Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Владата не добила најава дека делегација од Бугарија ќе присуствува утре на одбележувањето 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, соопшти премиерот Димитар Ковачевски кој апелираше чествувањето во црквата „Св.Спас“ да биде мирно и достоинствено и дека за тоа е задолжено Министерството за внатрешни работи. „До овој момент од Кабинетот на премиерот на Бугарија јас немам најава за официјална бугарска делегација којашто би положила цвеќе. Исто така, кажа и министерот за внатрешни – секој оној кој е добронамерен, официјална државна институција кои сакаат да се поклонат на гробот на великанот на македонската национална борба тука, во Скопје, на достоинствен…
Романот „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување за 2022 година. Признанието традиционално го доделува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1975 година. Претседателката на жирито , Александра Јуруковска на денешната прес-конференција информираше дека на конкурсот за оваа награда пристигнале осумнаесет дела од исто толку автори. Членови на Комисијата се Милован Стефановски и Весна Дамчевска Илиевска. Како што рече, по внимателното исчитување на книгите и по неколкуте одржани состаноци, Комисијата едногласно ја донесе одлуката наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2022 година да му ја додели на романот…
Гимназиите „Орце Николов“ и „Никола Карев“ се опкружени со полиција по утринските закани со бомби по електронски пат во училиштата. Освен овие, закани имало и во шест други училишта. „Денеска (03.02.2023) околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР. Заканите кои беа континуирани во првото полугодие, стишаа за време на зимскиот распуст.…
Целокупното богатство на британското кралско семејство е тешко да се измери поради непроѕирната природа на неговите финансии. Во 2015 година, анализа на „Ројтерс“ сугерираше дека има номинален имот во вредност од речиси 23 милијарди фунти во тоа време. Кога легендарниот панк бенд „Секс Пистолс“ (Sex Pistols) го објави синглот „Боже чувај ја кралицата“ („God Save the Queen“) во 1977 година, сигурно дека „летаа пердуви“. Химната на анти-естаблишментот која го разнесе „фашистичкиот режим“ на Елизабета Втора, беше забранета од Би-Би-Си, додека таблоидниот печат ги обвини панкерите за предавство, повикувајќи да бидат обесени. Но, Британија денес, е поинакво место отколку што беше…
Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора., велат од Платформата за родова еднаквост на која се потписници 28 Здруженија. „Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење…
Осуммина мигранти кои тргнаа од Тунис се удавиле или починале од глад и студ, 42 се спасени, а двајца се водат како исчезнати откако синоќа спасувачите го пронашле нивниот чамец во близина на италијанскиот остров Лампедуза, јави денеска италијанската агенција Анса. Телата на пет мажи и три жени, од кои едната била бремена, ги пронашле спасувачите од бродот на крајбрежната патрола. Како што соопштија спасувачите и полицијата, сите мигранти биле смрзнати и дехидрирани, а тие рекле дека го напуштиле Сфакс во Тунис минатата сабота, откако со месеци биле затворени во една куќа во градот Махдиџи. Преживеаните мигранти рекле дека на…
Осомничен мафијаш кој поминал 16 години во бегство е уапсен во Сент Етјен во централниот дел на Франција, соопшти Интерпол. Едгардо Греко (63), наводен член на калабриската мафија – Ндрангета – беше уапсен во четвртокот наутро. Тој беше осуден на доживотен затвор за две убиства извршени во јануари 1991 година и обид за убиство во јули 1991 година. Греко беше уапсен од француската полиција со информации обезбедени од италијанските карабинери, споделени меѓу двете партнерски земји благодарение на проектот I-Can (соработка на Интерпол против Ндрангета). Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси изјави дека е многу задоволен од важната заедничка операција.…
Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија, им порача претседателот Александар Вучиќ на парламентарните претставници со кои вчера имаше остар вербален конфликт, додавајќи дека не е среќен поради тоа, но дека Белград веќе ја плаќа цената што не го сторил тоа претходно. „Не сум ентузијаст за тоа, но не знам колку долго ќе издржиме ако не воведеме санкции. Ние ја плаќаме цената што не ги воведовме, но тоа е прашање на политичка посветеност на нашето раководство, рече Вучиќ“, пренесе „Н1 Србија“. Претходно вчера претставници на опозицијата, извикувајќи „Предавство“, „Косово е Србија“ и обвинувајќи го за предавство на Косово,…
Клубот за бугарско-македонско пријателство упати повик во врска со, како што наведуваат, засилените обиди за минирање на односите меѓу двете земји во пресрет на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Клубот за бугарско-македонско пријателство повикува на мирно одбележување на оваа годишнина. Тие бараат владите на Бугарија и Северна Македонија веднаш да го спроведат механизмот за намалување на тензиите и идентификување на манифестациите на омраза, усвоен минатата година меѓу двете министерства за надворешни работи. „Да не се дозволи инцидентите и провокациите да ги оддалечат меѓусебните односи од политички рамки – „Договорот за добрососедство“ и „францускиот предлог“, како и од…
Шест планински врвови повисоки од 3000 метри надморска височина во неколку земји од Јужна Америка од 12 јануари до 1 февруари искачија алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели. Нивната експедиција била насочена кон врвови и вулкани што се наоѓаат на над 3000 метри, а најмногу достигнале до 5700 метри надморска височина (мнв). Во Мексико ги искачиле Круз де Маркес (Cruz de Marques-3937мнв), Пико Дел Агила (Pico del Augila-3880мнв) Невадо де Толука (Nevado de Toluca-4780мнв) и Пико де Орисаба (Pico del Orizaba-5000 мнв). Во Гватемала се искачиле на Ел Акатенанго на 3976 мнв додека се откажале од намерата за искачување во…
По денешните тензии во албанскиот парламент и обвинувањата на опозицијата за негова вмешаност во случајот „Мекгонигал“ реагираше премиерот Еди Рама. „Тотална злоупотреба со слободата на говорот, со вистината, со јавноста, во еден тотален морален, политички, изборен очај, каде што екстремната клевета е насочена кон манипулирање на мислењето со случај што го истражува американската правда, кој е на суд и кој таму нема врска со нас овде“, напиша Рама на Твитер. Додава дека „кој има и малку разум може да разбере која е целта на оваа хистерија предизвикана од нонкрата (Сали Бериша)“. „Кој има два грама памет, разбира што е целта…
„Ова е толку бизарно што не ја исклучувам можноста овој скандал во парламентот да е договорен меѓу Вучиќ и дел од опозицијата, бидејќи и за двајцата медиумските настапи и личниот рејтинг се над угледот и интересите на Србија“, напиша Тадиќ на Твитер. Според него овие сцени во Собранието се голема срамота за Србија и директно се генерирани од обраќањето на Вучиќ.