Author: Ана Василевска

Кочо Рацин и денеска е инспирација. Неговите живот, неговото дело како поет, како политички и комунистички активист, борец за човекови права, социјална правда и за слобода, како вредности се еднакво значајни и актуелни и денес, во 21 век. Нашиот познат уметник и графички дизајнер, Небојша Гелевски, чија специјалност е компјутерската графика преку алатките на вештачката интелигенција (ВИ), беше инспириран да направи една серија портрети со ВИ што ви ги претставуваме во оваа негова статија.

Read More

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети дека ќе ја зајакне помошта за Турција додека земјата се бори со последиците од разорниот земјотрес од минатиот понеделник. Во вчерашниот телефонски разговор Фон дер Лејен му соопшти на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека „Комисијата ќе мобилизира дополнителна поддршка и ќе одговори на последното барање на Турција за поголем капацитет за засолништа – особено шатори, ќебиња, греалки“, пренесува Си-ен-ен. Фон дер Лајен го пренесе своето „најдлабоко сочувство и сочувството на Европската Унија за катастрофалната загуба на животи и уништување предизвикани од неодамнешниот земјотрес“, се додава во соопштението од Брисел, лиферувано…

Read More

Речиси една недела по разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги уништи животите на милиони луѓе на површина од 100 квадратни километри во Турција и Сирија, очајничката потрага по преживеани продолжува. Земјотресот се случи пред зори минатиот понеделник а повеќето луѓе беа дома во кревет. Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во државава денеска е ден на жалост. Во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва знамето е истакнато на половина копје. Одлуката ја донесе вчера Владата, како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од…

Read More

Најниската температура за оваа зима е измерена во Романија. Во четвртокот наутро термометрите во Инторсура Бузулуи покажаа минус 31 степен, пренесува Digi24. Областа е позната и како „Малиот Сибир“ поради екстремно ниските температури што се евидентираат таму секоја година. На 8 јануари 2015 година беа забележани минус 34,6 Целзиусови степени, а на 10 јануари 2017 година минус 32 Целзиусови степени. Вчерашниот ден беше вториот најстуден ден во Романија од почетокот на зимата. Минус 18 степени покажаа термометрите во Сибиу, минус 13 во планината Фагураш и регионот на езерото Балија. Таму има наталожено најмногу снег – 237 сантиметри. Ризикот од лавини…

Read More

Во земјотресите во Турција и Сирија досега загинаа повеќе од 22.000 луѓе, јави ДПА. Повеќе од 7.000 хуманитарни работници од 61 земја се во Турција и помагаат во напорите за потрага и спасување по земјотресите во понеделникот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи. Вкупно 97 земји испратија помош и за Турција. Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на лице место има вкупно 141.000 турски и странски спасувачи. „Повеќе од 76.000 луѓе се евакуирани од областа на земјотресот“, рече Ердоган. Потрагата по преживеани продолжува, и покрај сè помалата надеж. Првиот земјотрес се случи во понеделникот рано наутро со јачина од…

Read More

Манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Матејче, еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во нашата земја, кој е разурнат во воениот конфликт во 2001 година и подолго време е мета на вандализам и кражби, ќе биде заштитен како културно наследство во опасност, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска на денешната прес конференција. На новинарско прашање од НоваТВ одговори дека во буџетот се предвидени 1,5 милиони денари за заштита на манастирот како приоритет на културно наследство во опасност. „Она што не е видливо во програмскиот буџет што го изнесовме денеска е тоа дека се предвидени 1, 5 милион…

Read More

Европскиот совет го поздрави напредокот на земјите од Западен Балкан во усогласувањето на визната политика на Европската унија и ги повика брзо да преземат понатамошни чекори, наведувајќи дека тоа е од итно и клучно значење за управувањето со миграцијата и доброто функционирање и одржливост на безвизните режими. Во заклучоците што по самитот ги усвоија шефовите на држави и влади на ЕУ, се наведува дека треба да се зајакне мониторингот на визните политики на соседните земји и дека ЕУ е подготвена да ја продлабочи соработката со земјите од Западен Балкан во областа на миграцијата, азилот, управувањето со границите и враќањето, максимално…

Read More

Црногорското Министерство за наука и технолошки развој презеде активности за подготовка на создавање неопходни предуслови за поттикнување на вселенското истражување и развој на сродни технологии, соопшти Владата на Црна Гора. „Бидејќи вселенските програми на ЕУ сега имаат напредна инфраструктура и соодветно финансирање, фокусот на Црна Гора треба да биде на вмрежување со тимовите на ЕУ кои работат на тие програми, постигнување пристап до инфраструктурата на ЕУ и евентуално учество во еден од проектите“, наведуваат од Владата. Најавено е дека плановите на Министерството за наука и технолошки развој во наредниот период ќе бидат насочени на создавање база на податоци за надворешни…

Read More

Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12,5 милиони евра, информира на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Аплицирањето за годишните конкурси за финансирање проекти, како што посочи министерката, за првпат се спроведе на националниот портал за е-услуги и за првпат решенијата за прифатени, одбиени и отфрлени проекти ќе бидат електронски испратени на профилот на корисниците. Во електронскиот систем се евидентирани 3 355 релевантни пријави, поради нецелосна документација во согласност со општите услови од конкурсот административно се отфрлени 332 пријави, има и примери кога апликантите не ги насочиле своите проекти во вистинска дејност и аплицирале…

Read More

Актерот Сергеј Трифуновиќ проговори за наводниот инцидент во Риека за кој пишуваат многу медиуми во регионот, а во изјава за „Данас“ објасни што точно се случило. За потсетување, Сергеј Трифуновиќ и Воислав Брајовиќ минатата недела ја изведоа претставата „Воз“ во Хрватскиот народен театар на „Иван Пл Зајц“ во Риека, при што, според хрватските и локалните медиуми, се случил инцидент меѓу Сергеј и гледач кој го прекинал настапот со мобилен телефон. Во духот на улогата што ја игра, Сергеј му пријде на гледачот кој постојано гледаше во неговиот мобилен телефон и му го одзеде, а публиката го поздрави со аплауз. На…

Read More

Руските агресори повторно го нападнаа Запорижја во текот на ноќта, лансирајќи го најголемиот напад со ракетни проектили од почетокот на целосната инвазија, изјави секретарот на градскиот совет, Анатолиј Куртиев, пренесува Укринформ. Седумнаесет дојдовни проектили беа пријавени во областа во рок од само еден час, насочени кон објекти од енергетската инфраструктура. Во моментов се проверуваат информациите за штетите и жртвите. „Тоа е сè што оваа армија ѓубриња е способна – да гранатира град заспан и да ја погоди нашата инфраструктура. Но, нема да не скршат. Ќе го поминеме ова“, напиша Куртиев. Како што беше објавено претходно, во текот на ноќта во…

Read More