Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Премиерите на земјите кандидати за НАТО Шведска и Финска денеска треба да се сретнат Стокхолм, еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Хелсинки може да добие зелено светло од Анкара, но не и Стокхолм за влез во Алијансата. Финската премиерка Сана Марин е првата шефица на влада што ќе биде примена од нејзиниот шведски колега Улф Кристерсон откако тој ја презеде функцијата минатата есен. На состанокот најверојатно првенствено ќе се разговара за закочениот процес на приклучување на двете нордиски земји во НАТО. Финска и Шведска поднесоа барање за членство во мај 2022 година, но Турција го блокира процесот. Турскиот претседател Ердоган вчера…
Австралија ќе ја замени својата банкнота од пет австралиски долари на која е портрет на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, соопшти денеска Националната банка на земјата. Одлуката уследи по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението. Додаваат дека од другата страна на банкнотата, како и досега, ќе има слика од парламентот. Австралиските власти по смртта на Елизабета Втора соопштија дека ликот на кралот Чарлс Трети нема автоматски да го замени ликот на починатата британска кралица на банкнотата од пет долари и оти може да биде заменет…
Евростат: Инфлацијата во еврозоната во јануари се намалува трет месец по ред, храната и натаму скапа
Инфлацијата во еврозоната се намалува трет месец по ред во јануари, покажуваат прелиминарните податоци на Евростат (Европски статистички податоци) објавени во средата. Инфлацијата во дваесетте земји кои користат единствена валута се предвидува да се намали на 8,5% на годишно ниво во јануари од 9,2% во декември. Првиот пад беше забележан во ноември, иако сè уште беше над прагот од 10%, откако достигна рекордно високо ниво претходниот месец. Енергијата продолжи да биде најголемиот двигател на инфлацијата минатиот месец со годишен пораст од 17,2%, но цените значително се намалија во последните месеци. Ова се припишува на поблагите температури од корисниците во есента…
Во тензична атмосфера денеска продолжи расправата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На почетокот на седницата неколкумина членови на Комисијата се пријавија за процедурална забелешка. Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ побара седницата да биде прекината, да се даде пауза или да се повлече точката од дневниот ред. Таа оцени дека однесувањето на претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, ја оправдува интерпелацијата што пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја поднесоа за неа. Претседателката на Комисијата, Георгиевска не ги прифати предлозите на Пешевска, нагласувајќи оти не гледа ништо спорно во тоа да продолжи расправата, бидејќи ова…
Не сум сигурен дека брзата промена на министри претставува најдоброто решение, меѓутоа дефинитивно се не зависи од Министерството за правда. Многу работи зависат од фактори коишто не се директно поврзани, за жал или за среќа, можеби со Министерството за правда, вели министерот за правда Никола Тупанчески. Прашан за можната владина реконструкција со влез на Алијанса за Албанците во Владата, Тупанчески рече дека апсолутно не постои никаква оптовареност каков ќе биде развојот на настаните и дека дефинитивно се подготвени да одговорат на сите предизвици. „Јас реков дека до последниот ден додека сме во Министерството за правда ќе го дадеме својот максимум.…
Актерите и театарските работници во Грција, организирани од нивните здруженија и федерации од денеска почнаа 48-часовен штрајк во знак на протест против предлог-законот на Владата што се однесува на нивниот сектор, објавија грчките медиуми. Од федерациите сметаат дека со новиот закон платите на актерите нема да се одредуваат од колективните договори, туку од Владата, но и дека се деградираат нивните дипломи и квалификации.
Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамки на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот, на која било потенцирано дека поддршката на САД за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ – клучен сегмент за стабилноста на Балканот.За време на конструктивната средба, како што соопшти владината прес-служба се дискутираше околу одлуките кои Владата на Северна Македонија ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и…
Во Велика Британија денеска е во тек најголемиот штрајк во последната деценија, а околу половина милион луѓе штрајкуваат поради платите, работните места и условите за работа. Во штрајкот се вклучени членови на седум синдикат, а од протестот се погодени училиштата, универзитетите, возовите и автобусите. Илјадници училишта денеска се затворени поради штрајк на Националниот синдикат за образование (НЕУ). Државните службеници, машиновозачите и автобусите и универзитетскиот персонал исто така ја прекинаа работата во најголемиот еднодневен штрајк во последната деценија. Штрајкувачите се собраа пред железничките станици, училиштата, владините министерства и универзитетите низ целата земја, а синдикатите велат дека добиваат силна поддршка од јавноста. Штрајкуваат повеќе од 100.000 членови на синдикатот за…
Германската турнеја на поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, е под се поголем притисок да биде откажана, поради неговиот се поотворен антисемитизам, неговите повици до музичарите да не настапуваат во Израел, и неговата поддршката за рускиот претседател Владимир Путин. Роџерс ги навредувал и музичарите кои настапуваат во Израел, а на мета на поранешниот басист на Пинк Флојд биле Ник Кејв и Том Јорк од групата Radiohead. Вотерс не се плаши искрено да го каже своето мислење, дури и за сериозни теми, пишува веб-страницата Rock Celebrity. Иако тој тврди дека никогаш во животот немал антисемитски мисли, сега се соочува со…
Во Албанија во тек е акција за демонтирање на камери тајно поставени на јавни места од страна на криминални групи за да се следи движењето на полицијата. „Во рамки на акцијата „Криминални нишки“, полицијата во Тирана до сега демонтира и заплени 155 безбедносни камери поставени од криминални групи. Поради тоа, под истрага се 37 лица, кои незаконски ги поставиле камерите. Десетици камери се демонтирани и во Корча, Скадар Поградец. Материјалите се предадени на обвинителствата на правосудните области Корча и Поградец за понатамошни дејствија“, соопшти полицијата. Акцијата за демонтирање на камери продолжува и во другите области на земјата и ќе бидат…
Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. „Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзници. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и претставувањето лажна слика преку документација на обврзниците кои ја даваат пред УЈП“, рече Лукаревска. Таа рече дека за овој проект треба поголем период на тест фаза, за да може даночните обврзници да се навикнат на овој проект. „Паралелно се трудиме да воведеме и е-фискализација. Со…
Руската пропаганда шири лажна приказна во која се тврди дека во Украина, еден од хемиските елементи бил преименуван. Пропагандистите тврдат дека хемискиот елемент „Московиум“, кој бил вклучен во табелата под бр. 115 во 2016 година, бил преименуван во „Украиниум“, пренесува Укринформ. Медиумите во Кремљ, провоените Телеграмски канали и проруските профили на Твитер дистрибуираат фотографии од периодниот систем на хемиски елементи наводно издаден во Украина, каде што еден од елементите се нарекува „Украиниум“. Како доказ, руските пропагандисти наведуваат инстаграм стори на женско лице, за која тие тврдат дека е Украинка, која во неименувана продавница за канцелариски материјали видела периодична табела со хемиски…