Гимназиите „Орце Николов“ и „Никола Карев“ се опкружени со полиција по утринските закани со бомби по електронски пат во училиштата. Освен овие, закани имало и во шест други училишта.

„Денеска (03.02.2023) околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Заканите кои беа континуирани во првото полугодие, стишаа за време на зимскиот распуст. Во меѓувреме имаше бројни објаснувања во медиумите од експертите за хибридни напади.