Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Безвременскиот Рацин инспирација за ВИ портрети

0
By Ана Василевска on February 13, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 13, 2023 09:30
Кочо Рацин и денеска е инспирација. Неговите живот, неговото дело како поет, како политички и комунистички активист, борец за човекови права, социјална правда и за слобода, како вредности се еднакво значајни и актуелни и денес, во 21 век. Нашиот познат уметник и графички дизајнер, Небојша Гелевски, чија специјалност е компјутерската графика преку алатките на вештачката интелигенција (ВИ), беше инспириран да направи една серија портрети со ВИ што ви ги претставуваме во оваа негова статија.

Небојша ГЕЛЕВСКИ

Во оваа статија ќе објаснам како можеме да ја користиме вештачката интелигенција (ВИ) за да ја зголемиме базата на илустрации (фотографии) на македонските великани. Секогаш кога сакаме да креираме нова креативна содржина (есеј, презентација, статија, видео итн.) за личноста која оставила белег во Македонија се среќаваме со недостаток на фотографии, илустрации или слики, што е крајно обесхрабрувачки. На пример, за Кочо Рацин, на интернет циркулираат помалку од десет слики со неговиот лик. Со оваа иницијатива нудиме нови бесплатни портрети од нашите великани, достапни за слободно преземање. Оваа иницијативата ja започнаа Бранко Прља и Владимир Карер кои генерираа слики од Горан Стефановски, нивната цел беше „да ги поттикне нашите креативци да ги искористат алатките на вештачка интелигенција за повеќе вакви обиди за да се збогати и промовира нашето културно, уметничко, научно и интелектуално наследство кај нас и во светот“.

Како се генерира уметност со помош на вештачка интелигенција?

Најпознатите генератори на слики со помош на вештачка интелигенција се DALL·E 2, Midjourney, Stable Diffusion. Сите се јавно достапни на своите веб страници, сите можат да се испробаат бесплатно, ви треба само компјутер или мобилен телефон. За пофреквентна употреба на DALL·E 2 и Midjourney ќе морате да платите месечна членарина, додека Stable Diffusion е платформа со отворен код и беспатна за сите намени.

Како давам команда што сакам да се нацрта?

Замислете дека пред вас седи некој одличен сликар или илустратор кој ве прашува „Што би сакале да ви нацртам!?“, и вие му опишувате што сакате да ви нацрта, и тој ја исполнува вашата желба. Слично е и со овие платформи, вие треба на ВИ и „кажете“ што сакате да ви нацрта. Вашето барање го внесувате како текстуален опис (се вика Prompt) и тоа ВИ ќе го генерира за вас во визуелна форма за помалку од една минута. Во Prompt можете да внесете што сакате, вашата цел е ВИ да разбере што навистина сакате.

Наједноставен пример за Prompt би бил: „Нацртај ми портрет на Мајка Тереза во стилот на уметноста на Енди Ворхол“ (се разбира, сега за сега, промптовите ги пишуваме на англиски јазик). По притискање копчето „генерирај“, платформата генерира визуелна интерпретација на тоа што сте го побарале, користејќи го своето „знаење“, „визуелна меморија“ и архива. За среќа, ВИ знае која e и како изгледала Мајка Тереза, го познава уметничкиот опус на Енди Ворхол и резултатите ќе бидат одлични. Пробајте!

Дали ВИ знае како изгледаат сите македонските великани, како на пример Кочо Рацин? За жал не знаат! Ако напишете промпт „Нацртај ми портрет на Кочо Рацин“, резултатите се цртежи и фотографии од некои луѓе кои воопшто не личат на наш Рацин.

Како направив ВИ модел од Кочо Рацин?

Со цел да ја тренирам ВИ за да го препознава Рацин, морав да создадам модел кој во себе ќе направи дигитална база за изгледот на Рацин. Процедурата е детално опишана од јутјуберот Aitrepreneur, кој се бави со вештачка интелигенција и нејзина употреба, го препорачувам целиот негов канал, ако ве интересира оваа „нова технологија“.

Конкретно го следев следното видео упатство: DREAMBOOTH: Train MULTIPLE Subjects In Stable Diffusion At The Same Time For FREE!.

Инсталација на ВИ генератор на слики локално на вашиот компјутер

За да си го олеснам процесот на генерирање слики со ВИ решив да инсталирам Stable Diffusion на локален компјутер. На истиот YouTube канал најдов одлично упатство како да подигнеш локален сервер на својот компјутер и да добиеш супер верзија од генераторот Stable Diffusion, користејќи го хардверот од својот компјутер… повелете линкот до супер-упатството. Со оваа инсталација добивате генератор на слики како локална апликација, брзината е поголема, не сте зависни од надворешни сервиси, потполно бесплатна, единствен проблем е што морате да имате моќна графичка картичка.

Како бирав како да изгледа „новиот Кочо Рацин“?

Како промптови за Кочо Рацин, користев „Portrait of Koco Racin…“ па после ставав разноразни стилови, како на пример „ retro ads, vector style, manga style, classical portrait, avangarda poster, cinematic, futuristic и други познати уметници и уметнички стилови. Вкупно генерирав преку 1000 различни ВИ интерпретации на Рацин. Погледнете ги ВИ верзиите и на Гоце Делчев и на Блаже Конески.

Повелете избор од најдобрите верзии од Рацин, слободни за употреба, за лични и комерцијални цели, би замолил да ме наведувате како извор, како на пример (Извор: Небојша Гелевски – Бане).

Ова е само дел од галеријата на Небојша Гелевски.

За многу повеќе кликнете тука.

Извор Рацин.мк

Вештачка интелигенција Дигитални портрети Коста Солев Рацин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.