Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО) За два дена вкупно 60 закани со бомби, најмногу во училиштата но и во 6 јавни објекти, сите во Скопје

0
By Ана Василевска on February 8, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
ОУ Браќа Миладиновци по евакуација на учениците фото Ангел Ангеловски
ОУ Браќа Миладиновци по евакуација на учениците фото Ангел Ангеловски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 8, 2023 16:57

За два дена мета на закани за бомби беа  60 електронски адреси од кои најмногу во основните училишта 33, и  во 21 средни училишта, но и во 6 јавни објекти.

Како што информираа од МВР денеска околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОУ Браќа Миладиновци по евакуација на учениците фото Ангел Ангеловски
ОУ Браќа Миладиновци по евакуација на учениците фото Ангел Ангеловски

Закани за поставени бомби попладнево се пристигнати на електронските адреси на 12 средни училишта, неколку трговски центри, МРТВ и Транспортниот центар.

„Денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа“, информира Министерството за внатрешни работи.

ОУ Браќа Миладиновци по евакуација на учениците фото Ангел Ангеловски
ОУ Браќа Миладиновци по евакуација на учениците фото Ангел Ангеловски

Последните дојави за бомби во Скопје беа на 3 февруари. Претходно, дојави за поставени бомби беа кон крајот на минатата година кога беа евакуирани 20 училишта од кои 12 во Скопје и 8 во Куманово по новите закани за поставени бомби.

„Ова е хибридна војна“, изјави премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, за лажните пријави за бомби во таа земја во последните месеци. „Речиси е апсолутно невозможно да се открие од каде е бакшишот“, изјави македонскиот премиер на 13 декември, на новинарско прашање што се презема за да се пронајдат напаѓачите.

закани со бомби во училиштата МВР хибридни закани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.