Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата сакал е регистриран денеска во 11.57 часот во реонот на албанскиот град Елбасан, кој во земјава бил почувствуван со послаб интензитет од жителите на Преспа, Охрид, Струга и Дебар. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при скопскиот Природно-математички факултет, епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје на Елбасан со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот бил на длабочина од два километри под површината на земјата, со епицентар на 23 километри источно од Елбасан и 10 километри јужно-југоисточно од градот…
Европската перспектива на Република Северна Македонија е реалност и земјата може да смета на поддршката од европските партнери за натамошните исчекори во евроинтеграцискиот процес, заклучено е на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир и со амбасадори на земји членки на ЕУ во Скопје.Станува збор за редовен годишен состанок со резидентни амбасадори, на којшто, заедно со премиерот Ковачевски, денеска присуствуваа и Артан Груби, првиот заменик на претседателот на Владата, Славица Грковска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски…
Лидерите на Европската унија денеска испратија писмо до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во кое изразуваат сочувство за големата загуба на човечки животи во разорниот земјотрес и најавуваат Донаторска конференција за санирање на последиците. „Нашите мисли се со сите семејства кои изгубија најблиски…На повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овие страшни околности им оддаваме почит на храбрите спасувачи кои деноноќно работат за да спасат животи. Европската унија и нејзините земји-членки се солидаризираат со народот на Турција и Сирија соочени со оваа трагедија“, се вели во писмото. Лидерите наведуваат дека веднаш по земјотресот „дале се од себе за брзо да…
Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, по повод промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата “ во авторство на еконмскиот истражувач Бранимир Јовановиќ, воедно организира и јавна расправа оваа тема. Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (петок), со почеток во 12 часот во просториите на КСП „Центар Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 – поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало). Во разговор со Јовановиќ, на промоцијата ќе земe збор и културниот работник и активист Теодор Целакоски (Хрватска). Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска. Јадро –…
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Ото Педерсен, подвлекува дека итната реакција во Сирија „не смее да се политизира“ по „еден од најкатастрофалните земјотреси што регионот ги видел во околу еден век“. Обединетите нации денеска соопштија дека добиле гаранции дека помошта денеска ќе стигне до областите уништени од земјотресот во северозападна Сирија преку единствениот овластен премин од Турција. „Денеска добивме уверување дека ќе можеме да ја добиеме првата помош“ преку преминот Баб ал-Хава, изјави во Женева специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.
Бугарија не може да прифати санкции против руското нуклеарно гориво, бидејќи тоа директно ќе влијае на енергетското снабдување во државата, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во Брисел, каде што пристигна да учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет, јави БТА. „Тоа не може да се случи. Ги разгледуваме сите можни области каде тоа би можело да се случи, но онаму каде што директно се загрозени нашите интереси, ние сме многу внимателни. Доколку е потребно ќе наметнеме вето“, нагласи Радев. По повод помошта за Украина, претседателот на Бугарија изјави дека преодната влада ја исполнила задачата поставена од Народното собрание, да…
Лидерите на ЕУ денеска го поздравија доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел за неговата прва посета во „срцето“ на Унијата по руската инвазија. „Добредојдовте дома, добредојдовте во ЕУ“, твитна шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел на фотографијата на која се ракува со Зеленски, заедно со шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Зеленски пристигна во Брисел на средба со лидерите на ЕУ од кои ќе бара да ја засилат поддршката за неговата земја опустошена од војна на третиот дел од неговата европска турнеја, соопштија официјални лица. Тој пристигна во седиштето на Европската унија со францускиот претседател Емануел…
Тимот од осум пожарникари и еден преведувач, по поминати 2.200 километри, во раните утрински часови стигнал во Адана, Турција, каде веднаш се вклучил во пребарувањето на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, тие пристигнале безбедно и веќе работат на пребарување во урнатините. Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција,во градот Адана, кој е речиси целосно уништен, работат на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе. Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот, изјави Гудев. Тимот на струмичките пожарникари-спасители, специјално обучени за пребарување…
Од денеска медиумското семејство на интернет просторот во Северна Македонија порасна за уште еден член – рацин.мк, портал за расудување на духот на времето. Порталот Рацин.мк е основан за да го заземе своето место како портал со мисија да понуди информации, длабински анализи и други медиумски формати коишто, во светот преплавен со дезинформации, ќе им обезбедат на читателите содржини на кои ќе им веруваат. Само нашите вредности ги одредуваат темите што се од интерес и што произлегуваат од нашите основачки вредности и уредувачка политика. Во име на тие вредности Рацин.мк ги отвора портите за општествените активисти и интелектуалците за критички дебати…
Деветтемина македонски државјани кои беа затекнати во Турција за време на земјотресот утрово се вратија во земјава. Министерството за надворешни работи информира дека тие се во добра здравствена состојба. Се работи за осум ученици и нивниот наставник ментор кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Турција. Веднаш штом беше идентификувана групата, на лице место во загрозениот регион беше испратен дипломат од амбасадата во Анкара, заедно со дополнително возило, за да асистира во повлекувањето на групата сѐ до упатување кон земјава. По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа…
Утрово по 7.30 часот по бугарско време, е пристигната закана за бомба на електронската адреса на аеродром во Софија. Како што пишува бугарски 24 часа, нема информации дека летовите се прекинати. Полицијата веднаш ги евакуирала сите што чекаат и ги испратила надлежните служби да проверат дали навистина има експлозивна направа. .
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја доби наградата за мир на УНЕСКО во Брегот на Слоновата Коска за нејзината одлука да прифати повеќе од 1,2 милиони мигранти во Германија, и покрај притисокот во земјата и европските партнери. Организаторите истакнаа дека Меркел покажала политичка храброст кога Германија ги пречека бегалците кои побегнаа од конфликтите во Сирија, Ирак, Авганистан и Еритреја помеѓу 2015 и 2016 година. Наградата за мир „Феликс Хуфе Буње“ која денеска и беше доделена на Ангела Меркел, го носи името на првиот претседател на Брегот на Слоновата Коска по независноста од Франција во 1960 година, а наградата беше доделена во Јамусукро,…