Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

0
By Ана Василевска on February 9, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: bbc.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 9, 2023 10:01

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја доби наградата за мир на УНЕСКО во Брегот на Слоновата Коска за нејзината одлука да прифати повеќе од 1,2 милиони мигранти во Германија, и покрај притисокот во земјата и европските партнери.

Организаторите истакнаа дека Меркел покажала политичка храброст кога Германија ги пречека бегалците кои побегнаа од конфликтите во Сирија, Ирак, Авганистан и Еритреја помеѓу 2015 и 2016 година.

Наградата за мир „Феликс Хуфе Буње“ која денеска и беше доделена на Ангела Меркел, го носи името на првиот претседател на Брегот на Слоновата Коска по независноста од Франција во 1960 година, а наградата беше доделена во Јамусукро, главниот град на Брегот на Слоновата Коска и родниот град на Хуфе-Буње.

Претседателот на жирито што ја додели наградата и добитник на Нобеловата награда за мир Денис Муквеге ја пофали Меркел за нејзината одлука да ги „отвори портите на Германија“ во време кога другите земји тоа не го сакаа.

„Му покажавте на јавното мислење и носителите на одлуки дека не мораме да ги браниме не само нашите права, туку и правата на другите во време на криза, дека на секое општество му треба повеќе од кога било да ги почитува и штити човековите права без никаква дискриминација. Ја пофалуваме вашата хуманост, вашиот дух на солидарност и вашето изразено чувство за етика и вашето инспиративно лидерство“, рече Муквеге.

По врачувањето на наградата Меркел зборуваше за актуелната бегалска криза, особено за војната во Украина.

„Мислевме дека времето на војните во Европа помина, но од 24 февруари минатата година, кога се случи жестоката агресија на Русија врз Украина, дојдовме до тажен заклучок дека тоа не е така. Војната ја потресе Европа до нејзините корени“, рече Меркел.

Ангела Меркел мигрантска криза УНЕСКО награда за мир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.