 14 и 15 февруари во Брисел. Путин не може да победи. Неговата победа би значела охрабрување на голем број авторитарни режими да заочнат војни за освојување на територии. Времето е клучен фактор. Брзата реакција на НАТО во поддршка на Украина, ќе спаси животи, рече, меѓу другото, генералниот секретар на НАТО. Тој ја информира јавноста дека војната во Украина ги намалува залихите на муниција. Според неговите зборови, НАТО е во блиска соработка со ЕУ за продолжени инвестиции во воената…

Read More

Во населбата Центар, момче и девојка се најдени по пад од зграда, по што момчето го загубило животот додека девојката се бори за живот. Според наши информации, се очекува таа да посведочи за деталите на трагедијата. Како што дознаваме од МВР настанот не го класифицираат како обид за двојно самоубиство и очекуваат да се подобри состојбата на девојката. Станува збор за љубовен пар, девојката е од скопската населба Ародром и е поранешна вокалистка на познат скопски бенд. А.В

Read More

Американски борбен авион собори „неидентификуван објект“ над езерото Хурон во неделата по наредба на претседателот Џо Бајден. Тоа беше четврто вакво соборување во последните осум дена и последен воен напад во вонредниот синџир на настани над воздушниот простор на САД за кој официјалните лица на Пентагон веруваат дека нема мирнодопски намери. Дел од причината за повторените соборувања е „засилената тревога“ по шпионскиот балон од Кина што се појави над воздушниот простор на САД кон крајот на јануари, рече генералот Глен Ван Херк, шеф на НОРАД и Северната команда на САД. Оттогаш, борбените авиони минатата недела исто така соборија објекти над…

Read More

Се очекува НАТО да побара од своите членки да ги зголемат залихите муниција, кои се многу потрошени во војната во Украина, додека сојузниците се обидуваат да го снабдат со оружје Киев, но и да ги зајакнат сопствените армии една година по почетокот на руската инвазија на Украина. Дури и пред руската инвазија на Украина, многу земји од НАТО не успеаја да ги исполнат целите на Алијансата за складирање залихи, бидејќи официјални претставници сметаа дека војните со големи артилериски битки се минато. Сепак, темпото на испораки во Украина, каде киевските војници истрелуваат до 10.000 артилериски гранати дневно, ги исцрпи залихите на…

Read More

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека вчера и денеска непознат испраќач, користејќи го нејзиното лого, преку СМС-пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички. Пораките се испраќани од телефонскиот број +389 79 212 628 со следната содржина: „Извршете ја задолжителната  пријава на УЈП  https://ujp.mk/verifikacija.  „Овој линк е лажен и не  води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи“, соопшти УЈП и апелира да не се отвораат таквите СМС-пораки и да не се отвора линкот. Доколку некој го отворил линкот пратен во порака, УЈП повикува да не ги пополнува полињата во…

Read More

Моја најголема грижа е да се стави крај на турската окупација и повторно да се обедини нашата татковина. Ќе направам сѐ за одново да започне дијалогот, за да се создадат услови за решавање на кипарскиот проблем, рекол новиот претседател на Кипар, Никос Христодулидис за време на синоќешната инаугурација. Поранешниот шеф на кипарската дипломатија победи на вчерашните претседателски избори во земјата, откако во вториот круг доби 51,91 отсто од гласовите, а доцна синоќа на свечена манифестација и официјално беше прогласен за нов, осми по ред, претседател на Република Кипар. Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис синоќа имаа телефонски…

Read More

Зоран БОЈАРОВСКИ Заснован на аплицирањето на четирите слободи на кои се темели и Европската Унија, слободно движење на стоки, трговија, луѓе и услуги, една од придобивките на Отворен Балкан е и единствениот и поврзан регионален пазар на трудот. Едногласната поддршка на оваа иницијатива, како и консензуалното одобрување од страна на деловните заедници во Албанија, Северна Македонија и Србија, на граѓаните на овие земји ќе им овозможи да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Во разговорот на оваа тема, националниот координатор за Отворен Балкан и за…

Read More

Спасувачките тимови во Турција сè повеќе се соочуваат со влошена безбедносна ситуација, поради што австрискиот, германскиот и израелскиот тим ја суспендураа својата работа. Шефот на хрватскиот тим го потврдува истото. Тимовите во Турција се соочуваат со конфликти меѓу локалното население, заедно со употреба на огнено оружје, кражби, грабежи и воена интервенција, потврди во телефонски разговор за Нови лист Синиша Бадовинац, командант на теренските операции на хрватскиот тим. Тој рече дека е тешко да се работи без придружба од полицијата или војската, а во близина на еден од хрватските тимови за пребарување во саботата дошло до конфликт меѓу две поголеми групи…

Read More

Предлогот за реконструкција на Владата, чиј кабинет се проширува со кадри од Алијанса за Албанците (АА), а се намалува со тие од „Алтернатива“, денеска е на дневен ред на 104. седница на Собранието. На седницата закажана за попладне во 15 часот ќе се расправа и одлучува за избор на четворица нови министри и петмина заменици министри, по одлуката за влез на АА во владиното мнозинство. Во пресрет на денешната седница, „Алтернатива“ ја соопшти одлуката на Централното претседателство дека ќе делува како опозиција, а претходно во петокот премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на АА Арбен Таравари ги…

Read More

Американската војска собори летечки објект над езерото Хјурон долж границата со Канада, соопштија денеска американските власти, што е трет таков инцидент во три дена и една недела откако кинески балон беше соборен над САД. Неименувани функционери рекоа дека војската го соборила објектот, но одбија да кажат дали наликувал на големиот бел кинески балон соборен претходно овој месец. Во меѓувреме, канадските истражители ги бараат остатоците од летечкиот објект што во саботата беше соборен од американски борбен авион над канадска територија. Тимови на истражители се на терен, се обидуваат да го пронајдат и анализираат објектот, изјави вчера канадскиот премиер Џастин Трудо. Тој…

Read More

По повод Светската недела на сексуално и репродуктивно здравје, Македонската  асоцијација  на  гинеколози  и  опстетричари (МАГО) во  соработка  со  Асоцијацијата  за  здравствена  едукација  и  истражување – ХЕРА и со поддршка од Македонското лекарско друштво, од денеска до 19 февруари ќе организира активности во рамки на кампањата „Сакаш да се мазиме? Ама да се пазиме!“. Организаторите соопштија дека главна активност на кампањата  ќе  биде  здравствена едукација  со  делење едукативни материјали и презервативи во државните студентски домови во Скопје, како и во ТЦ Сити мол, каде тим од млади  доктори ќе ги советуваат студентите и посетителите на сите прашања за нивното сексуално …

Read More