Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, изјави дека земјите од балканскиот регион мора да имаат модели на соработка, истакнувајќи дека проектот „Отворен Балкан“ е многу позитивен. „Ми се допаѓа што беше развиен овде на Балканот, не беше наметнат однадвор. Ние го поддржуваме како и другите проекти за регионална интеграција“, рече Хил за РТС, пренесе Бета. На прашањето кои други предизвици остануваат со поцелосна економска интеграција, тој изјави дека „очигледно има политички предизвици – наследени проблеми и недоверба“. „Би рекол дека овде има многу историско наследство, повеќе од потребно, мора да најдеме начин да го надминеме“, нагласи Хил.
За два дена мета на закани за бомби беа 60 електронски адреси од кои најмногу во основните училишта 33, и во 21 средни училишта, но и во 6 јавни објекти. Како што информираа од МВР денеска околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Закани за поставени бомби попладнево се пристигнати на електронските адреси…
Британскиот премиер Риши Сунак во обраќање во Парламентот на Велика Британија нагласи дека ќе продолжи „да ја поддржува Украина за да обезбеди одлучувачка воена победа на бојното поле оваа година“. „Агресијата на рускиот претседател Владимир Путин на ниту еден начин не може да се протолкува како успешна и затоа ја забрзавме и ја зголемивме нашата воена поддршка за Украина“, рече Сунак. Британскиот крал Чарлс Трети денеска на аудиенција ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во посета на Велика Британија. Даунинг стрит соопшти дека се очекува украинскиот претседател да се сретне со британскиот премиер Риши Сунак. Зеленски,…
Постигнат е договор за влез на Алијансата за Албанците во владината коалиција, согласно кој партијата во идната Влада ќе има три члена и тоа министри за правда и за здравство, додека за третиот место во игра се позицијата вицепремиер задолжен за економски прашања или прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација, дознава МИА од извори во АА. Според извори, пак, од СДСМ, разговорите околу новото парламентарно мнозинство се во тек и не е ништо конечно, но штом има нешто во интерес на јавноста партијата ќе информира официјално. Според изворите во Алијансата за Албанците, партијата ќе добие и заменици…
Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека САД инсистираат да се спроведе сè што е договорено во Бриселскиот договор и изрази уверување дека е реално да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава. „Основното прашање е да се позанимаваме со она што се нарекува Заедница на српски општини, што произлегува од првичниот бриселски договор, изјави Хил за телевизијата К1, нагласувајќи дека тој апсолутно мора да се спроведе за луѓето да имаат доверба во идните договори“, пренесе Бета. Зборувајќи за рокот за формирање на ЗСО, Хил изјави дека „смета дека се зборува за разумни…
Закани за поставени бомби попладнево се пристигнати на електронските адреси на 12 средни училишта, неколку трговски центри, МРТВ и Транспортниот центар. „Денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа“, информира Министерството за внатрешни работи. Веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска телефонски разговарал со шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску. Во фокусот на разговорот биле билатералните односи и соработка меѓу двете држави, пристапниот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ и романската поддршка во тој контекст. „Романија во континуитет дава цврста поддршка на заокружувањето на европската агенда на Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан, како едно од клучните приоритети на својата надворешна политика“, изјавил Османи за време на разговорот, подвлекувајќи ја важноста на што поскоро завршување на тој процес, како најдобра гаранција за растечките закани по европскиот континент. Како што се…
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент утре ќе расправа за извештаите за Србија и Косово, во кои ја повторуваат целосната поддршка за специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги повикуваат Србија и Косово да работат во духот на компромисот да се постигне сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите во согласност со меѓународното право, пренесе Бета. Србија и Косово се повикани целосно да ги имплементираат сите релевантни договори, „вклучувајќи го и формирањето асоцијација/заедница на општини со српско мнозинство“. И двата извештаи ги осудуваат сите дејствија што ја загрозуваат стабилноста и го доведуваат во прашање…
НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Понекогаш луѓето мислат дека нивните проблеми се најголеми. Реков „понекогаш“, не, мислев на „секогаш“. Луѓето мислат дека нивните проблеми се најголеми, бараат излез, бараат скривница. Понекогаш мислат дека животот е селфи, мислат дека е важно да се биде на плажа, да се гледа во зајдисонце, а потоа да се оди во првиот „плажен“ бар и испива Мохито. Го знаете она чувство: го чекате крајот на летниот ден, а во еден од баровите на плажа доаѓаат оние „кул“ момци и девојки кои се враќаат од „сурф“. Неколку минути подоцна, сонцето ќе исчезне во морето, а младите ги оставаат своите…
Двата земјотреса со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри, изјави директорот на сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, проф. Халук Јозгенер. „Преживуваме вистинска природна катастрофа, досега невидена. Во еден ден имаше два земјотреса еден по друг со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала. Земјината маса се помести за цели три метри“, изјави Јозгенер. Според турскиот научник, во 2022 година во Турција се случиле 170 земјотреси со јачина над 4 степени. „По августовскиот земјотрес во 1999 година (во регионот…
Група волонтери досега собрале над два шлепера донации. Тие во текот на денот очекуваат уште толку донации за вечерва или најдоцна утре да тргне првиот дел на хуманитарна помош за Турција. Мнозинството од волонтерите се студенти од Турција кои студираат во земјава, а дел од нив ги изгубиле своите семејства или не добиле никаква вест за нив. „Ова го правиме сосема доброволно, целата собрана помош ќе се испрати во Турција со помош на невладините организации коишто се поврзани со институциите и другите организации од Турција. Во моментов, наполнивме два шлепера, денеска ќе стигнат донациите и од Охрид и од другите градови…
„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“ Оваа порака на Горан Стефановски, која минатата година беше преведена на сите јазици на Европската Унија, ќе биде преведена на уште неколку други јазици, меѓу кои и на виетнамски, корејски, турски, руски и српски. Пораката на Стефановски минатата година беше преведена на јазиците на ЕУ по повод 70 години од неговото раѓање, со проект на Делегацијата на ЕУ во Скопје и во соработка…